Чука — археолошко наоѓалиште во близина на струшкото село Нерези. Претставува црква и некропола од доцниот среден век. Сместен е западно од училиштето, на доста висок рид, кој доминира над околниот простор и има стрмни страни што се спуштаат кон селото. На највисокиот дел се наоѓаат темели од стара црква посветена на Света Петка. Западно од црквата се забележани камени плочи од гробни конструкции.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Нерези; Латинско Дабје - Манастир Св. Никола — црква и некропола од средниот век; Љупчо Брдо — црква од средниот век; Св. Ѓорѓи — црква од средниот век; Св. Спас — некропола од средниот век.

Наводи

Категорија:Нерези (Струшко)