Милино — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле, недалеку од патот Велес - Штип, познат како магистралниот пат А 3.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во западниот дел на областа Овче Поле, на 4 километри западно од општинскиот центар Лозово, 15 километри североисточно од Велес и 28 километри југозападно од Свети Николе.
Историја На крајот на XIX век селото било дел од Штипската Каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 740 Турци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226. Како турско село означено било и од страна на Леонард Шулце Јена и Димитар Гаџанов.
Демографија Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 800 Турци.
На пописот од 2002 година, селото имало 334 жители, од кои 241 Македонец, 33 Албанци, 19 Турци, 1 Влав, 4 Срби, 14 Бошњаци и само 22 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 249 жители, од кои 190 Македонци, 14 Албанци, 15 Турци, 1 Србин, 17 Бошњаци и 12 лица без податоци.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика. ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациОст.Вкупно1948————————1.104195310—1.224—————1.234196155195341——11—134736197111151153——1—12343919812226013——6—15745819912514321—1——7338919942525119—12—4537020022413319—14142233420211901415——11712249
Родови Според истражувањата од 1958 година, родови во селото:
Турски
Доселеници: Ибишалар (1 к.), Еминалар (1 к.), Араплар (1 к.), Домазетлер (2 к.), Мусалар (1 к.), Кадирлар (2 к.), Алитлар (4 к.), Енчелер (2 к.), Чилолар (3 к.), Нурчелер (2 к.), Такишилер (1 к.), Нарчелер (2 к.) и Акчелер (1 к.). Првите три рода најстари доселеници во селото. За кои претпоставуваат дека се доселени во средината на XVIII век. Другите се доселиле подоцна. За родот Араплар се наведува дека бил од Арабија.
Бошњачки
Доселеници: Се доселиле од 1954 до 1958 година. Се доселиле од околината на Пљевља (45 семејства). Од тамошните села Бурковица, Бољаница, Потпреќе, Поблача и Мељак. Од околината на Фоча (15 семејства) поголемиот дел од тамошното село Слатина. Од околината на Препоље (20 семејства). Од околината на Нови Пазар (10 семејства), од тамошното село Нова Пољана, и др. Сепак многумина од нив подоцна се иселиле во Турција.
Албански
Доселеници: Доселени во исто време со Бошњаците. И тоа доселени од околината на Урошевац (15 семејства). Околината на Прешево и Бујановац (40 семејства). Околината на Гнилане (20 семејства). Околината на Призрен (10 семејства). Околината на Ѓаковица (6 семејства). Околината на Куманово (5 семејства). И околината на Косовска Митровица (5 семејства). И дел од нив се иселени во Турција.
Ромски
Доселеници: Доселени се од 1954 година па натака. Од околината на Лесковац (3 семејства), кои зборуваат на албански јазик. Македонски Најголем дел од Македонците се доселени од селата Каврак, Емирица, Дренак и други села во Кратовско и Кривопаланечко.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1711 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 246 гласачи.
Редовни настани Секоја година на ден Велигден, Милино ја слави својата селска слава, на која сите иселеници се враќаат дома за да се видат со своите роднини и пријатели.
Култура и спорт Цркви Црква „Воскресение Христово“ — камен-темелник поставен на 16 ноември 2015 година;Освет на камен темелник за нова црква
Археолошки наоѓалишта Бресје — населба од неолитското време Сува Река — средновековна некропола
Спорт ФК Единство — Мирсад Јонуз ја има започнато својата кариера во овој клуб.
Иселеништво Стари македонски и православни ромски родови иселени од ова село има во селото Судик и во градот Велес. Сепак најголеми се иселувањата на Турците. Од ова село се имаат иселено преку 177 турски семејства. Потомците на иселените Турци од ова село живеат главно во Измир (околу 90 %), а во помал дел во Истанбул и Лилебургас. Има и сосема иселени турски родови, како Чамелет, Иболар, Дестанлар, Алимлар и други.
Поврзано Овче Поле Општина Лозово Свети Николе
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Милино на Карти на Гугл
Категорија:Села во Македонија Категорија:Светиниколски села Категорија:Села во Општина Лозово