Стефан Алабаков, познат како Стефан Хоџата, — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, војвода и деец на Македонската револуционерна организација и Внатрешна македонска револуционерна организација.Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 2
Животопис Алабаков е роден во 1876 година во градот Струга. Влегува во Македонската револуционерна организација и станува организатор на селските комитети на организацијата во Струшко. Извесно време бил комита во четите на војводите Георги Сугарев и Петар Чаулев. При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, од страна на Организацијата бил назначен за војвода во Кичевско. По Втората балканска војна војна, во 1913 година, учествувал во Охридско-Дебарското востание против новите српски власти, а во 1915 година и во Валандовската акција. По Првата светска војна во 1925 година, назначен е за раководител на струшката околија на ВМРО,Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 5. и за војвода на чета во Струшко. со чета од 20 души.Македония История и политическа съдба, Том II, 1912 - 1941 г.“, Колектив, Издателство „Знание“ ООД, София, 1998 г., стр. 169 Во пролетта 1925 година преминува во Вардарска Македонија заедно со Силко Цветков, Александар Протоѓеров и Мишо Шкартов, но не успеваат да преминат реката Вардар и се враќаат во Бугарија Спомени на Георги Попхристов.
Наводи
Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Македонски војводи