Црвена Нива — село во Општина Кочани, во околината на градот Кочани.
Географија и местоположба мини|лево|250п|Поглед на селото
Историја Во XIX век Црвена Нива било дел од Кочанската Каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Црвена Нива живееле 60 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 226. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Црвена Нива имало 64 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 132-133.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.
Селото е иселено и според пописот од 2002 година во селото нема жители.http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Родови
Црвена Нива било македонско село.
Родови во селото биле: Николовци (1 к.) и Стојановци (2 к.) биле основачи на селото Црвена Нива, првите дошле од селото Долно Градче, а вторите од селото Пашаџиково. Во родот Николовци се знаело следното родословие: Трајан (жив на 63 г. крајот на 50-тите) Велко-Никола-Ганчо, предокот кој се доселил; Ѓоргевци (3 к.) доселени биле од селото Јастребник; Дојчиновци (3 к.) биле најмлад род во селото, доселени биле исто така од селото Јастребник.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 869 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Лешки. Во избирачкото место се опфатени населените места: Црвена Нива, Пашаџиково, Лешки.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 18 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кочански села Категорија:Села во Општина Кочани
Категорија:Раселени села во Македонија