Жиганци — село во Општина Чешиново-Облешево, во областа Кочанско Поле, во околината на градот Кочани.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на крајниот југозападен дел од Кочанското Поле, во западниот дел на територијата на Општина Чешиново-Облешево, од левата страна на Злетовска Река. Атарот на селото се допира со подрачјето на општините Пробиштип и Карбинци. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 320 метри. Од градот Кочани, селото е оддалечено 20 километри, додека од патот Кочани-Штип околу пет километри.

Низ селото поминува регионалниот пат 2342 на кој се наоѓа Жигански мост преку Злетовска Река, поврзувајќи го селото со регионалниот пат 1205. Во непосредна близина се наоѓа и клучката Крупиште на новиот експресен пат Штип-Кочани (А3).

Историја

Во атарот на селото постоел живот уште од неолитското и доцноантичкото време, за што говорат наоѓалиштата Богатиница и Долчиница.

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 7,2 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 577,6 хектари, на пасиштата отпаѓаат 60,4 хектари, додека на шумите само 4,6 хектари.

Селото, во основа, има полјоделска функција.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Жиганци живееле 156 жители, од кои 150 Македонци и 6 Роми.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Жиганци имало 224 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 90 Власи.Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р. 132-133.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.

Селото било средно по големина во 1961 година кога броело 579 жители, а во 1994 година 378 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, селото имало 362 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 227 жители, од кои 214 Македонци и 13 лица без податоци.

Општествени установи

мини|300п|десно|Поглед на основното училиште

Подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“, петгодишно основно училиште во мирување во состав на ОУ „Страшо Пинџур“ - Соколарци

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Жиганци било село во Кочанската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Чешиново-Облешево, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Чешиново.

Во периодот 1962-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кочани. Во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Облешево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Чешиново, во која покрај селото Жиганци, се наоѓале и селата Врбица, Лепопелци, Ново Селани, Соколарци и Чешиново. Селото повторно било дел од некогашната Општина Чешиново во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Врбица, Жиганци, Лепопелци, Соколарци и Чешиново.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0877 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 229 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 240 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Во оризовите полиња крај Злетовска Река, во селото Жиганци се наоѓаат остатоци од една крстообразна црква, која е датира од XIV век. Остатоците од црковната градба не се проучени, но таа лежи на еден постар објект. Во долните делови на црквата, вградени е мермерни меноа од некој постар објект.

Археолошки наоѓалишта Богатиница — населба од неолитско и доцноантичко време; Долчиница — населба и некропола од доцноантичко време; Базилика — ранохристијанска базилика; Црква — средновековна црква;Епископијата на Брегалница : прв словенски црковен и културно-просветен центар во Македонија -Блага Алексова

Култура и спорт

ФК Злетовица

Галерија

Поврзано Општина Чешиново-Облешево Кочанска Котлина

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кочански села Категорија:Села во Општина Чешиново-Облешево