Чифлик — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Пијанец, во средишниот дел на територијата на Општина Делчево, јужно од градот Делчево, на само неколку километри. Селото е ридско, на надморска височина од 640 метри.
Атарот зафаќа простор од 7,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 572 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 129 хектари, а на пасиштата 63 хектари.
Историја
Во век, Чифлик било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.
Население
Селото е мало и е населено со македонско население. Така, во 1961 година броело 218 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 68 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото Чифлик живееле 51 жител, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 31 жител, од кои 23 Македонци и 8 лица без податоци.
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Делчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Делчево.
Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Делчево, во која влегувале градот Делчево и селата Очипала, Полето, Чифлик и Шопје.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Делчевска градска општина, во која покрај селото Чифлик се наоѓале градот Делчево и селата Бигла, Ветрен, Габрово, Град, Ѕвегор, Очипала, Полето, Стамер, Турија и Шопје.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на општината Делчево.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0596 според Државната изборна комисија.
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 56 гласачи.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 49 гласачи.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Делчевски села Категорија:Села во Општина Делчево