Анска Река (по горното течение позната како Коџа Дере, Башибоска Река или Чамдашка Река) — лева притока на реката Вардар во јужнот дел на Македонија.Александар Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје, 2002

Во изворишниот дел реката има планински, а во долниот дел рамничарски карактер.Миловој Гашевски, Основни хидрографски особености на главните притоки на Вардар во СР Македонија, „Географски разгледи“, кн. 17, Скопје, 1979

Тек

Тече низ Валандовско Поле во правецот исток-запад, во должина од 22 километри. Изворните краци се на југозападните падини на Беласица, близу македонско-грчката граница, а утоката ѝ се наоѓа северозападно од селото Марвинци, близу до патот Скопје-Гевгелија, при што поминува низ Валандовското Поле.

Во сливот на оваа река (166 км2) растат смокви, калинки и црници (за одгледување свилена буба).

Галерија

Поврзано Валандовско Поле Беласица

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Реки во Македонија Категорија:Притоки на Вардар Категорија:Беласица