мини|400п|Фолклорните инструменти по број: 1.Ќемане; 2.Гајда; 3.Двојанка; Дудук (мал и голем); 4.Кавали; 5.Дајре; 6.Тамбура; 7.Зурла (мала и голема); 8.Тарабука; 9.Тапан. Македонски народни инструменти — музички инструменти што се користат на територијата на Република Македонија и во македонскиот регион каде што живеат Македонците, најчесто за фолклорни дела.
Челно се делат во две групи: Традиционални македонски инструменти Ориентални македонски инструменти
Традиционални и ориентални Гајдата, кавалот, шупелката, дудукот, зурлата, двојанката, разните видови на тамбури, тапанот и дајрето се сметаат за традиционални инструменти. Со мали варијации, грнетата, ќемането, удот, лејтата, канонот, тарабуката или дајрето се сметаат за ориентални инструменти и обично се составен дел од ансамблите во ориентален стил наречени чалгии.
Традиционалните инструменти се употребуваат во различни комбинации: Зурлата и тапанот можат да се слушнат на свадби и други слави каде се свири народна музика. Гајдата е фундаментален составен дел од македонската музичка култура, особено по селата. Обично се свири со пар кавали, тамбура и некои ударни инструменти (тапанче/дајре/тарабука). Тарабуката исто така се смета за традиционален инструмент, иако истата била донесена во Македонија во XV и XVI век век од Турците.
Класификација на македонските фолклорни инструменти
Дувачки Двојанка Дудук Гајда (македонска) Зурла (македонска) Кавал Шупелка
Ударни Дајре (македонско) Тапан Тарабука (македонска)
Жичени Ќемане (македонско) Тамбура (македонска) Уд (македонски)
Наводи
Инструменти Инструменти