thumb|Пристаниште Дортмунд

Изградбата на пристаништето Дортмунд кој завршува на каналот Дортмунд-Емс, поврзувајќи го Дортмунд со Северното Море започнала во 1895. Бил отворен во 1899 од царот Вилхелм. На почетокот на 20-пт век главно бил користен за увоз и извоз на пченица, јаглен и железо. Пристаништето било проширено во 1920-тите и 1930-тите со додавање нови докови, како и административната инфраструктура (Dortmunder Hafenamt). Денес, пристаништето Дортмунд е најголемото канализирано европско пристаниште со 10 докови и должина од 11 километри.

Освојување на неговата најголема важност по Втората светска војна, во 1972 6,2 милиони тони на добра биле транспортирани низ пристаништетот. Но, дури и завршувањето на контејнерското пристаниште во 1987 година не можело да го спречи опаѓањето на пристаништето, како последица на индустријата на јаглен и челик во Дортмунд

thumb|upright|Знаменитата стара пристанишна управа (Altes Hafenamt)

thumb|none|Контејнерско пристаниште

2,96 тони товар биле испратени од пристаништето во Дортмунд во 2007, зголемување за 7,1 процент од претходната година.

+Испратена стока(2006)Добра тони Градежни материјали 934.000 Минерали 647.000 Контејнер 523.000 Железо и челични производи 334.000 Отпад и рециклирање 216.000 Јаглен и кокс 272.000 Други 34.000

Во процесот на обновата на индустријата во областа Рур и во Дортмунд, локалните политичари бараат нови начини за користење на старото пристаниште. Планирани се проекти за изградба на марина и висококвалитетна зона за рекреација и живеење блиску до водата.

Во 2005 г. е започнато првото разонодно подрачје.

Поврзано Пристаниште Дисбург

Наводи

Категорија:Дортмунд Категорија:Пристаништа во Германија