Иван Тричковски (роден 18 април 1987) — македонски фудбалер, напаѓач на АЕЛ Лимасол и на македонската репрезентација.
Бил прогласен за најдобар фудбалер во македонското првенство за 2007 година и најдобар македонски фудбалер во странство за 2011 година, додека настапувал за кипарскиот клуб АПОЕЛ. Тој е активен репрезентативец на Македонија и моментално се наоѓа на осмотто место по бројот на настапи за репрезентацијата со 67 одиграни натпревари.
Тричковски ја претставувал Македонија во младите репрезентации под 17, под 19 и под 21 година. Дебитирал за сениорската репрезентација во 2010 година, во натпревар против Азербејџан, во кој исто така го постигнал и својот прв гол во црвено-жолтиот дрес. Со македонската репрезентација, учествувал на Европското првенство 2020.
Клупска кариера Почетоци и Вардар Своојата кариера како професионален фудбалер ја започнал во 2004 година, кога дебитирал за екипата на Вардар во Првата македонска фудбалска лига. Својот прв гол во првенството го постигнал на 9 април 2005, во поразот со 2-1 од Беласица во Струмица. Следната сезона, во своето деби во европските натпреварувања, Тричковски го постигнал својот прв гол во ремито 1-1 против албанскиот Елбасан во квалификациите за Купот на УЕФА. Тој поминал две ипол сезони со црвено-црните забележувајќи 6 лигашки погодоци.
Работнички, Црвена Ѕвезда и Еносис Паралимни Во јануари 2006, Тричковски преминал во екипата на Работнички, каде играл година дена пред во јануари 2008 година да потпише за Црвена Ѕвезда. Дебитирал за црвено-белите на 1 март 2008 година, во победата со 4-1 на домашен терен над лутиот соперник Партизан, влегувајќи како замена во завршницата од натпреварот. Следната сезона го забележил својот прв погодок во дресот на Црвена Ѕвезда во гостинската победа со 1-2 над Напредак. Во следните натпревари, тој забележал уште два гола, но во вториот дел од сезоната паднал во заден план и откако неговата кариера во клубот не се развила како што посакувал заминал во Кипар: таму најпрво играл на позајмица за екипата на Еносис Неон Паралимни, каде во сезоната 2009-2010 постигнал 8 гола на 29 натпревари, а потоа во мај 2010 потпишал тригодишен договор со АПОЕЛ од Никозија во трансфер вреден вреден 300.000 евра.Macedonian Football .com - Makedonski Fudbal .com - Ivan Trickovski presented at APOEL
АПОЕЛ Дебитирал за новиот клуб во квалификациите за Лига Европа против литавнскиот Таурас, а во реваншот против истиот противник го постигнал и својот прв погодок за АПОЕЛ. Во сезоната 2010-2011, Тричковски постигнал 11 гола и како најдобар стрелец на клубот (изедначен со Естебан Солари) бил еден од најзаслужните за триумфот на АПОЕЛ во кипарското првенство.
thumb|left|Иван Тричковски, играјќи за АПОЕЛ во 2011. Следната сезона со клубот го освоил Суперкупот на Кипар совладувајќи ја Омонија со 1-0, и бил важна алка во незаборавната "бајка" на АПОЕЛ во Лигата на шампионите каде клубот стигнал до четвртфиналето, а на патот до таму македонскиот напаѓач постигнал еден гол во натпреварот од групната фаза против Шахтар Донецк што завршил нерешено 1-1. Тричковски, исто така, играл и во реванш осминафиналниот натпревар против Олимпик Лион и бил еден од прецизните изведувачи на удар од 11 метри за својот клуб помагајќи АПОЕЛ да ги елиминира французите по изведување на пенали, откако по двата натпревари и продолженијата вкупниот резултат бил изедначен 1-1.Lyon stunned as APOEL fairy tale continues; UEFA.com, 7 March 2012
Клуб Бриж и Васланд-Беверен Во 2012 година, Тричковски потпишал за белгискиот Клуб Бриж за сума од 1.2 милиони евра. Сепак, во текот на целата сезона со Бриж тој се мачел да се избори за минути на теренот, играјќи многу малку во првиот дел од сезоната. Својот прв гол го постигнал на 8 ноември 2012, во натпреварот против во Лига Европа што завршил 2-2, додека првиот гол во белгиското првенство го постигнал на 9 февруари 2013, во победата со 3-1 над Ауд-Хеверле Левен.
Сезоната ја завршил со 23 настапи и 2 гола, по што во јули 2013 бил позајмен на Васланд-Беверен, каде одиграл 35 натпревари постигнал 6 гола.
Ал Наср и Легија Во јули 2014 година, Тричковски го напуштил европскиот континент и се преселил во Ал Наср, клуб од Обединетите Арапски Емирати. Тој постигнал гол уште на своето деби за Ал Наср во првенството, и тоа само 18 минути по неговото влегување во игра од клупата за резерви во победата со 3-0 против екипата на Шарџа. Со клубот ги освоил и двата домашни купови во ОАЕ за сезоната 2014-2015: Купот на Претседателот и Лига купот. Сепак, откако во вториот дел од сезоната го загубил првотимскиот статус, одлучил да го напуштил клубот.
На 17 август 2015, напаѓачот потпишал за полската екипа Легија Варшава. Слично како и во претходниот клуб, Тричковски постигнал гол на своето деби и за Легија во ремито 2-2 против Заглебје Лубин. И покрај тоа што бил стандарден во натпреварите од УЕФА Лига Европа, тој сепак не успеал да се избори за поголема минутажа во првенствените натпревари и си заминал од полската екипа после само три месеци.
АЕК Ларнака На 25 јануари 2016, Тричковски се вратил во првенството на Кипар после повеќе од три години по неговиот последен престој во оваа земја, потпишувајќи договор со екипата на АЕК Ларнака. Во сезоната 2017-2018, со АЕК го освоил Купот на Кипар постигнувајќи 3 гола на патот на клубот до титулата. Следната сезона, Тричковски бил избран за најдобар фудбалер во кипарското првенство во изборот на тренерите.
Пред почетокот на сезоната 2019-2020, тој бил назначен за капитен на АЕК Ларнака, по пензионирањето на шпанецот Давид Катала. Тоа како додатно да го мотивирало Тричковски, кој ја завршил сезоната како најдобар стрелец во кипарското првенство со 20 постигнати голови, што претставува и негов личен рекорд за најмногу постигнати голови во една фудбалска сезона.
Во октомври 2021 година, Тричковски го продолжил договорот со својот клуб до 2024 година.
Репрезентативна кариера thumb|right|Тричковски (десно) заедно со соиграчот Стефан Ристовски, играјќи за на ЕП 2020. Тричковски ја претставувал Македонија во селекциите под под 17, под 19, под 21 година и сениорската репрезентација.
За репрезентацијата под 17 години, Тричковски постигнал два гола во три настапи: против Италија на 21 септември 2003 година, и Луксембург на 25 септември 2003, двата важечки за квалификациите за Европското првенство под 17 години.
Потоа тој играл и во репрезентацијата под 19 години, за која забележал 6 настапи и постигнал 3 гола против репрезентациите на Азербејџан, Ерменија и Франција. Исто така, играл и во квалифкациите за Европското првенство под 19 години 2006.
За репрезентацијата под 21 година, настапувал во периодот 2006-2008.Football : Ivan Trickovski - Footballdatabase.com Одиграл 9 натпревари, а единствениот гол го постигнал против Швајцарија во победата со 2-1 во квалифкациите за Европското првенство под 21 година 2009. Уште додека бил дел од репрезентацијата под 21 година, тој го добил првиот повик во сениорската репрезентација од селекторот Среќко Катанец, за пријателски натпревар против во февруари 2008, но бил принуден да го откаже настапот поради повреда.
За сениорската репрезентација дебитирал на 29 мај 2010, во пријателски натпревар против одигран во Бишофсхофен; Македонија победила со 3-1 во тој натпревар, а првиот гол за црвено-жолтите во 8-мата минута го постигнал Тричковски. Откако погодувал само на пријателски натпревари, на 26 март 2011, Тричковски го постигнал својот прв гол за Македонија во квалификациски натпревар против во поразот со 2-1 во Даблин.Irlanda, Trapattoni supera la Macedonia На 6 септември 2018, Тричковски ја затресол мрежата на во новоформираното натпреварување УЕФА Лигата на нации.
Во јуни 2021, Тричковски бил повикан од селекторот Игор Ангеловски да ја претставува Македонија на Европското првенство 2020. Тој играл на сите три натпревари од групната фаза, во која црвено-жолтите и го завршиле својот настап на турнирот. Веднаш по завршувањето на Европското првенство, Тричковски се простил од репрезентативниот дрес во кој забележал 67 настапи и 7 голови.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 21 јуни 2021.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2004-2005 ПМЛ 10 3 КМ ? ? - - - - - - 10+ 3+ 2005-2006 ПМЛ 15 2 КМ ? ? КУ 4Во квалификациските кола. 1 - - - 19+ 3+ 2006-јан. 2007 ПМЛ 7 1 КМ ? ? КУ 2 0 - - - 9+ 1+Вкупно Вардар 32 6 ? ? 6 1 - - 38+ 7+ јан.-јун. 2007 ПМЛ 10 5 КМ ? ? - - - - - - 10+ 5+ 2007-јан. 2008 ПМЛ 16 9 КМ ? ? КУ 64 настапи во квалификациските кола. 0 - - - 16+ 9+Вкупно Работнички 26 14 ? ? 6 0 - - 32+ 14+ јан.-јун. 2008 Црвена Ѕвезда СЛС 11 0 КС ? ? - - - - - - 11+ 0+ 2008-2009 СЛС 14 3 КС ? ? КУ 2 0 - - - 16+ 3+Вкупно Црвена Ѕвезда 25 3 ? ? 2 0 - - 27+ 3+ 2009-2010 Еносис Паралимни 1ДК 25+4Плејоф. 7+1 КК ? ? - - - - - - 29+ 8+ 2010-2011 АПОЕЛ 1ДК 22+5 8+3 КК ? ? ЛЕ 5 1 - - - 32+ 12+ 2011-2012 1ДК 20+4 5+1 КК ? ? ЛШ 13 1 - - - 37+ 7+Вкупно АПОЕЛ 42+9 13+4 ? ? 18 2 - - 69+ 19+ 2012-2013 ПЛ 13+6 1 КБ 1 0 ЛШ+ЛЕ 0+3 1 - - - 23 2 2013-2014 Васланд-Беверен ПЛ 28+5 2+3 КБ 2 1 - - - - - - 35 6 2014-2015 Ал Наср ПЛ 12 3 КПО+ЛКО 7+0 3 - - - - - - 19 6 2015-јан. 2016 Легија Варшава ЕК 11 1 КП 0 0 ЛЕ 6 0 - - - 17 1 јан.-јун. 2016 АЕК Ларнака 1ДК 6+8 3+4 КК 4 1 ЛЕ - - - - - 18 8 2016-2017 1ДК 23+3 14 КК 4 4 ЛЕ 8 6 - - - 38 24 2017-2018 1ДК 20+8 8+3 КК 6 4 ЛЕ 7 1 - - - 41 16 2018-2019 1ДК 18+5 11+4 КК 3 1 ЛЕ 126 настапи во квалификациските кола. 86 гола во квалификациските кола. СК 1 0 39 24 2019-2020 1ДК 18+1 20 КК 2 0 ЛЕ 6 5 - - - 27 25 2020-2021 1ДК 20+2 10+2 КК 1 0 - - - - - - 23 12Вкупно АЕК Ларнака 105+27 66+13 20 10 33 20 1 0 186 109Вкупно во кариерата 370 137 30+ 14+ 74 24 1 0 475+ 175+
Титули
Клупски АПОЕЛ Кипарско првенство : 1 2010–2011 Суперкуп на Кипар : 1 2011
Ал Наср ОАЕ Куп на Претседателот : 1 2014–2015 Лига куп : 1 2014–2015
Легија Варшава Екстракласа : 1 2015–2016
АЕК Ларнака Куп на Кипар : 1 2017–2018
Поединечни Фудбалер на годината во Македонското првенство : 1 2007 Македонски фудбалер на годината : 1 2011 Фудбалер на годината во Кипарското првенство: 1 (во избор на тренерите) 2018-2019 Најдобар стрелец во Кипарското првенство: 1 2019-2020 (20 гола)
Наводи
Надворешни врски
Иван Тричковски на soccerway Иван Тричковски на transfermarkt
Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери од Скопје Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Работнички (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Фудбалери на ФК АПОЕЛ Категорија:Фудбалери на ФК Клуб Бриж Категорија:Родени во 1987 година