Синдромот на стекнат имунолошки дефицит или познат по француската кратенка сида — болест која претставува последен стадиум на ХИВ-вирусот кој се одликува со прогресивно слабеење на имунолошкиот систем со што пациентите се подложени на голем број инфекции и тумори.Acquired Immunodeficiency Syndrome (AIDS), MedicineNet.com Сидата е акроним на францускиот назив за „синдром на стекнат имунолошки дефицит“ (француски: Syndrome d'immunodéficience acquise), а AIDS потекнува од англискиот назив за „стекнатимунодефицитарен синдром“ (англиски: Acquired Immunodeficiency Syndrome).Šta je AIDS / sida , AIDS resurs

Постои разлика помеѓу поимите — ХИВ-позитивно лице и лице болно од СИДА. Тоа се две поврзани но различни работи кои често погрешно се поистоветуваат.Difference Between AIDS and HIV, DifferenceBetween.net Хив-позитивното лице е заразено од ХИВ-вирусот што не значи дека има СИДА. До појавата на болеста може да помине период од две до десет години. ХИВ-позитивно лице може да изгледа потполно здраво, способна за физичка работа или било која друга активност.

Вирусот најчесто се пренесува преку полов однос, а има случаи каде што е пренесен преку доаѓање во контакт со заразена крв, преку заразена мајка во текот на бременоста (каде што вирусот се пренесува на детето), преку доење на дете од страна на заразена мајка, пораѓање итн. Вирусот не може да биде пренесен преку секојдневните социјални контакти, ниту преку животни. Со цел за превенција, во многу земји ширум светот се спроведуваат различни активности во едукацијата на луѓето за начинот на пренесување на вирусот и мерките кои се преземаат за да не би дошло до инфекција.ХИВ - СИДА , Канцер Засега не постои лек или вакцина кои загарантирано можат да го излечат вирусот.Одобрен лек против сида!, Zazabava.com Сепак, антиретровиралните лекови можат да го продолжат периодот на траење на инфекцијата пред нејзиното мутирање во фаза на сида.СЗО: Постарите лица изложени на сè поголем ризик од заразување со ХИВ вирусот , Алфа, 4 март 2009

Според податоците во програмата на Обединетите нации (ООН) и Светската здравствена организација (СЗО) за ХИВ-вирусот и сидата, од појавата на оваа болест, заклучно со 2008 година, во светот вкупно биле заразени околу 60 милиони луѓе, а од сида умреле околу 25 милиони луѓе. До крајот на 2008 година од ХИВ биле заразени околу 31,3 милиони возрасни и околу 2,1 милион деца.AIDS epidemic update, декември 2007

Историја thumb|Лик Монтање на пресконференција во 2008 година Група научници предводена од Мајкл Воробиев, професор по екологија и еволуциона биологија во Универзитетот во Аризона, спровела истражување во која докажале дека првиот облик на ХИВ-вирусот се појавил во Африка во периодот помеѓу 1884 и 1924.Worobey M, Gemmel M, Teuwen DE, et al. 2008. Direct evidence of extensive diversity of HIV-1 in Kinshasa by 1960. Nature 455 (7213): 661-664. doi:10.1038/nature07390. PMID 18833279. Анализирајки го изметот од шимпанзо докажале дека вирусот од нив е пренесен на човекот во југоисточниот дел на Камерун, околу 1908 година. Origin of AIDS virus traced to 100 years ago, study finds Теоријата дека вирусот е пренесен од шимпанзо на човек е докажана и во универзитетите во Нотингам, Монпелје и Алабама. Вирусот се ширел помеѓу локалното население, а достигнал поголеми размери кога стигнал до Кинсаша (Демократска Република Конго). Од овој град потекнуваат двата најстари примероци на ХИВ, едниот пронајден во крвната плазма на маж во 1959 година, а другиот во лимфните јазли на жена во 1960 година.Origin of HIV in Africa , About.com

Кон половината на 1981 година, смртта како последица на опортунистичките инфекции (инфекции поврзани со тешка имунодефициенција) кои предтоа најчесто се јавувале кај пациенти во постоперативен период по пресадување, почнала да се јавува кај здрави мажи — хомосексуалци во Лос Анџелес, Сан Франциско и Њујорк.Gottlieb MS (2006). Pneumocystis pneumonia-Los Angeles. 1981}. Am J Public Health '96 (6): 980–1 На 24 септември 1982 година е поставена првата медицинска дефиниција за синдромот на недостаток на имунитет од страна на центарот за контрола на болести.The evolving definition of AIDS, Robert Root-Bernstein Французинот Лик Монтање, научник во Пастеровиот институт во Париз, во 1983 година пронашол друг тип на вирус со различен тип на репродукција кој се размножувал во лимфните јазли на човекот и го нарекол LAV (ЛАВ; англ. lymphadenopathy-associated virus ), бидејќи вирусот е поврзан со лимфниот систем.Isolation of a T-lymphotropic retrovirus from a patient at risk for acquired immune deficiency syndrome (AIDS). За своето откритие Монтање во 2008 година добил Нобелова награда за медицина.Nobel prize for viral discoveries, BBC, 6 октомври 2008 Две групи на научници во Америка, предводени од Роберт Гало од националниот институт за рак во Мериленд и Џеј Леви од институтот во Сан Франциско, во 1984 година откриле ретровирус кај заболените од сида и луѓето со кои имале непосреден контакт но немале симптоми. Гало го нарекол HTLV-III (англиски: human T lymphotropic virus type III)Detection, isolation, and continuous production of cytopathic retroviruses (HTLV-III) from patients with AIDS and pre-AIDS. бидејќи открил врска меѓу CD4+ Т-клетките и вирусот, а пак Леви го нарекол ARV (анг. associated retrovirus).Isolation of lymphocytopathic retroviruses from San Francisco patients with AIDS Сите тројца научници всушност го откриле истиот вирус, кој во 1986 година е наречен вирус на човечка имунодефицијенција.What to call the AIDS virus?

Општи особини на вирусот thumb|Структура на ХИВ-вирусот|200px

Вирусот на човечка имунодефицијенција (ХИВ) припаѓа на семејството на ретровируси. Неговите димензии изнесуваат 100-140 nm. Целата клетка има двослојна липобелковинска ципа под која е сместено нуклеобелковинското јадро. Во него се наоѓа рибонуклеинска киселина и различни ензими. Во геномот на вирусот се сместени три структурни генa потребни за неговото размножување и седум гени кои го регулираат целиот тој процес. Околу геномот и ензимите на јадрото се наоѓа белковинска обвивка наречена „белковина 24“ (p24). На површината на вирусните клетки се наоѓа липобелковинска обвивка, која настанува од обвивката на примарната клетка (клетката која е прва зафатена од вирусот) во која вирусот се размножува, додека другиот дел од обвивката потекнува од самиот вирус кој го сочинуваат гликобелковински молекули 41 (gp41) и 120 (gp120). ХИВ е релативно осетлив при што на температура од 56 °C би се деактивирал за 30 минути, но е отпорен на ниски температури (до -70 °C), ултравиолетови и гама-зраци. Вирусот е отпорен на високи и ниски водородни pH-вредности (вредности под 3 и над 10). Постојат два типа на вирусот. ХИВ-1 и ХИВ-2. И двата водат потекло од вирусот мајмунска имунодефицијенција (англиски: Simian Immunodeficiency Virus).

Начини на пренесување ХИВ-вирусот може да се пренесе на повеќе начини: преку секс без користење заштита, од заразена бремена мајка се пренесува на детето (вертикална трансмисија), при контакт со заразена крв на дел од вашето тело кој е оштетен итн. Вирусот е присутен во сите телесни течности, но за да се пренесе потребна е поголема количина која е присутна во крвта, вагиналниот секрет, спермата и во мајчинското млеко. ХИВ-вирусот исто така во поголеми количини е сконцентриран во ’рбетномозочните течности (Ликвор) и во ушната маст (Церумен), но преку нив не е возмоожно да се пренесе вирусот поради непостоечкиот начин на трансмисија од едно лице на друго.HIV and Its Transmission, Centers for Desease Control and Prevention Според извештајот на Обединетите нации (ООН) за 2008 година, приближно 2/3 од новите заразени случаи, се заразени преку хетеросексуални односи, околу 11% е пренесен од мајка на дете, околу 10% вирусот е пренесен преку користење на иста игла од страна на корисници на дрога, 5–10% од заразените пациенти се хомосексуалци а остатокот при различни медицински процедури (трансфузија на крв и сл.).Worldwide HIV & AIDS Statistics Commentary , AVERT ХИВ не може да се пренесе преку ракување, прегрнување, бакнување и други вообичаени социјални контакти, конзумирање храна приготвена од заразено лице и сл. Животните и инсектите (на пр. комарец) не можат да бидат заразени ниту пак да го пренесат ХИВ-вирусот бидејќи само во крвта на човекот се наоѓаат лимфоцити со CD4 (англ. cluster of differentiation) молекули за кои вирусот се врзува.

Епидемиолошки податоци На глобално ниво, ширењето на вирусот зазема облик на епидемија.The first postmodern pandemic: 25 years of HIV/ AIDS, L. O. Kallings, 17 јануари 2008 Од приближно 33,4 милиони кои биле ХИВ-позитивни или имале сида кон крајот на 2008 година во подсахарска Африка живееле 22,4 милиони (67%) иако населението во тој регион е само 10% од вкупната светска популација.Worldwide HIV & AIDS Statistics , AVERT Од појавата на епидемијата, над 83% од смртните случеви се регистрирани во Африка. Во најзаразените области во подсахарска Африка, во урбаните средини, секој четврти жител е ХИВ-позитивен, а 70% од новозаразените, на годишно ниво, потекнуваат токму од ова подрачје.http://data.unaids.org/pub/EPISlides/2007/2007_epiupdate_en.pdf Вирусот е присутен и во останатите делови од светот, иако многу помалку во споредба со Африка. Во текот на 2008 година, на глобално ниво се забележани 2,7 милиони новоинфецирани (од кои 430.000 се деца) и околу 2 милиони смртни случаи (од кои 280 000 се деца).http://data.unaids.org/pub/Report/2009/JC1700_Epi_Update_2009_en.pdf

Заклучно со ноември 2013 година, во Македонија живееле 95 лица, заразени со вирусот ХИВ или болни од СИДА. Притоа, во текот на 2013 година биле забележани 25 нови случаи на заразени лица со вирусот ХИВ, во 2012 година биле регистрирани 24 новозаболени, додека претходно, тој број се движел од 8 до 9 случаи, годишно.„Нови 25 заразени случаи од ХИВ/СИДА“, Дневник, год. XVII, бр. 5316, петок, 15 ноември 2013, стр. 7. Во 2013 година имало 27 заразени со ХИВ во Македонија, а во првите седум месеци на 2014 биле регистрирани нови 26 случаи, од кои дури 25 биле од машки пол. Од нив, 18 лица се инфицирале со полов контакт машко со машко. Во Скопје биле забележани 16 заразени. Во однос на старосната структура, 12 заразени лица биле на возраст од 20–29 години, додека 10 лица биле на возраст од 30–39 години. Во 2014 година умреле 2 лица од СИДА. Од 1987 година, кога бил регистриран првиот случај, во Македонија биле забележани вкупно 223 случаи на ХИВ/СИДА. Од нив, најмалиот болен имал само 1 година а најстариот имал 64 години. Притоа, од вкупно 223 регистрирани лица кои биле носители на вирусот ХИВ, 154 биле болни од СИДА, 74 умреле, а другите биле само носители на вирусот.„Нови 26 заразени со ХИВ за 7 месеци, а лани 27 за цела година“, Дневник, година XVIII, број 5536, петок, 8 август 2014, стр. 5.

thumb|Распространетост на ХИВ-вирусот и сидата во светот во 2008 година|400px +Статискита по региони на глобално ниво кон крајот на 2008 година. Регион заразени и болни нови случаи на заразени распространетост помеѓу возрасните* смртни случаиПодсахарска Африка 22.400.000 1.900.000 5,2% 1.400.000Северна Африка и Среден Исток 310.000 35.000 0,2% 20.000Јужна и југоисточна Азија 3.800.000 280.000 0,3% 270.000Источна Азија 850.000 75.000 0,1% 59.000Океанија 59.000 3.900 0,3% 2.000Латинска Америка 2.000.000 170.000 0,6% 77.000Карибски острови 240.000 20.000 1,0% 12.000Источна Европа и Средна Азија 1.500.000 110.000 0,7% 87.000Северна Америка 1.400.000 55.000 0,4% 25.000Западна и Средна Европа 850.000 30.000 0,3% 13.000Вкупно 33.400.000 2.700.000 0,8% 2.000.000

*процент на болни или заразени помеѓу 15 и 49 години.

Инфекција thumb|Прикачување на ХИВ-вирусот за површината на CD4+ T-лимфоцитите Најчест вид на ХИВ-вирусот во Европа, Америка и Средна Африка е типот ХИВ-1, за разлика од Западна Африка каде што болеста е предизвикана од типот ХИВ-2.