мини|лево|Биле во Хамбург-Бергедорф
Биле () — мала пловна река и десна притока на Елба во Северна Германија. Нејзиниот извор е близу Линау, северно од шумата Ханхајде. Тече јужно од Тритау, претставувајќи ја границата помеѓу окрузите Штормарн и Лауенбург, продолжува јужно од Рајнбек и се влева во реката Елба, близу Билвердер. Многу градби и паркови се наоѓаат долж нејзините речни брегови. Нејзината вкупна должина е 65 километри, од кои 42 километри поминува низ сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, a останатите низ градот Хамбург.
Биле е една од трите реки кои течат низ градот Хамбург, другите две се Елба и Алстер.
Притоки
Во горна Биле има широко сливно подрачје со многу потоци и мали водотеци. Главни притоки се Корбек, која се влева во Биле близу Вицхафе и Шварце Ау кај Аумиле, имајќи големи исушени делови од големата шума Саксонска Шума.
Знаменитости
мини|лево|Биле кај замокот Рајнбек (Милентајх)
Грандер Миле, древна воденица кај Кудеверде, потекнува од 1303 Замок Рајнбек, замок од 1572 Замок Бергедорф, замок изграден од дрво и тули
Надворешни врски
Многу информации за Биле од Одделот за животна средина во Хамбург
Категорија:Реки во Хамбург Категорија:Реки во Шлезвиг-Холштајн Биле