Акен (Елба) () — град во округот Анхалт-Битерфелд, во Саксонија-Анхалт, Германија. Градот се наоѓа на левиот брег на реката Елба.
Географија
Акен се наоѓа на Средна Елба. Оддалечен е 8 километри западно од Десау-Рослау во продолжените низини, во рамките на Биосфера резерват Средна Елба. Приближно 15 километри западно од Акен, реката Зале се влева во Средна Елба.
Окрузи
Хајдехоф, Клајнцербст, Кирен, Лорф, Меневиц, Обзелау и Зузигке
Раст на население
ГодинаГраѓани197012.15420059.083
Историја
Замокот Gloworp бил првпат споменат во XII век. Самиот град бил првпат документиран во 1219, именувајќи го градоначалникот Waltherus de Aken. Во 1270, Акен ги добил градските права како Civitas. Името Акен потекнува од латинското име Aqua (место близу вода). Можеби ова било основата од долнорајнските доселеници од Ахен, кои го изговарале Акен на холандски јазик.
Меѓународни односи
Ервите (Северна Рајна-Вестфалија) од 17 јуни 1991 Анор (Франција) од 24 април 1993
Култура и знаменитости
thumb|Фонтана на плоштадот thumb|Црква во Акен Историското градско собрание Две средновековни цркви: Свети Никола и Света Богородица „Камен Kemenate“ (резиденцијален објект) од 13. век со лакови Градски ѕид од средниот век со 3 преостанати кули Патничка навигација на реката Елба Биосфера резерват Средна Елба
Познати луѓе
Почесни граѓани
Фридрих Вилхелм Штајнбрехт - поручник во слободните сили Лицов 2001: Ото Бенеке - шеф на музејот за локална историја
Познати луѓе родени во Акен
Аугуст Лудвиг Хилсен - германски филозоф на раниот романтика Теодор фон Зикел - германско-австриски историчар Бернд Диснер - германски атлетичар Марилин Рајн - комедијант Дијана Фелгут - забавувач Кристијан Рајке - изведувач
Наводи
Надворешни врски
Службена страница Детална историја на градот
Категорија:Анхалт-Битерфелд Категорија:Саксонија (пруска покраина)