Асторија (англиски: Astoria) е град во сојузната американска држава Орегон. Асторија е центар на округот Клатсоп. Градот се наоѓа на устието на реката Колумбија и името на градот потекнува од американскиот инвеститор и прв милионер Џон Џејкоб Астор. Неговата компанија за крзно го основала Форт Асторија во 1811 година. Местото било инкорпорирано на 20 октомври 1876 година од Орегон. Асторија е познат по тоа што е прв град на западниот брег на САД основан од Американци.
Демографија Според пописот од 2000 година, градот имал население од 9,813 жители.
91.08% белци 0.52% црнци 1.14% староседелци 1.94% Азијци 0.19% луѓе од Тихиот Океан 2.67% останати раси 2.46% мешани
Збратимени градови Асторија е збратимена со еден градSister Cities International:
Валдорф, Германија, родното место на Џон Џејкоб Астор.
Наводи
Поврзано Орегон Градови во САД Џон Џејкоб Астор
Надворешни врски
Трговска комора Асторија-Варентон Oregon Blue Book: Асторија Историја на Асторија
Категорија:Градови во Орегон Категорија:Населени места основани во 1811 година