Дихово (месно нарекувано и: Диово) — село во областа Пелагонија, во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Дихово секогаш било развиена рурална населба, со карактеристичен диховски говор, со печалбарење по светот уште од век. Селото има прекрасни стари градби, со интересна архитектура од првата половина на век.

Потекло и значење на името

Една легенда за потеклото на ова име вели дека во минатото една од поважните стопански гранки било дрварството и одгледувањето коњи; во врска со коњарството многу чест бил извикот за коњите „д-и-и!“, па поради ова околните села ги завикале жителите на ова село диовци, а населбата Диово.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Панорамски поглед на селото

Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Битола, припаѓајќи на групата потпелистерски села на планината Баба, сместено на нејзините североисточни огранки. Дихово се наоѓа западно од градот Битола на мала оддалеченост и е сместено на десната страна од реката Драгор. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 830 метри, а од градот Битола е оддалечено околу 7 километри.

До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 2331, кој води до селото Нижеполе.

Селото се наоѓа во подножјето на Баба Планина, на излезот на реката Драгор од планината. Околни села се Нижеполе, Брусник и Трново. Во минатото, водата за пиење се добивала од пет чешми. Најстарата чешма се нарекува Маѓарица. Во атарот на селото избиваат изворите Бела Чешма, Грамада, Тумер, Ледина, Црно Дрво и Вакавска Ливада (кој припаѓа на црквата „Св. Димитриј“).

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Мечкоец, Ореи, Ораов Камен, Коста Тумба, Адерлас, Ледини, Присој, Мала и Голема Тумба, Довелџик, Езерчиња, Бозд, Лозја и Варвара.

Селото има збиен тип, поделено на три маала: Долно, Средно и Горно. Маалата се поделени на родовски групи на куќи.

Историја

мини|300п|десно|Дихово за време на Првата светска војна

По народната традиција, некогаш Дихово се наоѓало околу 800 метри пониско од денес, на местото Ореи. Но, еднаш таму надошла вода и донела камења во селото, поради што селото било преселено на повисоко место. На селиштето Ореи денес има ниви. Најрано, селото се споменува во турски документи од првата половина на век.

Од ХVІ доо ХVІІІ век кај Дихово работел манастир, за кој се смета дека е срушен некаде по 1785 година.Гергова, Иванка. Поменици от Македония в български сбирки, София 2006, с. 56, 64.

При ослободувањето од Турците, Дихово било мешано македонско-албанско село. Муслиманските Албанци дошле во селото кон крајот на век, па затоа во документ од 1801 година селото е наведено на два дела: рисјанско и турско Дихово. Во овој период се споменуваат и одгледувачи на соколи, кои биле одгледувани и во битолските села Братин Дол, Рамна, Лера, Кажани, Трново и Српци.

До 1912 година, Албанците во селото имале 54 домаќинства, а главните родови се викале: Алимовци, Рустемовци, Мединовци, Јаовци, Брамчевци, Али-Оџовци и други. Таа година, Албанците се иселиле во Битола, а потоа отишле во Турција.

По иселувањето на Албанците, како нивни чифлигари, почнале да се населуваат македонски родови, кои главно дошле од низинските села. Овие денешни македонски родови (освен Преспани) се населиле за време на отоманскиот период. Некои Македонци, како печалбари, успеале да ја купат земјата и пред 1912 година.

Во средишниот дел на Дихово се наоѓа црквата „Св. Димитриј“, додека над селото се наоѓа манастирот „Св. Атанасиј“, а под селото се наоѓа параклисот „Св. Недела“.

Според кажувањата на жителите, селото имало две маала — Горно, каде населението било под патријаршијата и ја посетувало црквата „Св. Димитриј“ и Долно, чие население било под егзархијата, и ја посетувало црквата „Св. Недела“.

Во Првата светска војна низ селото поминувала француска линија на фронтот.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

мини|300п|десно|„Вила Дихово“ со лозова одрина пред влезот.

Атарот на селото зафаќа простор од 12,1 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 501,3 хектари, на шумите отпаѓаат 446,5 хектари, а на пасиштата 218,9 хектари.

Селото, во основа, има мешовита функција.

Во 1883 година, во Дихово се развило машинското производство на текстил и шајак за потребите на отоманската војска. Со намера да се задоволи зголемената побарувачка, трговци и индустријалци, на чело со битолскиот Влав Бого Анести вложиле капитал и од Самоков довеле плетечки машини, со кои се произведувало до 50 тони гајтан годишно, од кои дел се извезувале во Србија. Според Јован Хаџивасилевиќ, кој го посетил селото во 1897 година, во Дихово имало четири фабрики — три на вода и една на парен погон. Парната фабрика била на сретселото. Во фабриките се произведувало шајак, ќилими и гајтан, и имале 250-300 вработени, вклучувајќи жени и деца. Повеќето биле Власи, кои биле од други места. Самите диховчани се занимавале со земјоделство и печалбарство.Паларе, Майкъл. Балканските икономики 1800 - 1914: Еволюция без развитие, София 2005, с. 366-367.Хаџи-Васиљевић, Јован. Град Битољ, Браство, Књига ХІV, Београд 1911, с . 253.

Денес, во Дихово работи хотел и две кафеани — „Кооперација“ и „Кај Оревот“, како и отворен базен и ресторан во текот на летниот период. Има сместувачки капацитети за селски туризам, меѓу кои е и „Вила Дихово“. Дихово уште е познато и по големата живинарска фарма „Црвени петли“, која се наоѓа на влезот од селото.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дихово живееле 460 жители, од кои 200 Македонци и 260 Албанци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 239.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Дихово се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 60 куќи.

Според статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дихово имало 560 Македонци, патријаршисти.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 166 – 167.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.

Дихово било средно село по големина, но со намалување на бројот на жителите. Во 1961 година селото броело 686 житеи, додека во 1994 година бројот се намалил на 356 жители, од кои 351 бил Македонец, а четири жители Срби.

Според пописот од 2002 селото броело 310 жители, од кои 305 Македонци, 3 Срби и 2 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 213 жители, од кои 192 Македонци, 1 Влав, 2 Срби, 1 останат и 17 лица без податоци.

Родови

Денес, Дихово е македонско село, а родовите во селото се доселени.

Според истражувањата од 1951 година, родови во селото: Доселеници со познато место на потекло: Плосниковци (24 к.), доселени се околу 1790 година од селото Ивањевци и тие се најстар род во селото. Го знаат следното родословие: Ташко (жив, на 70 години во 1951 г.)-Симон-Ристе-Трајче-Стојан, кој се доселил во селото; Скубевци (14 к.), доселени се од селото Лера, каде биле староседелци; Тончевци (7 к.), доселени се околу 1830 година од околината на Корча во Албанија, и потекнуваат од предци кои биле православни Албанци, кога дошле во селото зборувале албански, но мешајќи се со Македонците го примиле македонскиот јазик. Во Дихово се доселиле браќата Иљо и Јованче; Гарагаџиња (5 к.), доселени се од Гнеотино, го знаат следното родословие: Андон (жив, на 77 години во 1951 г.)-Диме-Стојан, кој се доселил во селото; Карафиловци (5 к.), доселени се во XIX век од селото Орехово; Цветковци (3 к.), доселени се од селото Дрмени во Преспа; Преспановци (5 к.), доселени се од селото Брајчино во Преспа. Доселеници со непознато потекло: Јанкуловци (2 к.), Јаневци (13 к.), Глувчевци (11 к.), Темелковци (6 к.), Савинци (6 к.), Богојевци (5 к.), Вучковци (5 к.), Котовци (4 к.) и Дамевци (2 к.), сите се доселени во XIX век.

Иселеништво

Голем дел од иселеното население (над 600 лица) се доселило во Битола, Скопје, прекуокеанските земји и во Европа.

Дел од иселениците денеска се имаат вратено во Дихово и своите заштеди ги вложуваат во месното стопанство.

Во селото во минатото живеело и албанско население. Но, тие до 1951 година се иселиле во Битола и од таму во Турција (54 семејства). До 1951 година потполно се иселиле Анаќиовци во Северна Америка, за кој не се знае од каде се доселиле.

Општествени установи

Подрачното основно училиште „Д-р Трифун Пановски“, петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Д-р Трифун Пановски“ - Битола Дом на културата Пошта (7205)

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Дихово било село во Битолската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Битола.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото најпрвин било седиште на тогашната општина Дихово.

Во периодот 1952-1955, селото било исто така седиште на тогашната општина Дихово, во која покрај селото Дихово се наоѓале селата Братин Дол, Брусник, Лавци, Магарево, Нижеполе, Снегово и Трново. Во периодот 1950-1952, исто така постоела Општина Дихово, во која влегувале селата Братин Дол, Дихово, Магарево, Нижеполе и Трново.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0129 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на дом на културата.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 264 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта Братиндолска Река — населба од римско време; Варвара — некропола од средниот век; Ограѓе — населба и некропола од римско време; и Св. Недела — црква и некропола од средниот век.

Цркви Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква, позната како Горна Црква; Црква „Св. Недела“ — помала селска црква, порано параклис, позната како Долна Црква; и Црква „Св. Атанасиј“ — манастирска црква.

Манастири Диховски манастир — манастир над селото.

Џамии До 1912 година, на местото на денешниот задружен дом се наоѓала селската џамија, околу која се наоѓале и албанските гробишта.

Споменици Споменик на НОБ во селото

Реки Драгор — река низ селото.

Водопади Капејнци — мал водопад на реката Драгор кај селото.

Редовни настани

Слави Митровден — селска и црковна слава.

Личности

Родени во или по потекло од Дихово Стојче Мангелов — македонски револуционер, четник на војводата Димко Сарванов - Могилчето; и Бранко Наумовски (р. 1941) — македонски писател.

Галерија

Поврзано Општина Битола Пелагонија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Битолски села Категорија:Села во Општина Битола