Драгожани — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Пелагонија, поточно во Битолското Поле, од левата страна на патот Битола - Демир Хисар - Кичево.

Историја Во XIX век селото било дел од Битолската Каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Стопанство

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Драгожани живееле 130 жители, сите Македонци.Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 238.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Дрогрижани се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 24 куќи.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Драгожани имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.166-167.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.

Според пописот од 2002 година, селото Драгожани брои 156 жители, од кои 155 Македонци и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 117 жители, од кои 112 Македонци, 3 Албанци и 2 лица без податоци.

Родови

Драгожани е македонско православно село, во кое живеат доселенички родови. Селото потекнува од првата половина на XIX век.

Родови во Драгожани се:

Доселеници: Марковци (4 к.), доселени се од Дебарско, го знаат следното родословие: Фидан (жив на 20 г. во 1951 година) Пере-Толе-Трајче-Марко кој се доселил во селото; Димовци (9 к.), доселени се од Охридско, овде живеат од кога и Марковци; Ќепенковци (8 к.), доселени се кога и претходните родови од прилепското село Чепигово; Љаковци (3 к.), стари деленици се од Ќепенковци; Домазетовци (9 к.), доселени се од Крушево или Крушевско кога и претходните родови; Бујуковци (2 к.), доселени се однекаде, овде живеат од втората половина на XIX век; Каровци (12 к.), потекнуваат од браќата Митре и Аце, доселени се кога и Бујуковци од селото Беранци; Колтовци (2 к.), доселени се на крајот од XIX век од селото Базерник во Железник; Трајковци (4 к.), Лазаровци (2 к.) и Најдановци (1 к.), најмлади родови во селото доселени се 1905 година од раселеното село Кочишта.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 198 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 106 гласачи.

Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главната селска црква, изградена во втората половина на XIX век; и Црква „Св. Петка“ — нова селска црква.

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Поројница — населба од римско време; Вакафски Ледиње — црква од средниот век; Во Селото — некропола од средниот век; Дабички — црква од средниот век; Губерница — населба од средниот век; Дабје — некропола од средниот век; Кочишта — населба, црква и некропола од средниот век;

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Битолски села Категорија:Села во Општина Битола