Еврозона,The euro area , Европска централна банка службено наречена Еврообласт — европска монетарна држава составена од 21 од 27 Земји членки на Европската Унија кои го вовеле еврото како нивна основна валута и единствено законско средство на плаќање. Дваесетиедната членка на еврозоната се: Австрија, Белгија, Бугарија, Германија, Грција, Естонија, Ирска, Италија, Кипар, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Португалија, Словачка, Словенија, Финска, Франција, Холандија, Хрватска и Шпанија.

Шесте членки на ЕУ кои не се во еврозоната се Данска, Полска, Романија, Унгарија, Чешка и Шведска. Тие продолжуваат да ги користат своите национални валути, иако сите освен Данска се обврзани да се приклучат откако ќе ги исполнат критериумите за конвергенција на еврото.

Меѓу земјите кои не се членки на ЕУ, Андора, Монако, Сан Марино и Ватикан имаат формални договори со ЕУ да го користат еврото како своја службена валута и да издаваат свои монети. Дополнително, Косово и Црна Гора го усвоиле еврото еднострано, потпирајќи се на евра кои биле веќе во оптек, наместо на ковање на сопствени валути. Овие шест земји немаат застапеност во ниту една установа од еврозоната.A glossary () issued by the ECB defines "euro area", without mention of Monaco, San Marino, or the Vatican.

Евросистемот е монетарната власт на еврозоната, Еврогрупата е неформално тело на министри за финансии што ја прави фискалната политика за валутниот сојуз, а Европскиот систем на централни банки е одговорен за фискалната и монетарната соработка помеѓу еврозоната и членките на ЕУ кои не се во еврозоната. Европската централна банка (ЕЦБ) прави монетарна политика за еврозоната, ја одредува нејзината основна каматна стапка и издава евро банкноти и монети.

Од финансиската криза од 2007-2008 година, еврозоната воспоставила и користи одредби за доделување итни заеми на земјите-членки во замена за донесување економски реформи. Еврозоната, исто така, донела одредена ограничена фискална интеграција; на пример, при преглед на меѓусебните национални буџети. Прашањето е политичко и во состојба на флукс во однос на тоа кои понатамошни одредби ќе се договорат за промена на еврозоната. Ниту една земја-членка на еврозоната не ја напуштила и нема одредби за тоа или за протерување.

Членки

Во 1998 единаесет земји-членки на Европската Унија ги исполниле со критериумот за конвергенција и Еврозоната започнала со службеното пуштање во употреба на еврото (покрај националните валути) на 1 јануари 1999. Грција се приклучила во 2000, а ја прифатила валутата на 1 јануари 2001 година. Помеѓу 2007 и 2023 година пристапиле уште осум нови држави: Естонија, Кипар, Летонија, Литванија, Малта, Словачка, Словенија и Хрватска. Дополнително, Бугарија започна со преговори во 2025, а ја прифатила валутата на 1 јануари 2026 година.

Земја ISO код Усвоено Население во 2021 година Номинален БНП во 2021 Номинален БНП како дел од вкупниот број на еврозоната Номинален БНП по глава на жител Претходна валута Стапка на конверзија на евро во валута пред еврото Пред еврото била користена и валутата Територии каде еврото не е употребувано AT 1999 шилинг 13.7603 BE 1999 585,375 франк 40.3399 BG 2026 лев 13.7603 DE 1999 марка 1.95583 GRЕвропската Унија внатрешно го користи кодот EL за Грција, што е отстапување од стандардот ISO 3166-1. 2001 драхма 340.750 EE 2011 круна 15.6466 IE 1999 фунта 0.787564 IT 1999 лира 1936.27 CY 2008 фунта 0.585274 Самопрогласената Турска Република Северен Кипар не е признаена од ЕУ и ја користи турската лира. Сепак, еврото е во широк оптек. LV 2014 лат 0.702804 LT 2015 литас 3.45280 LU 1999 франк 40.3399 MT 2008 лира 0.429300 PT 1999 ескудо 200.482 SK 2009 круна 30.1260 SI 2007 толар 239.640 FI 1999 марка 5.94573 FR 1999 франк 6.55957 Француските тихоокеанси територии го користат тихоокеанскиот франк, кој е врзан за еврото по стапка од 1 франк на 0.00838 евро. NL 1999 гулден 2.20371 Аруба е дел од Кралството Холандија, но не и од ЕУ. Го користи арупскиот флорин, кој е врзан за доларот по стапка од 1  долар на 1.79 флорини.Моментално го користи холандскоантилскиот гулден и планира да го воведе карипскиот гулден во 2025 година, откако промената била одложувана неколку пати. И двете се врзани за доларот по стапка од 1 долар на 1.79 гулдени.Го користи доларот. HR 2023 куна 7.53450 ES 1999 пезета 166.386 Еврозона ЕЗ Го вклучува населението на Хрватска, иако таа не била членка на еврозоната во 2021 година. види погоре

Проширување

Шест земји (Чешка, Данска, Унгарија, Полска, Романија и Шведска) се членки на ЕУ, но не го користат еврото.

Пред да се приклучи на еврозоната, секоја земја мора да учествува 2 години во Европскиот механизам за девизен курс (ERM II). Бидејќи од 2023 Националните централни банки (НЦБ) на Бугарија и Данска учествувале во ERM II, очекувано е преостанатите валути наскоро да го следат овој пример.

Во првичниот Мастришки договор, Данска и Обединетото Kралство добиле специјален статус кој им дозволил да не учествуваат во еврозоната. Двете земји се законски ослободени од приклучување кон еврозоната, освен доколку нивните влади не одлучат поинаку, преку парламентарно гласање или пак преку референдум. Обединетото Кралство исто така се повлекло од Европската Унија а со тоа и договорот престанал да важи за приклучување кон еврозоната во 2020 година.

Останатите шест земји се обврзани да го прифатат еврото во иднина, иако ЕУ досега не се обидела да спроведе ниту еден временски план. Тие треба да се приклучат веднаш штом ќе ги исполнат критериумите за конвергенција, кои вклучуваат да бидат дел од ERM II на две години. Од Шведска, која влегла во ЕУ во 1995 година по потпишувањето на Договорот од Мастрихт, барано е да се приклучи на еврозоната. Меѓутоа, шведскиот народ го одбил усвојувањето на еврото на референдум во 2003 година и оттогаш земјата намерно избегнува да ги исполни условите за усвојување со тоа што не се приклучува на ERM II, што е доброволно. Бугарија се приклучила на ERM II на 10 јули 2020 година.

Интересот за приклучување кон еврозоната бил зголемен во Данска, а првично и во Полска, како резултат на финансиската криза од 2007-2008 година. Во Исланд постоел зголемен интерес за пристапување во Европската Унија, со предуслов за прифаќање на еврото. Сепак, до 2010 година должничката криза во еврозоната предизвикала да се залади интересот од Полска, како и од Чешка, Данска и Шведска.

Еврото исто така е користено и во земји кои не се членки на ЕУ. Монако, Сан Марино и Ватикан потпишале формални договори со ЕУ да го користат еврото и нивни монети. Меѓутоа, тие не ги сметаат за дел од Еврозоната од страна на ЕЦБ и немаат свое место во ЕЦБ или Еврогрупата. Андора постигнаla монетарен договор со ЕУ во јуни 2011 кој ќе ѝ дозволи да го користи еврото како своја официјална валута откако договорот ќе биде ратификуван.

Некои држави (Косово и Црна Гора) службено го вовеле еврото како нивна единствена валута без договор и затоа немаат право на издавање. Овие земји, ЕЦБ не ги смета за дел од еврозоната. Меѓутоа, понекогаш поимот „еврозона“ е применуван на сите територии кои го прифатиле еврото како единствена валута. ЕЦБ и ЕУ се спротивставуваат на натамошното еднострано усвојување на еврото (евроизација), како од ЕУ, така и од земјите кои не се членки на ЕУ.

Администрација и застапување мини|Европската централна банка (седиштето во Франкфурт е прикажано) е наднационална монетарна управна власт во еврозоната.

Додека Еврозоната е отворена кон сите земји-членки на ЕУ да се приклучат откако ќе ги исполнат критериумите, во договорите на ЕУ не постои одредба дали може некоја од земјите да ја напушти еврозоната без да ја напушти ЕУ како целина. Исто така нема одредба за тоа дали некоја земја може да биде исфрлена од еврозоната. Сепак некои, вклучувајќи ја холандската влада, се залагаат да се направи таква одредба во случај ако во еврозоната има некоја земја која е премногу задолжена, а одбива да ја почитува политиката на ЕУ за економски реформи. Сепак, придобивките од напуштањето на еврозоната во голема мера ќе зависат од конкретната ситуација. Доколку валутата со која ќе се смени еврото се очекува да девалвира, во земјата ќе дојде до големо одливање на пари, додека ако се очекува вредноста на валутата да се зголеми, тогаш ќе има поголем прилив на пари во економијата. Сепак, доколку вредноста на валутата брзо се зголемува тогаш тоа може да биде штетно за извозот на земјата. Кристин Лагард е назначен да го одобри дизајнот и печатењето на евро банкнотите и количината на изработени евро монети.

Еврозоната политички ја застапуваат министрите за финансии, заедно познати како Еврогрупа, под водство на сегашниот претседател Пасхал Донохоје. Министрите за финансии на земјите-членки на ЕУ кои го користат еврото, се среќаваат ден пред состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (Екофин) кој е дел од Советот на Европската Унија. Групата не е службен совет, но кога Екофин во полн состав гласа за прашања кои се однесуваат само на еврозоната, само на членовите на Еврогрупата им е дозволено да гласаат.Treaty of Lisbon (Provisions specific to member states whose currency is the euro), EurLex Protocols, Official Journal of the European Union

Уште од 2008 кога првпат започнала финансиската криза, Еврогрупата се сретнала нерегуларно, не во состав на министри за финансии туку во состав на шефови на држави и влади (како Европскиот совет). Во овој форум, на Евросамитот, договориле многу од реформате за еврозоната. Тогашниот француски претседател Никола Саркози, од 2011 настојувал овие самити да станат редовни и тоа двапати годишно, со цел тие да станат „права економска влада“.

На 15 април 2008 во Брисел, Јункер предложил дека подобро е Еврозоната во Меѓународниот монетарен фонд да биде застапена како целина отколку секоја земја посебно. „Апсурдно е тие 18 земји да не се согласат да имаат еден претставник во ММФ. Тоа прави да изгледаме смешно. На меѓународно ниво на нас гледаат како на кловнови“. Во 2017 година Јункер изјавил дека има за цел ова да биде договорено до крајот на неговиот мандат во 2019 година."Commission wants single eurozone seat at IMF plan adopted by end of mandate" , Euractiv, 7 December 2017 Сепак, финансискиот комесар Хоакин Алмунија изјавил дека пред да почнат со заедничко претставување треба да биде договореј заеднички политички дневен ред.

Водечките личности на ЕУ, вклучувајќи ја комисијата и националните влади, предложииле различни реформи во архитектурата на еврозоната; особено создавање на министер за финансии, поголем буџет на еврозоната и реформа на сегашните механизми за спас во „Европски монетарен фонд“ или во Министерство за финансии на еврозоната. Додека многумина имаат слични теми, подробностите многу варираат."Macron is right — the eurozone needs a finance minister" , Financial Times, 28 September 2017Europe should have its own economy and finance minister, says EC , theguardian 6 December 2017"Large number of EU finance ministers want euro zone budget: Dijsselbloem" , Reuters, 6 November 2017"Spain urges sweeping reforms on eurozone to correct flaws" , Financial Times, 14 June 2017

Економија

Споредбена табела + Споредба на еврозоната со Соединетите Држави и НР Кина Население (2023) БДП (месна валута) (2023) БДП (долари) (2023) 1410 милиони 126.1 трилиони јуани 17.7 трилиони долари 22px Еврозона 349 милиони 14.4 трилиони евра 15.6 трилиони долари 335 милиони 26.9 трилиони долари 26.9 трилиони долари

Инфлација

Податоците за Усогласен индекс на потрошувачки цени од ЕЦБ, вкупен индекс:: 2000: 2.1% 2001: 2.3% 2002: 2.3% 2003: 2.1% 2004: 2.1% 2005: 2.2% 2006: 2.2% 2007: 2.1% 2008: 3.3% 2009: 0.3% 2010: 1.6% 2011: 2.7% 2012: 2.5% 2013: 1.4% 2014: 0.4% 2015: 0.2% 2016: 0.2% 2017: 1.5% 2018: 1.8% 2019: 1.2% 2020: 0.3% 2021: 2.6% 2022: 8.4% 2023: 5.4%

Каматни стапки