Проширување на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) - процес на приклучување на нови земји-членки кон НАТО. НАТО претставува воена алијанса на земји од Европа и Северна Америка која вклучува систем на колективна одбрана во нејзината организација. Процесот на приклучување кон алијансата го одредува Членот 10 од Севернатлантскиот договор и договорите што следувале. Доколку една земја сака да се приклучи, треба да задоволи одредени барања и да исполни долготраен процес што се состои од политички дијалог и воена интеграција. "Северноатлантскиот совет" како најважно тело на НАТО го надгледува процесот на пристапување.

По создавањето на Алијансата во 1949 г. НАТО се прошири со вклучувањето на Грција и Турција во 1952 г. и Западна Германија во 1995 г. , а подоцна и Шпанија во 1982 г. По завршувањето на Студената војна и обединување на Германија во 1999 г. , во НАТО се дискутираше дали да се продолжи со проширувањето кон исток. Во 1999 г. се вклучија Полска и Унгарија по долготрајните дескусии во организацијата со руската опозиција. Пристапувањето на седумте држави од северна и источна Европа претставуваше уште едно ново проширување. Тоа беа државите: Естонија, Летонија, Литванија, Словенија, Словачка, Бугарија и Романија. За време на самитот во Прага во 2002 г. , овие земји беа први поканети да започнат преговори за членство а на 29 март 2004 г. станаа членки на НАТО непосредно пред самитот во Истанбул во 2004 г. Албанија и Хрватска неодамна станаа членки на НАТО, и тоа на 1 април 2009 г. непосредно пред самитот Стразбур-Кил во 2009 г.

Идното проширување претставува тема на дебата во многу земји. Процесот на пристапување на Кипар и Македонија е одолговлечен од страна на,(за секоја земја посебно),Турција и Грција сè додека не се пронајде решение за споровите помеѓу нив. Други земји коишто имаат цел ако може да се приклучат се Босна и Херцеговина и Грузија. Причина за зголемената тензија помеѓу замјите од НАТО и Русија беше интеграцијата на земјите од поранешниот Варшавски договор. Михаил Горбачов наводно се согласил за обединување на Германија во рамките на НАТО по ветувањето дека НАТО нема да се прошири “ни сантиметар повеќе кон исток.”

Проширувањата во текот на минатото Од создавањето во 1949 г. , НАТО осум пати додаде нови членки и сега го сочинуваат 30 земји-членки. Дванаесет земји беа дел од основањето на НАТО: Белгија, Канада, Данска, Франција, Исланд, Италија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија, Обединетото Кралство и САД. Во 1990 г. , со обединувањето на Германија, НАТО ги приклучи поранешните земји на Источна Германија. Помеѓу 1994 и 1997 г. беа поставени поотворени форуми за регионална соработка помеѓу НАТО и соседите, вклучувајќи го Партнерството за мир, иницијативата за Средоземниот дијалог и Евроатлантскиот совет за партнерство. Во 1997год. НАТО ги покани трите поранешни комунистички земји Унгарија, Чешка и Полска да се приклучат. По ова четврто проширување во 1999 г. , во мај 2000 г. , групата Вилнус на Балтикот и седум земји од исочна Европа воспоставија односи за соработка и лобирање во понатамошното членство во НАТО. Седум од овие земји станаа членки во петтото проширување во 2004 г. Албанија и Хрватска станаа членки во шестото проширување во 2009 г. Црна Гора се приклучи на алијансата во седмото проширување во 2017 г. Република Македонија стана полноправна членка во осмото проширување во март 2020 г. Дата Земја Проширување 18 февруари 1952 година Грција Прво Турција 9 мај 1995 година Западна Германија Второ 30 мај 1982 година Шпанија Трето 12 март 1999 година Чешка Четврто Унгарија Полска 29 март 2004 Бугарија Петто Естонија Летонија Литванија Романија Словачка Словенија 1 април 2009 година Албанија Шесто Хрватска 5 јуни 2017 годинаЦрна ГораСедмо27 март 2020 годинаРепублика МакедонијаОсмо Критериум за пристапување и процесот на пристапување Член 10 Член 10 од Северноатлантскиот договор опишува како една земја што не е членка може да се приклучи кон НАТО: “Странките преку едногласен договор можат да поканат која било европска земја која притоа ќе ги унапреди принципите на овој договор и ќе придонесе за безбедноста на Северноатлантската област при пристапувањто кон Договорот. Секоја поканета членка може да стане дел од Договорот со доставување на нејзиниот инструмент за пристапување кај Владата на САД. Владата на САД ќе ја информира секоја странка посебно во врска со доставувањето на секој таков инструмент за пристапување.”

Овој член содржи две главни ограничувања за земји коишто не се членки на НАТО. Европските замји имаат право на членство и на овие земји им е потребно одобрување од сите постоечки земји-членки. Вториот критериум значи дека секоја земја-членка може да постави одредени критериуми што треба да се почитуваат. Во пракса, во најголемиот број случаи НАТО создава вообичаени критериуми. Но на пример,Грција ја попречува ФИРОМ во процесот на пристапување кон НАТО поради несогласувањето во врска со користењето на името Македонија. Во случајот со Република Кипар, Турција ќе го блокира нејзиното членство во НАТО сè додека не се реши спорот меѓу нив. Од истата причина и Грција е против влегувањето на Турција во Европската Унија.

Акционен план за поединечно партнерство НАТО ја започна програмата за Акциониот план за поединечното партнерство на самитото во Прага во 2002 г. , како механизам за да ги прилагоди односите со некои земји што може да бидат потенцијални земји-членки. Програмата ја користат и земји што немаат намера да станат членки на НАТО, но за тоа се потребни дополнителните дипломатски ресурси. Досега плановите се спроведени само во земји што се членки на организацијата на НАТО,Партнерство за мир. Почнувајќи од 2009 година,Акциониите плаови за поединечното партнерство се спроведуваат во осум земји:Грузија,Азербејџан,Ерменија,Босна и Херцеговина, Казахстан, Молдавија, Црна Гора и Србија. Ерменија,Азербејџан, Србија и Казахстан изјавија дека не сакаат да влезат во НАТО. Од друга страна, Грузија, Црна Гора и Босна и Херцеговина активно работат за да станат членки на НАТО во иднина.

Интензивиран дијалог Интензивираниот дијалог претставува дополнителна фаза што треба да ја помине една земја пред да биде поканета за влез во Акциониот план за членство во алијансата, при што таа може да добие пофални зборови во врска со Акциониот план за поединечно партнерство. Почнувајќи од 2010 г. , Грузија и Украина работат на Интензивираниот дијалог со НАТО. Пролетта,2008 г. и на двете земји им беше ветено дека во подоцнежната фаза ќе добијат Акционен план за членство, но во 2010 г. Украина изјави дека не сака повеќе да стане членка на НАТО. Црна Гора и Босна и Херцеговина учествуваат во Интензивираниот дијалог, но исто така подоцна добија и Акционен план за членство. На 3 април 2008 г. , и на Србија и́ понудија програма за Интензивиран дијалог, но таа не даде одговор дека ја прифаќа понудата.

Земји што немаат цел да станат членки на НАТО Земја Партерство за мир Акционен план за поединечно партнерство Интензивиран дијалог Украина февруари,1994 ноември,2002 април,2005 Азербејџан мај,1994мај,2005 Ерменија октомври,1994 декември,2005 Казахстан мај,1994 јануари,2006 Молдавија мај,1994 мај,2006 Белорусија 11 јануари 1995 Србија декември,2006

Акционен план за членство Механизмот на Акциониот план за членство ја претставува фазата во постапката во која што се разгледуваат формалните барања за членство на државите коишто сакаат да станат членки,од страна на постоечките членки на НАТО. Механизмот беше одобрен на смитот во Вашингтон во 1999 г. Учеството на една држава во Акциониот план за членство налага годишно претставување на извештаите во врска со напредокот на пет различни нивоа.

Подготвеност за решавање на меѓународни, етнички или надворешни територијални спорови на мирен начин, посветеност кон владеењето на правото и човековите прва и демократска контрола на вооружените сили. Способност за придонесување во организацииската одбрана и мисии. Обезбедување на доволен број ресурси за вооружените сили да можат да ги исполнат обврските за членство. Чување на тајни информации и обезбедување на нивна заштита. Усогласување на националното законодавство со соработката со НАТО. НАТО дава повратна информација и стручен совет на секоја земја и поединечно го оценува напредокот. Кога една земја ќе се согласи да ги исполнува барањата, тогаш НАТО може да и́ даде покана за почеток на преговори. Почнувајќи од април 2010 г. , една земја има Акционен план за членство:

Босна и Херцеговина

Грузија се заинтересира за добивање на Акционен план за членство. Украина се заинтересира за добивање на Акционен план за членство пред месец јуни,2010 г. , кога објави дека ја менува политиката која не бара членство во НАТО. Помеѓу месец мај 2002 г. и април 2009 г. Албанија и Хрватска како поранешни учесници во Акциониот план за членство станаа членки на НАТО. Завршниот процес за пристапување,вклучува пет чекори коишто водат до потпишување на протоколот за пристапување и прифаќањето и ратификацијата на овие протоколи од Владите на постоечките членки на НАТО.

Идно проширување Во моментов Босна и Херцеговина е единствена земја со Акционен план за членство. Во 2008 година Грција ја попречи поканата за членство на нејзиниот северен сосед,се́ до решавањето на спорот со името на Македонија. Македонија беше дел од групата Вилнус изаедно со Хрватска и Албанија во 2003 г. ја основаа Јадранската Повелба за подобро координиран пристап до НАТО.

Постојат мали шанси НАТО да покани земји како што се Австрија, Финска, Ирска, Шведска и Швајцарија, каде што политиката на неутралност е заштитена со општоприфатеното законодавство и популарноста да не се биде здружен со никого има големо влијаније.

Земји со актуелната политика за членство во НАТО Земја Партнерство за мир Поединечен акционен план за партнерство Интензивиран дијалог Акционен план за членство Босна и Херцеговина декември,2006 јануари,2008 април,2008 април,2010 Грузија март,1994 октомври,2004 септември,2006 Босна и Херцеговина Во 1995 г. бомбардирањето на НАТО врз Босна и Херцеговина ја притисна армијата на босанските Срби и со помош на меѓународен притисок дојде до завршување на Босанската војна и потпишување на Дејтонскиот мировен договор во 1995 г. Оттогаш, НАТО ги носеше Силите за имплементација и Силите за стабилност во земјата, а исто така преземаше и дополнителни напори за зачувување на мирот.

Босна и Херцеговина се приклучи кон Партнерството за мир во 2006 г. и во март 2007 г. потпиша Договор за безбедносна соработка. Во јануари 2008 г. земјата продолжи да соработува со НАТО во рамките на нивниот Акционен план за поединечно партнерство. Потоа,Босна и Херцеговина го започна процесот на Интензивираниот дијалог на самитот во Букурешт во 2008 г. Потоа,на 25 септември 2008 г. земјата беше поканета да се приклучи кон Јадранската Повелба на аспирантите за влез во НАТО. Подоцна во ноември 2008 г. во заедничката изјава на Министерот за одбрана и Штабот на НАТО во Сараево предложија Босна и Херцеговина да стане членка на НАТО до 2011 г. доколку продолжи со споведувањето на реформите во областа на одбраната.