Лисолај — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Географија и местоположба мини|Српски извештај за колежот во село Лисолај од страна на една грчка чета како освета што населението преминало во „егзархиско“. (Битола, 4 јуни 1906) Лисолај припаѓа на таканаречениот Пелагониски Регион, во географската област Пелагонија и подножјето на планината Древеник, на 17 километри северно од градот Битола. Селото е ридско, на надморска височина од 746 метри. На сретсело се наоѓа основното училиште кое го носи името на познатиот војвода од овој крај Александар Турунџев. Над самата населба е црквата Св. Петка која е од XIX век и е типичен пример на македонското црковно градителство од тој период. Во селото се живее од земјоделство и сточарство. Лисолај надалеку е познатo по најубавото грозје од овој регион.

Историја Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лисолај живееле 340 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 238.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Лисолај се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 45 куќи.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лисолај имало 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.

Според пописот од 2002 година, селото Лисолај брои 225 жителиПопис 2002 http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf, од кои 224 се Македонци и еден е вброен во останатите националности.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 163 жители, од кои 153 Македонци и 10 лица без податоци.

Родови Лисолај е македонско село.

Родови во селото се:

Доселеници: Ѓуровци (3 куќи) најстар род во селото, доселени се од селото Древеник; Миленковци (6 куќи), Марковци (5 куќи), Димовци (4 куќи), Поповци (4 куќи), Стојчевци (4 куќи), Кочанковци (4 куќи), Петревци (3 куќи), Димитриовци (3 куќи), Василиновци (3 куќи), Огњановци (3 куќи), Јанкуловци (1 куќа), Матовци (1 куќа), Мојановци (3 куќи), Чурлиновци (3 куќи), Јоановци (2 куќи), Кочовци (2 куќи), Јовчевци (14 куќи), Богатиновци (3 куќи), Ацковци (4 куќи), Стојановци (4 куќи) и Наумчевци (6 куќи). Сите овие родови се доселени со непозната старина.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 204 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 190 гласачи.

Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Петка“ — главната селска црква; Црква „Архангел Михаил“ — главната црква на Лисолајскиот манастир; Црква „Св. Спас“ — поранешна гробјанска црква. Се наоѓа над селото, денес запуштена во урнатини;

Археолошки наоѓалишта Црнобучки Рид — населба од римско време;Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Крс — некропола од римско време;Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678

Во селото Лисолај има „стапки“ од коњот на народниот херој Крали Марко.

Редовни настани

Личности Димитрија Марковски (1923-2000) - партизан, учесник во НОБ; Јован (Јон) Лисолаецот - револуционер, битолски реонски војвода;Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 66.Николов, Борис. ВМОРО — псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.47 Миле Секуловски (1926 - 2021) - најстар македонски радиоаматер;Миле Секуловски, Z31JY најстар радиоаматер во Македонија Ѓорѓија Стојчевски (1922 - 1945) - партизан, учесник во НОБ; Борко Марковски (р. 1957) - генерал на Полиција на Македонија;

Култура и спорт Во Лисолај има 1 фудбалски клуб кој долги години се натпреварува во Општинската лига на Битола, повеќекратен шампион на ОФС Битола клуб во кој играат фудбалери од различни националности и гордо го носат дресот на ФК ЛИСОЛАЈ!

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски Лисолај - роднокрајски записи - репортажа ЛИСОЛАЈ ЧУВА ПЕХАР ОД КОНЗУЛСКА СВАДБА

Категорија:Села во Македонија Категорија:Битолски села Категорија:Села во Општина Битола