Волковија — село во Општина Брвеница, во областа Горен Полог, во околината на градот Тетово.
Селото е на самата граница помеѓу тетовските и гостиварските села, а во повеќе извори и различно е сместено во Долен или Горен Полог.
Потекло и значење на името
Според некои научници, името на селото води потекло од спојување на именката „волк“ и глаголот „вие“, односно „вија“, што би значело „виење на волци“.
Географија и местоположба
лево|мини|300п|Селска чешма во Волковија
Селото се наоѓа во областа Долен Полог, во крајниот јужен дел на територијата на Општина Брвеница, а чиј атар се издига на северозападната падина на Сува Гора. Атарот на селото се допира со подрачјето на Општина Гостивар. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 560 метри. Од градот Тетово, селото е оддалечено 20 километри на југ, додека од градот Гостивар е оддалечено 11 километри на север.
До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 2233 кај воспитно-поправниот дом „Тетово“.
Селото се наоѓа во подножјето на Сува Гора, сместено помеѓу селото Стенче на север и селото Чегране на југозапад. Во минатото, водата за пиење, мештаните ја добивале од три чешми кои се нарекувале Долномаалска, Горномаалска и Љуманоска чешма. Под селото се наоѓаат Волковските Извори.
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Горни Требеник, Слогој, Долни Требеник, Копишта, Царенки, Меризи, Гавраниче, Зад Водејнци, Прекачи, Крушки, Лопати, Маздачи, Маличици, Папради, Абдиљ Агици, Јасика, Бел Камен, Димојци, Под Село, Бурезејнци, Коњарници, Бресје, Лазина, Јонташи, Три Рупи, Више Село, Даб, Долга Ливада, Горни Колиби, Петреа Ливада, Смрдибунар, Локва, Казани, Крива Осојница, Чафкарник, Присој, Дрен, Голема Тумба, Јанушоо Гробче, Глаа Осој, Жаба, Рудина, Стара Корија, Чука, Лозја и Рупи.
Селото има збиен тип и куќите му се поделени во три маала кои се наречени: Горно, Долно и Љуманоско.
Во непосредна близина се распростира широката мешовита шума наречена Волковска Корија, богата со даб, бука, бор, ела, бел и црн габер, див костен и друго. Веднаш над селото се издига ваковскиот рид Чука богат со висока дабова шума.
Историја
мини|300п|десно|Традиционална архитектура од Волковија
Во пишаните извори првпат се споменува во 1348 година, кога било запишано како Влковно и било приложено на манастирот Хиландар.
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 48 семејства, од кои 35 христијански семејства, 4 неженети христијани, 4 вдовици христијани и 5 муслимански семејства.Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр. 346
Селото минувало низ многу тешки времиња како христијанско село. Старото село Волковија имало три цркви: Свети Никола, Света Мина и Свети Атанасиј. Последната црква се наоѓала северно од селото, на местото каде денес се наоѓаат селските гробишта. Во 1940-тите години, трагите од уништениот храм скоро и да биле непрепознатливи. Денес, оваа црква е обновена.
Покрај трите селски цркви, на крајот на или на почетокот на век, селото имало и манастир „Св. Ѓорѓи“. За овој манастир има податоци и од 1550 година, кога била спомената смртта на игуменот Варлаам. Во тоа време во манастирот бил препишан словенскиот минеј за месецот февруари. По рушењето на манастирот, споменатиот минеј припаднал на скопскиот манастир „Св. Никола“ кај Шишево, а подоцна на скопскиот манастир „Св. Архангел“. Од таму од страна на Кирил Пејчиновиќ минејот бил пренесен во манастирот „Св. Богородица“ кај Лешок.
По 1550 година, заедно со манастирот било уништено и селото. Денешните мештани на Волковија се доселени и затоа тие немаат преданија кога биле разорени манастирот и селото. Само се споменува дека при рушењето на манастирот бил заклан и игуменот и затрупан во руините.
Селото било обновено во втората половина на век. Како обновувачи на селото се наведуваат предците на денешните родови Пејовци и Илкови. Во првата половина на (1835 г.) од ова село се споменува некој Арсениј, кој приложил нива на Лешочкиот манастир.
Волковскиот манастир се наоѓал јужно од селото на возвишението Чука. Таму се наоѓаат два големи карпести крста и покрај нив во 1927 година мештаните подигнале капела. Секоја година на Ѓурѓовден се собираат жителите на полошките села.
Во 1936 година, во Волковија била подигната голема црква посветена на Света Мина, а претходно на нејзино место се наоѓала мала црква.
Волковчани имале проблеми и за време на Втората светска војна кога италијанските и балистичките формации во повеќе наврати го пустошеле селото. Во тоа време двајца селани на соседното муслиманско село Чегране дошле да ги чуваат волковчани. Балистички групи често го ограбувале населението. На нивите бил особено активен деруводеџија кој земал пари и стока од селаните. Волковчани активно биле вклучени во народно ослободителната војна. Со ослободувањето многу од нив зеле воени пензии.
Селото еднаш било зафатено од голем катастрофален пожар, во кој настрадале најголем број од селските куќи и плевни. Пожарот настанал од искри кои зафатиле ѕид натрупан со слама.
Стопанство
Атарот на селото е голем и зафаќа простор од 22,1 километар квадратен. На него пасиштата заземаат површина од 1.241,5 хектари, на шумите отпаѓаат 449,7 хектари, а на обработливото земјиште 359,5 хектари.
Во основа, селото има мешовита земјоделска функција.
Преостанатото население главно се занимава со земјоделство и сточарство. Најмногу се одгледуваат грав, пченка и пченица, а во селото бил изграден систем за наводнување. Во минатото, во селото работела фабрика за столарија и обработка на дрво „Кверкус“, која произведувала и продавала готови производи и во нејзе работеле жители на селото. Во селото долги години постои и рибни изграден од волнарскиот комбинат „Тетекс“, кој денес е даден под концесија. Во селото има и две живинарски фарми.
Во минатото постоела традиционална воденица, со која селаните го мелеле житото и добивале наменско брашно. Денес, воденицата не е во функција, но постои како напуштен објект.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Волковија живееле 640 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.212.
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Волковија имало 600 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.122-123.
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, селото било дел од Стенчевска општина и имало 103 куќи и 1.004 жители, Македонци.Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр. 24.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 650 Македонци.
Селото е зафатено со значително иселување. Така, во 1961 година селото броело 601 жител, од кои само 10 жители биле Албанци, а другите Македонци, додека во 1994 година бројот се намалил на 269 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, селото имало 270 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 188 жители, од кои 179 Македонци, 1 Албанец и 8 лица без податоци.
Родови
Волковија е македонско православно село.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се: Доселеници: Пејовци или Чучевци (12 к.), се викаат и Сулаковци. Доселени се од соседното село Тумчевиште. П. Јовановиќ за нив слушал дека се доселени од Охридско. Се сметаат за први доселеници во ова село. Од Тумчевиште се доселил нивниот предок Пејо. Го знаат следното родословие: Васил (жив, 66 години во 1947 г.)-Анто-Кузман-Мако-Пејо, кој се доселил во селото. Куќите им се во Љуманоско маало. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство), Тетово (четири семејства), Скопје (пет семејства), Бугарија (две семејства) и во Романија (три семејства); Плковци (8 к.), доселени се од некое околно полошко село. Нивните предци работеле на манастирскиот имот. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Софија (едно семејство); Мајсторовци или Арсовци (20 к.), доселени се од сега муслиманско-албанското село Гајре над Тетово на падините на Шар Планина. Од Гајре се иселиле браќата Арсо и Деспот. Некој предок од овој род бил свештеник во Волковија. Подоцна предците биле терзии и затоа се нарекле Мајсторовци. Го знаат следното родословие: Штерјо (жив, 35 години во 1947 г.)-Томе-Сатир-Кузман-Арсо, еден од браќата кои се доселиле во 1810-тите. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство), Гостивар (едно семејство) и во Букурешт (едно семејство); Стефановци или Кокалевци (4 к.), доселени се од селото Сретково, таму биле староседелци; Стојковци или Батевци (13 к.), се викаат уште и Куртишовци. Доселени се однекаде; Аврамовци (21 к.), доселени се од сега муслиманско-албанското село Глумово во Скопски Дервен. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство), Скопје (четири семејства), Белград (две семејства) и во Софија (две семејства); Ѓоќевци (11 к.), ги викаат уште и Цинцари. Доселени се од Крушевско. Овде се доселиле четири браќа. Од браќата само еден останал овде (Ѓоко), додека другите се иселиле во Скопје и Чегране. Еден од браќата иселен во Чегране прешол во ислам, и неговиот род таму се вика Ќосевци. Ќосевци и Ѓокевци одржувале роднински односи и се посетувале. Од овој род има иселеници во Брвеница, Тетово (едно семејство), Скопје (две семејства) и во Софија (шест семејства); Илчевци или Џидаковци (9 к.), доселени се однекаде во 1780-тите. Го знаат следното родословие: Здраве (жив, 70 години во 1947 г.)-Јован-Димитрија-Илче-Трпе, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Скопје (едно семејство); Бајчиновци или Мустафовци (10 к.), доселени се од селото Железна Река во 1800-тите. Таму биле староседелци. Го знаат следното родословие: Стојче (жив, 50 години во 1947 г.)-Петре-Спасен-Стојче-Речко, предокот што се доселил. Бидејќи Железна Река е на граница со Порече, во селото ги викале и Поречани, додека името Мустафовци го добиле по некој предок кој бил сличен на некој муслиман Мустафа. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство) и во Софија (едно семејство); Трипуновци или Руклевци (5 к.), доселени се од селото Гајре на Шар Планина. Таму биле кумови со споменатиот род Мајсторовци. Кумството го одржуваат и во ова село. Во Волковија се доселиле тројца браќа во 1810-тите: Трипун, Димитрија и Груне. Го знаат следното родословие: Васил (жив, на 42 години во 1947 г.)-Груне-Мите-Груне-Трипун. Имаат иселеници во Софија (две семејства); Грубановци (5 к.), доселени се однекаде. Имаат иселеници во Беловиште, Скопје (едно семејство) и во Софија (едно семејство); Пуќаровци (1 к.), доселени се однекаде. За нив се вели дека тешко се множат. Имаат иселеници во Скопје (едно семејство) и во Романија (едно семејство); Кољовци или Ќалишовци (4 к.), доселени се од селото Беловиште кај Гостивар. Таму биле староседелци; Телепуќовци (2 к.), имаат исто потекло како и претходниот род. Ги викаат уште и Турчанци (по селото Беловиште). Таму биле староседелци. Имаат иселеници во Романија (едно семејство); Шабановци (3 к.), доселени се од сега раселеното село Смрдеш на Сува Гора. Овде живеат од средината на XIX век; Војновци (1 к.), доселени се однекаде. Порано биле терзии. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство), Тетово (едно семејство), Скопје (едно семејство) и во Варна (едно семејство); Ќумбаковци (1 к.), потекнуваат од предокот Дамјан кој се доселил како домазет од соседното село Стенче. Овде влегол во куќата која припаѓала на родот Јанкуловци (во 1947 година целосно иселени). Имаат иселеници во Тумчевиште и Фалишани (2 к.), доселени се од селото кое сега не постои, а тоа е Горно Фалише.
Иселеништво