Небојша Јаконов (, Србија, - , ) — македонски новинар. Бил еден од врвните аналитичари на македонските општествени текови.

Животопис Јаконов е роден во српскиот град Земун во 1954 година. Дипломирал на катедрата за историја на уметноста при Филозофскиот факултет во Скопје. Со новинарство почнал да се занимава во средината на 80-тите години, во весникот „Вечер“, каде што работи како новинар во комуналната и во културната рубрика. Бил еден е од основачите на неделникот „Пулс“, каде што работел од 1991 до 1999 година. Во „Утрински весник“ бил од првиот број како уредник на рубриките „Живот“ и „Стил“. Починал на 11 август 2009 година по долго и тешко боледување. Смртта го затекнала на местото помошник-главен и одговорен уредник на неделникот „Глобус“, каде што исто така работел од неговиот прв број. Автор е на книгите „Столб на куќата што се урива“ (ISBN 978-9989-189-90-6) и II годишна изложба на здружението на фоторепортери на Македонија (ISBN 9989-2137-0-4).

Наводи

Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски публицисти