Собри — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Сретселото
Селото се наоѓа во областа Бојмија, во југоисточниот дел на територијата на Општина Валандово, во Валандовското Поле. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 170 метри. Од градот Валандово, селото е оддалечено 13 километри.
До селото може да се дојде преку два локални патишта, едниот кој се двои од регионалниот пат 1105, пред селото Дедели, додека другиот се двои од локалниот пат пред селото Чалакли.
Селото е сместено во јужното подножје на планината Беласица. Традиционално се дели на Горно и Долно Собри.
Историја
Подрачјето на Собри е населено барем од железното време, за што сведочат остатоци на некрополи на наоѓалиштата Бела Чешма и Гробишта.
Стопанство
мини|300п|десно|Селската продавница
Атарот зафаќа површина од 7,6 км2. На него шумите заземаат површина од 414 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 217 хектари, а на пасиштата 113 хектари.
Во селото во минатото работеле две продавници.
Население
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото Горно Собри имало 30 домаќинства со 65 жители муслимани, додека селото Долно Собри имало 15 домаќинства со 54 жители христијани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 194-195.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Собри живееле 255 жители, од кои 135 Турци, 90 Македонци и 50 Роми.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 163.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.
Селото е мало, населено со македонско население. Така, селото во 1961 година имало 244, а во 1994 година 250 жители.
Според пописот од 2002 години селото Собри има 225 жители од кои 217 Македонци и 8 Срби.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 180 жители, од кои 172 Македонци, 1 Србин, 1 останат и 6 лица без податоци.
Општествени установи
Поранешно основно училиште „Гоце Делчев“ Дом на културата Месна заедница
Самоуправа и политика
Во век, Собри било село во рамките на Дојранската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дедели, во која покрај селото Собри се наоѓале селата Дедели, Казандол, Прстен, Татарли и Чалакли. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Чалакли, во која влегувале селата Прстен, Собри, Татарли и Чалакли.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0300 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 158 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 159 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Димитриј“
Археолошки наоѓалишта Голема Црква — средновековна црква и некропола; Гробишта — некропола од железно време; и Бела Чешма — некропола од железно време.
Цркви Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква
Галерија
Поврзано Општина Валандово Валандово Бојмија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Валандовски села Категорија:Села во Општина Валандово