Честево или Честово — раселено село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.
Денес, на местото на некогашното село одвај и да се видливи остатоци од некои од куќите во селото.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Руинирана куќа во селото
Селото се наоѓало во јужниот дел на територијата на Општина Валандово, јужно од градот Валандово, оддалечено од него на околу 2 километри. Се наоѓало на левиот брег на Анска Река, сместено на надморска височина од 140 метри.
До некогашното село води земјен пат, кој се издвојува од регионалниот пат 1105.
Историја
мини|300п|десно|Панорама на селото во 1931 година
За време на отоманскиот период селото било познато под името Тестово.
Стопанство
Атарот на селото е мал и зафаќа површина од само .
Население
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 90 домаќинства со 263 жители, од кои 26 муслимани и 237 христијани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 192-193.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Честево живееле 309 жители, од кои 230 Македонци христијани, 65 Турци и 14 Роми.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 162. Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Честево имало 23 Роми,Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, pp. 100-101. што значи дека македонското население, кое било огромно мнозинство, го напуштило селото во текот на претходните пет години.
Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Чештово (Чещово) живееле 60 Роми муслимани.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 246.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.
Честево било наполно напуштено во 1961 г. кога последните 12 жители (сите Турци) заминале во Турција, но денес го задржало статусот на село.
Самоуправа и политика
На крајот од XIX век, Честево било мешано македонско-турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Валандовска градска општина, во која покрај селото Честево се наоѓале градот Валандово и селата Балинци, Брајковци, Грчиште, Марвинци, Пирава и Раброво. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната градска општина Валандово, во која влегувале градот Валандово и селата Дедели, Раброво и Честово.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0283 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на културниот центар „25 Мај“ на град Валандово.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 581 гласач.
Поврзано Општина Валандово Валандово Бојмија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Валандовски села Категорија:Села во Општина Валандово Категорија:Раселени села во Македонија