Риза-Гросенхајн () — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од север надесно) окрузите Елба-Елстер и Горен Шпревалд-Лужица во сојузната покраина Бранденбург и Каменц, Мајсен, Дебелн и Торгау-Ошац во Саксонија.

Историја

Округот бил создаден во 1994 година со спојување на двата претходни окрузи Риза и Гросенхајн. Во август 2008, бил припоен кон округот Мајсен.

Географија

Округот се наоѓа во низина, северно од виртуелната линија, која ги поврзува Лајпциг и Дрезден. Главна река е Елба, која тече низ округот од југ кон северозапад.

Грб

130п|ГрбГранките од липа во левиот дел на грбот ја симболизираат природата на округот и исто така симбол за Риза, бидејќи биле присутни во грбот на Риза од 1623. Црниот лав на жолта основа е за Гросенхајн, бидејќи бил присутен во грбот на градот Гросенхајн. Запченикот долу ја симболизира индустриската традиција во округот, главно производствот на железо и челик, инженерство и текстил.

Градови и општини

ГрадовиОпштиниГредиц Гросенхајн Риза ШтрелаЕберсбах Глаубиц Хирштајн Лампертсвалде Наувалде Нинхриц Пристевиц Редерауе Шенфелд<li>Штаухиц <li>Тауша <li>Тиндорф <li>Вајсиг на Рашиц <li>Вилденхајн <li>Вилкниц <li>Цабелтиц <li>Цајтхајн

Надворешни врски Официјална страница