Михал Квјатковски (; р. ) — полски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .

Квјатковски е сметан за силен универзален возач, со добри вештини за спринтање, искачување и хронометарски вештини, што му дозволува да освојува етапни трки и класични еднодневни трки. Неговиот талент рано се покажал во кариерата, освојувајќи го Светското јуниорско хронометарско првенство во 2008 година. Во 2014 година, Квјатковски станал светски друмски првак и бил член на екипата , со која го освоил Светското првенство во екипен хронометар 2013. Во 2017 година, го освоил својот прв монумент, Милано-Санремо 2017.

Кариера Рана кариера

Квјатковски е двоен европски првак (друмска трка 2007, хронометар 2008). Во 2009 станал национален друмски првак во категоријата под 23 години. Исто така освоил етапа на Трката околу Словачка. Станал професионалец во 2010 со , а во 2011 му се приклучил на и се пласирал на третото место во генералниот пласман на Три дена Западна Фландрија, Три дена Де Пане и Тур ду Поату-Шарент.

Омега Парма-Квик Степ (2012-2015) 2012

Квјатковски се преселил во за сезоната 2012. Постигнал голем успех со екипата, победувајќи на прологот на Три дена Западна Фландрија. Исто така завршил втор во генералниот пласман на домашната трка Трката околу Полска и осми во генералниот пласман на Енеко Тур.

2013

upright|thumbnail|лево|Квјатковски во белата маичка на Тур де Франс 2013

Квјатковски ја започнал сезоната 2013 во одлична форма, завршувајќи седми на Волта ао Алгарве. Потоа завршил четврти во генералниот пласман на Тирено-Адријатико каде го освоил пласманот за млад возач, откако се покажал како еден од најсилните искачувачи на трката. Завршил на четвртото место на врвот Прати ди Тиво, кога го преземал водството на трката од колегата Марк Кевендиш, пред да го изгуби наредниот ден. Потоа, Квјатковски возел на класиците, завршувајќи четврти на Амстел Голд Рејс и петти на Флеш Валон. Во јуни, го освоил националното друмско првенство по првпат.

Одличната форма на Квјатковски му го донело местото во екипата на Тур де Франс. Ја носел белата маичка како предводник во пласманот за млад возач во првата недела откако завршил трет на втората етапа и четврти на третата етапа, обете редуцирани масовни спринтови. На седмата етапа повторно завршил на четвртото место. На деветтата етапа (планинска етапа) повторно стигнал до подиумот. Со силниот поединечен хронометар успеал да ја поврати белата маичка на единаесеттата етапа, но го загубил водството кратко потоа од Матео Трентин. Иако ја изгубил белата маичка, сепак успеал да заврши на 11. место на неговиот прв настап на Тур. Подоцна во сезоната бил првиот полски велосипедист, кој освоил медал на Светските друмски првенства, кога го освоил екипниот хронометар со неговата екипа .

2014

Во 2014 година, Квјатковски победил на италијанскио класик Страде Бјанке. Го следел силниот напад на Петер Саган на 20 километри пред крајот и двоецот соработувал добро додека Квјатковски не го претекнал Саган на последното искачување до Сиена. Го освоил третото место на Лиеж-Бастон-Лиеж, како и на Флеш Валон, а на Амстел Голд Рејс завршил на петтото место.

Во септември, ја презел водечката маичка на Трката околу Британија по победата на четвртата етапа преку спринт на шесторица возачи. На крајот, завршил втор во генералниот пласман и го освоил бодовниот пласман.

мини|десно|Квјатковски на подиумот по победата на Светското друмско првенство

Подоцна истиот месец, станал првиот полски велосипедист кој победил на Светското друмско првенство. Квјатковски имал соло напад на седум километри пред целта при спуст. И покрај доцниот напад, успеал да го одржи водството и да помине сам низ целта, освојувајќи ја виножито маичката. По трката, Квјатковски го објавил своето возење на Страва (спортска апликација), што помогнало да се одреди неговата статистика за трката. Се искачил 5.106 метри и изгубил 6.338 килокалории во текот на трката со време од 6:29:45, произведувајќи просечна сила од 240 вати со просечни срцеви отчукувања од 148 во минута. Прва трка на која возел со виножито маичката била Џиро ди Ломбардија и завршил на 77. место.

2015

мини|лево|Квјатковски ја носел маичката виножито на Тур де Франс 2015

Пред да стане светски првак, Квјатковски најавувал дека почетокот на 2015 година ќе му биде помалку агресивна отколку 2014 и дека ќе започне со поголемите трки подоцна. Ги искористил Волта ао Алгарве и Париз-Ница како подготовка за класичните трки, каде завршил втор на две трки. Во април, Квјатковски ја освоил престижната победа на Амстел Голд Рејс. По последното искачување на Кауберг, забрзал да ја достигне малата група предводена од Филип Жилбер. Пред целта се создала група од петнаесет возачи и Квјатковски успеал да победи во спринтот и да стигне до победата.

Го напуштил Тур де Франс 2015 на седумнаесеттата етапа.

Тим Скај (2016-) 2016

На 27 септември 2015 година, го објавиле потпишувањето со Квјатковски за сезоната 2016.

На 25 март 2016 година, Квјатковски го освоил својот прв калдрмисан класик, Е3 Харелбеке, со претекнување на Петер Саган откако двоецот се одвоил од групата на 30 километри пред целта.http://www.cyclingnews.com/races/e3-harelbeke-2016/results/

Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016, но се откажал на седмата етапа.

2017

мини|десно|Михал Квјатковски победил на Милано-Санремо 2017 со тесна разлика од Петер Саган и Жилијан Алафилип.

На 4 март 2017 година, Квјатковски победил на Страде Бјанке по нападот од група на четворица фаворити на трката на околу 15 километри пред целта и успеал сам да се одвоил за победа на трката во Сиена. Со тоа, станал втор возач, по Фабијан Канчелара, кој освоил повеќе изданија на трката.

Подоцна во месецот, Квјатковски го освоил Милано-Санремо 2017 во трочлен спринт пред светскиот првак Петер Саган () и возачот на , Жилијан Алафилип, откако тројцата се одвоиле на завршното искачување на трката – Поџо ди Санремо. Ова му било прва победа на некој од монументите.

На 16 април, Квјатковски го освоил второто место на Амстел Голд Рејс, откако бил поразен од Филип Жилбер () во меѓусебната спринтерска завршница.

upright|мини|лево|Квјатковски на Тур де Франс 2018.

Бил избран во составот на Скај за Тур де Франс, благодарение на неодамнешните успеси, исполнувајќи ја целта да вози на Тур со предводникот на екипата Крис Фрум. Завршил осми на воведната етапа во Диселдорф, како и втор на завршниот хронометар во Марсеј. Меѓутоа, имал несебична поддршка на Фрум, поради што бил наречен и супер-помошник, особено на четиринаесеттата етапа и на петнаесеттата етапа, кога го поклонил своето задно тркало на Фрум, кога тој имал механички проблем.

На 29 јули ја освоил трката Класика де Сан Себастијан претекнувајќи ги Тони Галопен и Бауке Молема. Една недела подоцна потпишал тригодишно продолжување на својот договор со Тим Скај.http://www.cyclingnews.com/news/kwiatkowski-agrees-new-three-year-deal-with-team-sky/

2018

На Волта ао Алгарве 2018 во февруари, Квјатковски, додека бил на второто место зад колегата Герајнт Томас, се нашол во бегство од 31 член кое се одвоило на почетокот на завршната етапа. Квјатковски ја освоил етапата и со тоа и трката за 1 минута и 31 секунда пред Томас.

Во март, Квјатковски повторно ја презел водечката маичка од Томас на Тирено-Адријатико, кога Томас имал механички проблем на 1,5 километри од врвот на последното искачување на четвртата етапа, што му донело да изгуби 34 секунди и водечката сина маичка. Квјатковски ја освоил трката на крајот.

Во јули, Квјатковски повторно одиграл поддржувачка улога за Тим Скај на Тур де Франс 2018, помагајќи му на Томас да ја освои трката, а Крис Фрум да заврши трет.http://www.cyclingnews.com/news/local-star-kwiatkowski-in-the-limelight-at-tour-de-pologne/ Една недела по Тур де Франс, на почетокот на август, Квјатковски возел на домашната трка, Трка околу Полска. Ја освоил четвртата етапа и успешно го одбранил водството на следните етапи, со што ја освоил трката на крајот.

Достигнувања

2007 1. 20п Европско јуниорско друмско првенство 2. Европско јуниорско хронометарско првенство 2008 1. 20п Европско јуниорско хронометарско првенство 1. 20п Светско јуниорско хронометарско првенство 3. Европско јуниорско велодромско првенство — Бодовна трка 2009 1. 20п Национално друмско првенство под 23 години 1. Етапа 2 Трка околу Словачка 4. Меморијал Хенрика Ласака 4. Гран Премио дела Либерационе 7. Џиро дел Мендрисиото 10. Пухар Уздровиск Карпацкич 2010 4. Краен пласман Шлаким Гродов 7. Краен пласман Волта ао Алентежо 2011 3. Краен пласман Три дена Западна Фландрија 3. Краен пласман Три дена Де Пане 3. Краен пласман Тур ду Поату-Шарент 6. Гран при де Валони 2012 1. Пролог Три дена Западна Фландрија 2. Краен пласман Трка околу Полска 8. Краен пласман Енеко Тур 2013 1. 20п Светско првенство во екипен хронометар 1. 20п Национално друмско првенство 2. Национално хронометарско првенство 2. Краен пласман Волта ао Алгарве 4. Краен пласман Тирено-Адријатико 1. Етапа 1 (ТТТ) 1. 20п Пласман за млад возач 4. Амстел Голд Рејс 5. Флеш Валон 5. Гран при де Валони 2014 1. 20п Светско друмско првенство 1. 20п Национално хронометарско првенство 1. 20п Краен пласман Волта ао Алгарве 1. Етапа 2 1. Етапа 3 (ITT) 1. Трофео Сера де Трамунтана 1. Страде Бјанке 1. Пролог (ITT) Тур де Романди 1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико 2. Краен пласман Трка околу Баскија 1. 20п Бодовен пласман 2. Краен пласман Трка околу Британија 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 4 3. 15п Светско првенство во екипен хронометар 3. Флеш Валон 3. Лиеж-Бастон-Лиеж 5. Амстел Голд Рејс 7. Трофео Сес Салинес 2015 1. Амстел Голд Рејс 2. 15п Светко првенство во екипен хронометар 2. Краен пласман Париз-Ница 1. 20п Пласман за млад возач 1. Пролог (ITT) 2. Краен пласман Волта ао Алгарве 4. Дварс дор Вландерен 8. Светско друмско првенство 8. Краен пласман Трка околу Баскија Тур де Франс 20п Награда за борбеност на етапите 2 и 12 2016 1. Е3 Харелбеке 1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања 2. Трофео Поленка-Порт де Андрат 2. Трофео Сера де Трамунтана 8. Краен пласман Тирено-Адријатико 2017 1. 20п Национално друмско првенство 1. Милано-Санремо 1. Класика де Сан Себастијан 1. Страде Бјанке 2. Краен пласман Волта ао Алгарве 2. Амстел Голд Рејс 3. 15п Светско првенство во екипен хронометар 3. Лиеж-Бастоњ-Лиеж 5. Краен пласман Трка околу Британија 6. Светска турнеја 7. Флеш Валон 2018 Национални првенства 1. 20п Друмска трка 3. Хронометар 1. 20п Краен пласман Тирено-Адријатико 1. 20п Краен пласман Трка околу Полска 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 4 1. Етапа 5 1. 20п Краен пласман Волта ао Алгарве 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 2 1. Етапа 5 Критериум ди Дофине 1. Пролог 1. Етапа 3 (ТТТ) 4. Светско хронометарско првенство 20п Награда за борбеност на етапа 14 на Вуелта а Еспања 2019 3. Краен пласман Париз-Ница 1. 20п Бодовен пласман 3. Милано-Санремо 10. Краен пласман Трка ОАЕ

2022 1. Амстел Голд Рејс Распоред на резултатите

Распоред на резултатите на големите трки Голема трка 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро 136 — — — — — — 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур — 11 28 СО — 57 49 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта — — — — СО — 43 Распоред на резултатите на етапните трки Етапна трка 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 20п Париз-Ница — — —2 — — —3 20п Тирено-Адријатико —4 18 —8 27 — Волта а Каталуња — — — — — — — — 20п Трка околу Баскија — —28 —30СО 20п Тур де Романди — — СО — СО — — 20п Критериум ди Дофине — СО СО — СО 43 49 20п Тур де Свис — — — 71 — — —

СО = се откажал; — = не учествувал

Распоред на резултатите на класиците