Нова Гвинеја или Папуа е втор најголем остров во светот по Гренланд. Нова Гвинеја има вкупна површина од 786.000 км2. Островот се наоѓа во југозападниот Тихи Океан и географски се наоѓа во источниот дел од Малајскиот Архипелаг, со кој понекогаш се вклучуваат во поголемиот Индоавстралиски Архипелаг.;
Административна поделба
Островот е поделен на грубо кажано два еднакви дела во правец север-југ.
Западниот дел од островот е под управа на Индонезија, а пред тоа бил колонија на Холандија. Денес овој дел е поделен меѓу индонезиските покраини: Западна Папуа со главен град Маноквари. Папуа со главен град Џајапура. Источниот дел од островот е независна држава Папуа Нова Гвинеја. На источниот дел во Папуа Нова Гвинеја се наоѓаат покраините Централна, Симбу, Источни гори, Источен СепикЕнга, Заливна, Маданг,Моробе, Оро, Јужни Гори, Западна, Западни Гори, Западен Сепик, Милне Беј, Округ на националниот главен град.
Наводи
Надворешни врски Факсимила на материјал од „Откривањето на Нова Гвинеја“ од Џорџ Колингриџ Научниците го поздравуваат откривањето на стотици нови видови во Нова Гвинеја PapuaWeb
Категорија:Острови во Океанија Категорија:Острови во Азија Категорија:Острови на Индонезија Категорија:Поделени региони