Бостонскиот универзитет (скр. BU) е приватен истражувачки универзитет сместен во Бостон, Масачусетс. Со повеќе од 4000 членови од наставниот кадар и повеќе од 31.000 студенти, Бостонскиот универзитет е еден од најголемите приватни универзитети во САД и еден од најголемите работодавачи во Бостон. Овој универзитет е не – секташки, но е историски поврзан со Обединетата Методистичка Црква. Бостонскиот Универзитет е категоризиран како RU/VHR Истражувачки универзитет (Истражувачки активности на многу високо ниво) според Карнегиската класификација на институции од Високо Образование. Во 2009-2010, БУ имаше расходи за истражувања кои изнесуваа 407.8 милиони долари, или 553 милиони долари доколку се вклучат и истражувањата од Медицинскиот факултет при Бостонскиот Медицински центар. БУ е член на Бостонскиот конзорциум за високо образование. Универзитетот нуди диплома од прв степен на студии, од втор степен на студии (магистер), и диплома од трет степен на студии (докторат), како и медицински и стоматолошки дипломи од 18 школи и колеџи на два урбани кампуси. Главниот кампус е сместен покрај реката Чарлс во Бостонските Фенвеј – Кенмор и Олстон соседствата, додека Медицинскиот кампус на Бостонскиот универзитет е сместен во Бостонското Саут енд соседство. БУ исто така оперира со 75 студии во странство во повеќе од 33 градови и преку 20 држави, и нуди прилики за стажирање во 10 различни земји (вклучувајќи ги земјите од САД и надвор) Кошаркарскиот тим на Бостонскиот универзитет ТЕРИЕРИ се натпреваруваат во првата дивизија на НЦАА лигата. Атлетските тимови на универзитетот се натпреваруваат во АМЕРИКА ИСТОК, ХОКЕЈ ИСТОК, и конференцијата на КОЛОНИЈАЛНАТА АТЛЕТСКА АСОЦИЈАЦИЈА, нивна маскота е РЕТ – Бостонскиот Териер. Исто така БУ е познат во Хокеј за мажи, во кој има освоено 5 национални првенства, најскоро во 2009 година. Историја
Претседатели на Бостонскиот универзитет Вилијам Ферфилд Ворен 1873 – 1903 Вилијам Е. Хантингтон 1904 – 1911 Лемјуел Х. Марлин 1911 – 1924 Едвинд Холт Хјуз Мај – Септември 1923 Вилиам Ф. Андерсон 1925 – 1926 Даниел Л. Марш 1926 – 1950 Херолд Ц. Кејс 1950 – 1967 Арланд Краст – Џанер 1967 – 1970 Келвин Б. Т. Ли 1970 Џон Силбер 1971 – 1996 Џон Вестлинг 1996 – 2003 Џон Силбер 2003 – 2004 Арам Кобаниан 2004 – 2006 Роберт А. Браун 2006 – и сè уште
Претходни институции и Универзитетска повелба Бостонскиот Универзитет влече свои корени во воспоставувањето на Њубурискиот Библиски Институт во Њубури, Вермонт, во 1839 година, и со Легислатурата на Масачусетс во 1869 е прекрстено во “Бостонски Универзитет”. Во Април 24 – 25 1839 група на Методистички свештеници од Оулд Бромфилд Стрит црквата во Бостон гласаа да се изгради Методистичка – теолошка школа. Школата беше изградена во Њубури, Вермонт, и беше крстена Њубуриски Библиски Институт. Во 1847, Соборното Друштво во Конкорд, Нов Хепшиср, го покани институтот да се премести во Конкорд, и им ја понуди зградата на една напуштена Соборна црква со капацитет од 1200 луѓе. Други граѓани на Конкорд ги покрија трошоците за реновирање на зградата. Еден од условите на поканата беше Институтот да остане во Конкорд најмалку 20 години. Повелбата издадена од Њу Хемпшир го назначи школото во “Генерален Методистички Институт”, но луѓето го викаа “Конкордски Библиски Институт”. Кон крајот на договорените 20 години од Институтот, Доверителите на Конкордскиот Библиски Институт купија 30 ари земја (120 000 м2) во Аспинвол Хил во Бруклин, Масачусетс, бидејќи сметаа дека можно е релокацијата на Институтот да биде на тоа место. Институтот се премести во 1867 година во 23 Пикни Улица во Бостон и доби Повелба од Масачусетс како “Бостонски Теолошки институт.” Во 1869, тројца доверители на Бостонскиот Теолошки Институт добија повелба од Масачусетската Легислатива за Универзитет којшто треба да се вика “Бостонски Универзитет”. Овие тројца доверители беа успешни Бостонски стопанственици и методисти. Тие станаа основачите на Бостонскиот Универзитет. Тие се Ајзак Рич (1801 – 1872), Ли Клафлин (1791 – 1871), и Џејкоб Слипер (1802 – 1889). Домовите на трите Западни кампуси на Универзитетот се крстени по нивните имиња. Синот на Ли Клафлин, Вилијам, тогаш беше Гувернер на Масачусетс и ја потпиша Повелбата за Универзитет на 26 Мај 1869. Кејтлин Килгор во нејзината книга “Transformations, A History of Boston University” напишала”: На ниеден инструктор во споменатиот Универзитет не смее да му се побара од страна на доверителите да биде член на некое религиозно движење, и на ниеден студент не смее да му се одбие приемот на Универзитетот на сметка на неговите религиозни сфаќања; освен на Теолошкиот оддел на споменатиот Универзитет. Сите оддели на Универзитетот се отворени за сите подеднакво, без разлика на полот, бојата, или (со исклучок на Теолошкиот оддел) религијата. Раните години (1870 – 1900) Бостонскиот Теолошки институт беше претворен во Бостонски Универзитет а во 1871 беше отворена Школа за Теологија при Бостонскиот Универзитет. Во Јануари 1872 Ајзак Рич умре, оставајќи огромент дел од својот имот да се довери на Бостонскиот Универзитет после 10 годишниот раст додека Универзитетот да се организира. Огромен дел од неговата оставнина се состоше од недвижнини низ центарот на Бостон и беа проценети на повеќе од 1.5 милиони долари. Килгор ова го опиша како најголемата донација на еден Американски Универзитет или колеџ во тоа време. Во Декември, Големиот Бостонски пожар во 1872 ги уништи сите освен една зграда кои Рич ги остави на Универзитетот, и компаниите за осигурување кај кои беше осигуран целиот негов имот беа во банкрот. Вредноста на неговиот имот, кога го наследи Универзитетот во 1882, вредеше само пола од онаа вредност која имотот го имаше во 1872 година. Како резултат на ова, Унверзитетот не можеше да го изгради испланираниот кампус на Аспинвол Хил и земјата беше продадена парче по парче како развојни парцели. Имињата на улиците во областа како Клафлин Роуд, Клафлин Пат, и Јуниверзити Роуд, се единствените докази кои ги поседува Универзитетот во оваа област. Бостонскиот Универзитет ги втемели своите објекти во згради расфрлани во помалку привлечните делови на Бикон Хил, и подоцна се прошири во Бојлстон улицата и областа околу плоштадот Копли пред да го изградат кампусот на реката Чарлс во 1937 година
20 век и поставувањето на Кампусот кај реката Чарлс Обидувајќи се да го обедини географски поделениот Универзитет и да овозможи да учествува во развојот на градот, претседателот на Универзитетот Лемјуел Марлин успеа да се спогоди Универзитетот да го купи денешниот кампус покрај реката Чарлс. Помеѓу 1920 и 1928 година, универзитетот купи 15 ари (61. 000 м2) земја. Плановите за крајбрежен четириаголниг со административна кула моделирани на “Стариот Бостонски Труп”, Англија беа измерени уште во доцните 20-ти години од XXти век кога Државната областна комисија искористи познато подрачје за да присвои речна земја за Стороу Драјв. Преку кампањи за собирање на средства организирани од Марлин, Универзитетот полека го наполни буџетот за изградба на новиот кампус. До пролетта 1936 година во Универзитот имаше 10.384 студенти. Во 1951 година, Херолд Кејс стана петтиот претседател на Универзитетот, и под негова команда карактерот на кампусот драматично се промени, бидејќи се обидуваше да го трансформира во Национален Истражувачки Универзитет. Пред да се пензионира Кејс (1967) кампусот се зголеми за трипати односно имаше површина од 45 ари (180, 000 м2), и додаде 68 нови згради. Беа изградени првите големи студентски домови, Клафлин Хол, Рич Хол и Слипер Хол, и во 1965 година започна изградбата на студентскиот дом 700 Комонвелт Авенија, подоцна именуван како Ворен Тауерс, студентски дом дизајниран да смести 1800 студенти. Помеѓу 1961 и 1966 година изградени се БУ Зградата на Законот, Унијата на Џорџ Шерман, и Мугар Меморијалната Библиотека, тие се изградени во Бруталистички стил, тоа претставуваше оддалечување од Универзитетската традиционална архитектура. Колеџот за Инженерство и Колеџот за Комуникации беа сместени во некогашна штала и во некогашен Авто салон. И покрај напорите да го прошири заспаниот Универзитет во соперник на Поголемите Бостонски престижни академски институции, како Универзитетот во Харвард и Инститот за Технологија во Масачусетс (МИТ) (двете институции се наоѓаат во Кембриџ покрај реката Чарлс во кампусот на Б.У), Кејс се вклучи во стартот на Студенско/Општествената пресвртница која дојде до израз во 60-тите години од XXти век. Кога дојде до мали препирки за уредничка статија во Студентско радио WBUR-FM – чии канцеларии беа под јарболот на голема антена пред Школото за Односи со Јавноста и Комуникации(Подоцна Колеџ за Комуникации) почна да се развива во пролетта 1964 година, Кејс ги убеди Универзитетските доверители дека Универзитетот треба да ја преземе далеку слушаната радио станица. Доверителите го одобрија отпуштањето на Менаџерите на радиото кои беа студенти и го насочија радиото на политика со програмирање и уредување, кое што беше водено од Џим Тистл, Подоцна големо име во Бостонската известувачка средина. Спорот помеѓу Кејсовата конзервативна администрација и одеднаш активното и либерално студентско тело доведоа до други спорови во Штампата на Б.У, како на пр. Спорот помеѓу Б.У Новости и СКАРЛЕТ, весник кој го издава братството. Исто така за време на претседателството на Џон Силбер, Универзитетот доживеа големи експанзии. Во доцните 70-ти, Клиниката Лахи беше преместена од 605 Комонвелт Авенија во Барлингтон, Масачусетс. Изпразнетата зграда беше купена од Б.У и тука го сместија Училиштето за Едукација. Во доцните 90-ти, поради недостатокот на чувстото за “Кампусивното” чувство и физичката поделеност меѓу источниот и западниот дел на кампусот активира нов бран на развој. Со намера за обединувањето на двата Кампуси беше изградено студентското село Џон Хенкок (StuVi). Во овој комплекс беа вклучени нов Центар за Рекреација и Фитнес (FitRec), голема повеќенаменска арена, и три нови Студентски Домови, еден од нив беше отворен во 2000 година, а другите два беа завршени до есента 2009 година, вклучувајќи 26 катна зграда(највисока во кампусот). 19 и 26 катната зграда, познати како StuV – II, сместуваат 960 студенти, и со тоа овозможија да се сместат 80 проценти од 16.000те студенти. Покрај Студентското село Џон Хенкок, исто така и други проекти беа завршени под раководството на Силбер. Почнувајќи од изградбата на центарот за Фотоника за студиите на светлина, до изградбата на зградата за Животна наука и Инженерство за интердисциплинарни истражувања, па сè до реновирањето на 928та Комонвелт Авенија со цел да се создаваат постојани живеалишта за Училиштето за Гостопримлива Администрација (SHA).+
21 век Претседателството на Д-р Роберт Браун, кое започна во 2005 година, ќе тежнее кон зацврстување на инфраструктурата на кампусот која ја започна Кејс а ја продолжи Силбер. Особено Браун го обврза Универзитетот да инвестира 1.8 милијарди долари во пополнување на овој 10 – годишен стратешки план, посветувајќи се кон нови ресурси за отворање на нови вкрстени колеџ шанси за додипломците, унапредувајќи ги академските и сместувачките капацитети на кампусот. Стратегијата насловена “Бираме да бидеме најдобри” , поставува цели кои треба да бидат исполнети во следната декада, и повикува на зголемување на годишните расходи на 225 милиони долари за поддршка на главните цели од планот.