Блек-метал — екстремен поджанр на хеви-метал музиката. Вообичаено се одликува со брзи темпа, врескави вокали, доста дисторзирани гитари, свирено со тремоло трзање, брзо тропање на тапани, суров звук и невообичаена структура на песните. Во текот на 80-тите години на XX век, повеќе треш метал групи создадоа прототип за блек-метал. Овој таканаречен „прв бран“ вклучува групи како Веном, Батори, Хелхамер и Селтик Фрост. „Вториот бран“ се појави во раните 1990-ти, предводени од норвешките групи како Мејхем, Бурзум, Дарктрон, Имортал и Емперор. Музиката од раната норвешка блек-метал сцена е прерасната во одделен жанр. Првично сметан за синоним за “сатанистички метал”, блек-металот често бил дочекуван со одбивност од преовладувачката култура, во главно заради мизантропските и антихристијанските гледишта на многу од изведувачите. Уште повеќе со тоа што некои од пионерите на жанрот биле поврзани со палежи на цркви и убиства. Поради овие и други причини, блек-металот обично се смета за форма на музика надвор од преовладувачките текови. Освен тоа, некои биле поврзувани со нео-нацизам, но сепак повеќето љубители на блек-металот и најистакнатите блек-метал музичари ја отфрлаат нацистичката идеологија и се противат на нејзиното влијание врз блек-метал субкултура.Black Metal "Општо за блек металот"Black Metal Albums

Инструментација мини|десно|Дистројер на Металфест, 2007 г. Гитаристите од жанрот блек-метал обично се благонаклонети кон остри гитарски тонови и тешка дисторзија. На гитарата обично се свири со многу брзо и непригушено тремоло трзање. Гитаристите често дисонанца – заедно со специфични скали, интервали и акордски прогресии – за да се доловат вознемирувачки и застрашувачки звуци. На пример, интервалот од цели три тона (тритон) е често употребуван. Гитарските сола и ниските гитарски штимови се ретки во блек-металот. Бас гитарата ретко се употребува за самостојни мелодии. Не е реткост присуството на бас гитарата да биде минимално или тешко да се чуе, или хомофонски да се следи бас линијата, одделно од онаа на гитарата. Вообичаено, тропањето на тапаните е брзо и со удари на два бас тапани и со т.н. “blast” удари. Песните од овој жанр во својата структура обично отстапуваат од стандардното структурирање на една песна и во нив често се изоставени рефрените. Наместо тоа, многу блек-метал песни содржат долги и повторувачки инструментални делници.Ehow "Инструменти кои ги користат блек метал бендовите"Instrument used in black metal

Вокали и текстови мини|лево|Настап на Анцестор во Куба, 2010 г. Традиционалните или „пуристичките“ блек-метал групи обично употребуваат остри и груби вокали кои вклучуваат крештење, врескање и црекање. Овој стил на вокали е влијание од Квортон од групата Батори, и е една од особините кои ги разграничуваат традиционалните блек-метал вокали од оние во дет металот (death metal), коишто обично се одликуваат со подлабоки вресоци. “Блек-метал” (Black metal), првично бил употребуван како израз за екстремни метал групи со сатанистички текстови. Денес, најчестата и основна тема на текстовите е противење на христијанството и другите организирани религии. Како дел од тоа, многу изведувачи пишуваат текстови кои можат да бидат сфатени како промовирање на атеизам, антитеизам, паганство или сатанизам. Одбивноста на многуте секуларни или паганистички изведувачи на некој начин е сврзана со христијанизацијата на нивните земји. Други често истражувани теми се депресијата, нихилизмот, мизантропијата, смртта и други мрачни теми. Сепак, со текот на времето, многу изведувачи почнаа да се фокусираат повеќе на теми како годишните времиња (особено зимата), природата, митологијата, фолклорот, филозофијата и фантазијата. За повеќе информација за текстовите во блек-металот, погледни подолу во делот “идеологија”.

Продукција

Нискобуџетниот квалитет на звукот беше типичен за раните блек-метал изведувачи со ниски буџети, чиишто записи често се снимале во домовите или подрумите на изведувачите. Сепак, дури и кога биле во можност да го подобрат квалитетот на продукцијата, многу од изведувачите избираа да го задржат нискиот квалитет на записите. Причината за тоа беше да се остане верен на жанрот и неговите “подземни” корени и музиката на биде „посурова“ и „постудена“. Еден од попознатите вакви примери е албумот „Трансилваниски глад“ (Transilvanian Hunger) од Дарктрон – група која е сметана како претставителна на тој аспект од блек-металот, како што е речено од Џонатан Селзер од списанието “Терорајзер”. Многу тврделе дека првично блек-металот не бил замислен да привлече многубројна публика. Вокалистот Гаал во раните години има речено „блек-металот никогаш не бил замислен да стигне до некаква публика, беше само за наше сопствено задоволство“.

Изглед и изведба мини|лево|Карактеристичен сценски изглед на блек-метал музичарите мини|десно|Германскиот бенд АЕБА мини|лево|Музејот во Рокхејм, посветен исклучиво на блек метал субкултурата За разлика од изведувачите од другите жанрови, многу блек-метал изведувачи не одржуваат концерти. Групите кои избираат да настапуваат често употребуваат сценски и театарски реквизити. Мејхем и Горгорот, меѓу разни други групи, се запаметени по нивните контроверзни изведби коишто вклучуваат прободени животински глави, исмевачки распнувања, средовековни оружја, како и членовите на овие групи облиени со животинска крв. Блек-метал изведувачите често настапуваат облечени во црно, со борбени чизми, појаси со муниција, шилести стегачи на рацете, обратно свртени крстови, пентаграми, за да се стави нагласок на нивниот антихристијански или антирелигиски став. Меѓутоа, нивната највоочлива особина е нивната црно-бела шминка, наречена “корпс пејнт” (corpse paint, во буквален превод - мртовечка боја или боја за мртовци), често придружена со вистина или лажна крв, за да се долови мртовечкиот изглед. Во раните 1990-ти, најраните блек-метал изведувачи употребуваа едноставни слики во црно-бела техника за обвивките на нивните плочи. Ова можеби било замислено како реакција против групите од дет метал жанрот, кои во тоа време имаа почнато да употребуваат обоени слики и цртежи со светли бои на своите албуми. „Најтврдокорните“ изведувачи од жанрот блек-метал продолжија со тој обичај. Главните обвивки на блек-метал албумите обично се атмосферични или провокативни, некои содржат природни или фантастички пејзажи (на пример албумот “Filosofem” на Бурзум и “In The Nightside Eclipse” на Емперор, додека други се насилни, изопачени, светогрдни и иконокластични (на пример “Fuck Me Jesus” од групата Мардук и “In Sorte Diaboli” од Диму Боргир).

Првиот бран

Првиот бран блек-метал се однесува на оние групи од 1980-тите години од кои потекна идејата и кои го создадоа прототипот на овој жанр. Често тоа беа т.н. спид (speed) или треш (thrash) метал групи. Изразот „блек-метал“ (black metal) е скован од англиската група Веном (отров) со нивниот втор албум од 1982 година со истиот тој наслов. Иако повеќе сметан за треш, отколку за блек-метал според денешните мерила, текстовите и целокупната визуелна слика околу албумот се фокусирани на антихристијански и сатанистички теми повеќе од било кои пред тоа. Нивната музика беше брза, продукциски неиспеглана, со груби или дречливи вокали. Членовите на Веном исто така имаа прифатено псевдоними, пракса која станува широкоприфатена меѓу музичарите од жанрот. Мрсифул Фејт (Mercyful Fate – милостива судбина) од Данска беше мошне влијателна со своето прифаќање на сатанистичкиот изглед со своите епски композиции и напредно музицирање на нивното истоимено издание и класичните албуми “Melissa” и “Don’t Break The Oath”. Вокалистот Кинг Дајмонд (вистинското име му е Ким Бендикс Петерсен) на сцена настапуваше нашминкан, што е едно од нештата од кои е инспирирано носењето шминка кај групите од вториот бран. Друго поголемо влијание на блек-металот изврши шведската група Батори, водена од Томас Форсберг (под псевдонимот Квортон). Музиката на Батори не само што беше мрачна, брза, изобличена, со низок звучен квалитет и текстуално и визуелно антихристијанска, Квортон исто така беше прв со своите врескави вокали кои го оформија овој музички стил. Оваа група го свири овој стил на своите први четири албуми: Bathory (1984), The Return of Darkness and Evil (1985), Under the Sign of the Black Mark (1987) and Blood Fire Death (1988). Со последниот, како и со албумите што следуваа потоа (Hammerheart и Twilight of the Gods), Батори започна со жанрот кој подоцна станува познат под името “викинг метал”. Други групи кои се исто така сметани за дел од ова движење се Хелхамер и Селтик Фрост (од Швајцарија), творец, Содом и Дистракшн (од Германија), Булдоузер и Дет СС (од Италија), чијшто вокалист Стив Силвестер бил член на Ордо Темпли Ориентис.

Крај на првиот бран

Во времето на издавањето на албумот “Under the Sign of the Black Mark” на Батори, албумот бил сметан за дет метал плоча. Во петтото издание на своето љубителско списание Слејер (Slayer), Металион ќе напише дека „последната мода на блек/сатанистички групи како да завршила“, традицијата била продолжена од неколку групи како Инкубус и Морби Ејнџел (од САД), Сабат (од Велика Британија), Торментор (од Унгарија) и Саркофаго (од Бразил). Во годините пред издигнувањето на норвешката блек-метал сцена, важни плочи се издадени од Рут и Мастерс Хамер (Master’s Hammer од Чехословачка), Вон (од САД), Бласфеми (од Канада), Ротинг Крајст (од Грција) и Самаел (од Швајцарија). Во северноевропските земји, групите почнаа да ги нарекуваат тие групи како групи од првиот бран. Во Шведска тоа беа Мардук, Дисекшн, Нифелхајм и Абруптум. Во Финска се појавија групи кои го мешаа блек-метал стилот со елементи на дет метал и грајндкор (grindcore), тоа беа Бехерит, Аркгоут и Импејлд Назарен. Во тоа време во САД се појавија групи како Демонси и Профанатика. Во тој период американскиот и шведскиот дет метал беа попопуларни меѓу љубителите на екстремниот метал.

Вториот бран

Вториот бран на блек метал започна во раните 90-ти и беше предводен од норвешката блек-метал сцена. Во периодот меѓу 1990 и 1994 извесен број на изведувачи започнаа со нов вид на блек-метал музика; тука се вклучени Мејхем, Торнс, Бурзум, Дарктрон, Имортал, Сатирикон, Енслејвд, Емперор, Диму Боргир, Горгорот, Улвер и Карпариан Форест. Тие го развија стилот на нивните претходници од 80-тите како посебен жанр различен од треш металот; ова е делумно благодарение на новиот начин на свирење гитара, развиено од Сноре "Блекторн" Рух од Стигма Диаболикум/Торнс и Ејстајн "Еуронимус" Арсет од Мејхем. Фенриз од Дарктрон им ја припиша оваа иновација неколкупати во интервјуа. Ја опишува како потекло од Батори и потенцира дека "тие рифови станаа нов поредок за многу бендови во 90-те". Како што се гледа подолу, многу членови од Норвешките групи ќе станат одговорни за бранот од криминал и контроверзии, вклучувајќи палење на цркви и убиства. Во рамките на ова, ваква антихристијанска идеологија стана задолжителна за сите оние изведувачи кои сакаа да бидат класифицирани како блек-метал. Исан од Емперор тврди дека овој тренд веројатно преоизлегол просто од "отпорот кон опшеството, спротивставување кон сѐ нормално". Визуелно, мрачните теми од нивната музика беа проследени со специфична шминка со налик на трупови, којашто стана начин на препознавање и разликување на едни "блекметалци" од други во тоа време. За време на 90-тите, блек-метал сцени произлегоа и на Европскиот континент, инспирирани од Норвешката сцена со постари бендови. Во Полска, таа сцена беше предводена од Грејвленд и Бехемот. Во Франција се појави група музичари Ле Легионс Ноар, овде се вклучуваат и изведувачи како Мјутилејшн, Влад Тепеш, Белкетр и Торгајст. Блек Фјунерал, Гранд Билајал'с Киј и Џудас Искариот беа групи кои се појавија во САД. мини|десно|Концерт на Селтик Фрост