The Sun е дневен национален весник кој се објавува во Обединетото Кралство од страна на Њус Корпорејшн. Исти изданија се издаваат и во Глазгов (The Scottish Sun) и во Даблин (The Irish Sun). Според тиражот, се наоѓа на десеттото место во светот и има најголема распространетост од кој било весник во Обединетото Кралство. Во јануари 2012 г., Сан имаше дневен тираж од 2.751.219 копии. Помеѓу јули и декември 2010 г., дневно имаше распродадено околу 7.6 милиони копии, од кои 2.6 милиони ги купиле луѓе од повисоките класи, а 4.9 милиони од пониските класи. Во неговата историја, Сан бил тема на многу контроверзии, како што се пишувањето за Катастрофата на фудбалскиот стадион во Хилсборо, лажното обвинување на Елтон Џон дека имал сексуални односи со мажи за пари, темите за менталното здравје и хомосексуалноста. Сан го објавува Групацијата на весници, која е дел од Меѓународни вести, чиј сопственик е Руперт Мурдок. На 17 февруари 2012 г., Руперт Мурдок преку меил објави дека Сан во сабота ќе почне ,,наскоро” да се објавува.

Историја

Сан пред Руперт На 15 септември 1964 г., Сан првпат беше објавен како весник со голем формат, со лого на кое има светлечки портокалов диск. Сопствениците на Меѓународната издавачка корпорација го објавија за првпат овој весник, со цел да го заменат Дејли Харолд. Новиот весник имаше во план да ја доближи читателската публика од ,,социјалните радикали” до ,,политичките радикали” на Хералд. Според весникот Тајмс, новиот дрски весник ,,се распрска со огромна енергија”. Започнувајќи со читателска публика од 3.5 милиони, големите првенствени копии се приковуваа со љубопитност и предностите на новостите. Сепак, весникот не ги задоволи очекувањата на Меѓународната издавачка корпорација и неговиот тираж продолжи да се намалува. До 1969 г., Сан изгуби многу повеќе пари отколку што Дејли Хералд имал на почетокот, па затоа корпорацијата реши да го продаде. Богаташот Роберт Максвел, копнееше да го купи британскиот весник, им понуди на сопствениците да ги кренат рацете и да ја задржат нивната оданост кон Лабуристичката партија, но искрено кажа дека ќе има некои отпуштања, посебно од местото на печатарите. Претходната година, Руперт Мурдок го купи сензационалистичкиот неделен весник Вести од светот, но печатот во подрумот од зградата каде што беше редакцијата на ул. Бувери во Лондон, седеа бескорисно шест дена во неделата. Со цел да ја зграпчи можноста, Максвел почна почесто да се појавува на ул. Флит, каде што подоцна се договори со унијата на печатари, при што им вети неколку вработувања доколку тој го добие весникот. Тој ја убеди корпорацијата дека ќе објавува ,,отворен и чесен весник” кој ќе продолжи да ја поддржува Лабуристичката партија. Корпорацијата под притисок од унијата, ја одби понудата на Максвел, па така Мурдок го купи весникот за 800.000 фунти, на рати. Подоцна тој кажа: Јас сум постојано изненаден од леснотијата со која влегов во светот на британските весници. Од 1930 г., Дејли Хералд се отпечатуваше во Манчестер, каде што од 1964 г., се отпечатуваше и Сан. Но Мурдок го запре принтањето во Манчестер во 1969 г., и како што се зголемуваше тиражот, така тој ги стави под голем притисок печатачите на ул. Бувери.

Рана возраст на Руперт

Мурдок го назначи Лари Ламб за негов прв уредник. Ламб го понижи весникот Мирор, каде што подоцна тој стана помошник-уредник. Тој го поддржува мислењето на Мардок дека мерката на квалитетот на весникот најдобро се оценува според продажбата. Исто така мислеше дека Мирор има многу вработени и првенствено пишуваа за постарата публика. Ламб набрзо придоби нов кадар од 125 репортери, кои најчесто беа избрани според нивната достапност а не според нивната способност. Оваа бројка е само четвртина од вработените на Мирор, па затоа Мурдок требаше да подготви заем за персоналот од неговите австралиски весници. Веднаш потоа, Мурдок повторно го промовираше Сан, но овој пат како таблоид и го стави на исто рамниште со Вести од светот. Сан ги користеше истите машини за печатење па така двата весника во исто време постигнуваа големи успеси. Сан за првпат беше издаден на 17 ноември 1969 г., со насловна страна ,,ДРОГИРАН КОЊ ВИСТИНСКА СЕНЗАЦИЈА” – ексклузивна вест во која тренерот на тркачки коњи призна дека ги дрогирал своите коњи. Весникот го копираше неговиот соперник Дејли Мирор со некои работи. Го имаше истиот број и името на весникот беше со бели букви на црвен правоаголник во иста боја како кај Дејли Мирор. Подоцнежните стрипчиња вклучуваа ,,Напаѓачот”, за светот на фудбалот; ,,Акса”, жена варварин во пост-апокалиптичен свет; ,,Агара на ужасот”, комични авантури на еден воин; Џорџ и Лин, шеговит стрип за секојдневието на една двојка и нивните пријатели и соседи. Џорџ и Лин беа насликани голи, но дискретно покриени. На почетокот, сексот беше употребен како важен елемент во рекламирањето на весникот. Додека Дејли Мирор често додаваа пинап фотографии со девојки во бикини или во долна облека, наводно како моден додаток, Сан промовираше гламурозни фотографии на жени, кои носеа многу помалку облека од девојките на Дејли Мирор. На 17 ноември 1970 г., беше објавена првата ,,Трета страна” на која беше топлес девојка, германката Стефани Ран, предизвина бура реакции бидејќи таа беше претставена како уникатна гола девојка која ја обележува првата годишнина на Сан. Предизвиканите контроверзии траеја само во наредните четири години кога ,,Трета страна” со топлес девојка стана редовна вметната страна, со поексплицитни позирања. Феминистите и многу културни конзервативци во овие слики гледаа само порнографија и женомрзие. Јавна библиотека во Совери Бриџ, Вест Јоркшир, го забрани весникот поради претераната сексуална содржина. Пратеникот, претставник од Лабуристичката партија, Алекс Лион, донесе копија од весникот Сан во Долниот Дом и предложи весникот да биде прогласен за непристоен. Почнаа да се пишуваат статии со сексуални теми како што се ,,Дали мажите сèуште сакаат да се оженат со девици?” и ,,Како да се однесувате во женски кревет”. Се почести беа објавувањата во продолженија на еротски книги. Објавувањето на делови од ,,Сензационална жена”, во време кога примероците од книгата беа запленети на царина, предизвика скандал и задоволство помеѓу послободната публика. Од политичка гледна точна, во младоста на Мурдок, Сан остана лојален на Лабуристичката партија. Сан ја поддржуваа Лабуристичката партија предводена од Херолд Вилсон на изборите во 1970 г. со статија ,,Зошто да гласате за Лабуристите”, но во февруари 1974 г., тие повикуваа за глас на конзервативците, додека предлагаа дека може да се гласа и за лабуристите предводени од Џејмс Калаган и Рој Џенкис. Изборите во октомври имаа свое место: СИТЕ наши инстинкти се предводени кон лево отколку десно и ние ќе гласам за кој бил политичар кој е способен да се докаже самиот дека е социјалдемократ. Уредникот, Лери Ламб, имаше лабуристичка позадина, со социјалистичко воспитување, додека неговата привремена замена Бернард Шримсли (1972-74 г.) среднокласичен конзервативец. Во овој период, проширена политичка рекламација на ITV мрежата, подигната од глумецот Кристофер Тимоти, помогна Санда ја надмине продажбата на Дејли Мирор во 1978 г. И покрај односите во 70-тите години, т.н. ,,Шпанска пракса” од страна на унијата на печатарските работници, Сан стана профитабилен, со што му дозволи на Мардок да ја зголеми неговата работа сè до Соединетите Држави од 1973 г. Во 1979 г., весникот ја поддржуваше Маргарет Тачер за време на изборите, но сепак не беше во тек сè до крајот на процесот, па така весникот не беше ентузијаст за М. Тачер. На 3 мај 1979 г., се појави недвосмислен наслов на насловната страна, ГЛАСАЈ ЗА ТОРИ ОВОЈ ПАТ.

1980-ти години

Продажбата на Сан растеше сè повеќе во 1980-тите, а весникот беше ,,екстравагантен, вообразен и непристоен како ниеден друг весник кој беше објавуван во Британија” под уредништво на Кевин Мекелзин. Бингото, воведено во 1981 г., беше клучен двигател кој ја зголеми продажбата. Сан стана лојален поддржувач на Маргарет Тачер и политиките и делувањата на Конзервативната партија, вклучувајќи ја и Фолкландска војна. Според Рој Гринслејд, заменик-уредник во тоа време, насловната ,,го зграпчи духот на времето”, но тој сепак беше против војната и ксенофобичен, намќорест, безмилосен, често дрзок, расположен за црн хумор и ултимативен триумфалист. Најдобрата насловна страна со натписот УЛОВЕН, беше објавена на 4 мај 1982 г., со која се празнуваа вестите за торпедирањето на аргентискиот брод ,,Генерал Белграно” за време на Фолкландската војна. Со подоцнежните изданија, како што сè повеќе се дознаваше за аргентинските жртви, така насловот се менуваше. Репортерот на Сандеј Тајмс, Џон Ширли, видел копии од тоа издание на Сан фрлени во море од морепловците на бродот на Кралицата ,,Фирлес”. Овие години беа обележани со неверојатните злонамерни насловни против Лабуристичката партија, од страна на Сан и другите весници. За време на изборите во 1983 г., еден непријатен фотограф кој тогаш имал 70 г., тврдел дека со своите години, изглед и политики би бил неприкладен за Премиер, се најде на насловната страна на Сан под наслов ,,Дали навистина сакате овој стар будала да ја води Британија?“ смислена од Мајкл Фут. Една година подоцна, во 1984 г., весникот Сан ја искажа својата ентузијастичка поддршка за преизборот на Роналд Реган за претседател на САД. Реган беше на две недели одмор на неговиот 74-ти роденден кога започна со вториот мандат, во јануари 1985 г. На 1 март 1984 г., весникот опширно објави дека Британскиот левичарски политичар Тони Бен бил ,,луд”, според психијатриски аспекти на еден почитуван Американски психијатар за наводната патологија на Бен. Весникот објави зачестени понижувачки напади кон оние кои весникот ги нарекуваше ,,нетокму левичари”, односно припадниците на Лабуристичката партија и кон институциите кои тие ги контролираа. Кен Ливингстоун, водачот на Советот на Големиот Лондон, беше опишан како најодвратен човек во Британија, во октомври 1981 г. Сан, за време на штрајкот на рударите во 1984-85 г., ја поддржуваше полицијата и владата на Тачер против Националната Унија на Рударите и особено унијата на претседателот, Артур Скаргил. На 23 мај 1984 г., Сан подготви насловна со наслов ,,Фирер на рударите” заедно со фотографија од Скаргил со дигната рака во воздух, поза која го правеше како да поздравува со нацистички поздрав. Печатарските работници во Сан, кога го видоа безначајното оцрнување, одбија да го испечатат весникот. Сан цврсто го поддржуваше бомбандирањето врз Либија од страна на САД, отпочнато од бази во Британија, во април 1986 г. Неколку граѓани беа убиени за време на бомбандирањето. Нивен предводник беше ,,Браво Рон, Браво Меги”. Во јануари 1986 г., Мурдок ги затвори работните простории на Сан и Вести од светот на ул.Бувери, и ги пресели во новиот Вејпинг комплекс во источен Лондон, при што ги замени унијата на електричарите со унијата на печатарските работници за персонал во продукцијата со што го намали бројот на вработени. Поради ова, се одржуваа едногодишни протести од страна на отпуштените работници. Истата година, Клер Шорт залудно се обидуваше да го натера Парламентот да ја прогласи вон закон сликата од Страна Три и се стекна со скандал во весникот за нејзиното излагање. За време на изборите во 1987 г., Сан започна да публикува лажен едиторијал под наслов ,,Зошто да се обложувам на Кинок, од Сталин”.

Други приказни од 1980-тите години