Куридере (понекогаш Кури Дере) — село во Општина Градско, во околината на градот Велес. Денес нема жители.

Географија и местоположба Селото е сместено југоисточно од Велес, а северозападно од општинското седиште Градско. Низ него тече потокот Карајар, што е воедно името на возвишението северно од селото.Кара Јар (8991867) — GeoNames

Историја Во XIX век Куридере било турско село во Велешка Каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Куридере (Couridéré) било село со 42 домаќинства сочинети од 109 жители муслимани.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 182-183.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Куру Дере имало 312 жители, сите Турци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 157.

На етничката карта од 1927 година г. Леонард Шулце Јена го означил Курудере (Kurudere) како турско село.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Турци.

Сè до 1950-тите Куридере било исклучиво турско село. Со заминувањето на Турците, во таа деценија тука се доселиле извесен број Албанци и неколку Македонци. Во текот на 1970-тите бројот на жители значајно опаднал, и бројот на Албанци и Македонци речиси се изедначил поради одливот на албанското и прилив на македонско население.Куридере — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) Во 1981 г. во селото останало само едно лице (Македонец), за потоа селото да биде сосема испразнето. Според пописот од 2002 година, Куридере немало ниеден жител.

Родови Куридере било турско село.

Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:

Доселеници: Ајвазлар (6 к.), Сулишлер (8 к.), Козелер (12 к.) и Манафлар (14 к.) сите биле стари доселеници од Турција, по потекло Јуруци; Трлар (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Кочилари во 1907 година; Кадир (1 к.) и они потекнуваат од домазет доселен од селото Лештина кај Призрен; Бајрам Амилар (1 к.) доселени од селото Кочилари во 1913 година.

Иселеништво

Најголем број од населението е иселено во Турција.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Велешки села Категорија:Села во Општина Градско

Категорија:Раселени села во Македонија