Тур де Свис () — еднонеделна етапна трка, дел од Светската турнеја, која се одржува секој јуни. Трката започнала во 1933 и со текот на времето била продолжена временска и добила нови спонзори. Со Критериум ду Дофине претставува пробна трка пред Тур де Франс и е дел од календарот на Светската турнеја. Како и Тур де Франс и Дофине, Тур де Свис нуди планински завршници и најмалку еден поединечен хронометар. Неколку победници на Тур де Свис, исто така, го имаат освоено Тур де Франс, вклучувајќи ги Еди Меркс, Ленс Армстронг и Јан Улрих. Во 2005, организаторите ја поместиле трката во почетокот на јуни. Прв победник на трката бил Макс Була во 1933 година. Возач со најмногу победи е Паскале Форнара со 4 победи (1952, 1954, 1957, 1958). Најнеодамнешен победник бил Симон Шпилак.

Победници

Победи по возачи

Возач Држава ПобедиГодинаПаскале Форнара41952, 1954, 1957, 1958Фердинанд Киблер31942, 1948, 1951Иго Кобле31950, 1953, 1955Руј Кошта32012, 2013, 2014Џино Бартали21946, 1947Ханс Јункерман21959, 1962Луј Пфенингер21968, 1972Енди Хемпстен21986, 1987Шон Кели21983, 1990Симон Шпилак22015, 2017

Победи по држави

Држава Победи 23 19 8 4 4 3 3 3 3 2 2 2 2 2 1 1 1 1 1

Надворешни врски

( и )

Категорија:UCI ProTour трки Категорија:Велосипедски трки во Швајцарија Категорија:Светски ранкинг на UCI Категорија:Светска турнеја на UCI