Маркус Бургхарт (; р. во Чопау, Саксонија) — поранешен германски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2005-2021.
Се повлекол од професионалниот велосипедизам откако се здобил со сериозна повреда на зглобот при пад на Трката околу Полска 2021 година, каде паднал на кружен тек близу завршницата на петтата етапа.
Кариера
Бургхарт станал професионалец во 2005 година, пред тоа натпреварувајќи се како аматер во екипата Визенхоф, со која веќе постигнал успех на одредени трки во Бундеслигата Герлинген во 2004 година. Бургхарт ја освоил UCI ProTour трката Гент-Вевелгем во 2007, пред неговиот колега Роџер Хамонд. Тој исто така имал добри резултати на Дварс дор Вландерен и на некои етапи од Вуелта а Еспања.
Бургхарт постигнал мала популарност на деветтата етапа на Тур де Франс 2007, кога удрил во куче на патеката. Тој исто така бил успешен со освојување на етапата 18 на Тур де Франс 2008 во Сент Етјен, победувајќи го Карлос Баредо, другиот член во бегството.
Бургхарт потпишал со за сезоната 2010.
По седум години во екипата, во август 2016 година објавиле дека ќе им се приклучи за 2017 година.
Достигнувања
2001 1. 20п Трофео Карлсберг 1. Етапа 1 1. Етапа 5 9. Светско јуниорско друмско првенство 2003 1. Етапа 3 Ронд де л’Изар 2004 4. Париз-Рубе за млади 8. Краен пласман Триптих на планините и замоците 2005 4. Дварс дор Вландерен 2006 7. Дварс дор Вландерен 2007 1. Гент-Вевелгем 3. Е3 Харелбеке 6. Краен пласман Трка на три земји 1. Етапа 3 1. Етапа 5 6. Трофео Кала Милор-Кала Бона 2008 Тур де Франс 1. Етапа 18 20п Награда за борбеност на етапата 18 2009 4. Краен пласман, Трка околу Саксонија 5. Омлоп Хет Ниусблад 7. Трка околу Фландрија 7. Гент-Вевелгем 10. Е3 Харелбеке 2010 Тур де Свис 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 5 1. Етапа 7 5. Краен пласман Трка околу Катар 7. Краен пласман Трка околу Оман 2011 9. Краен пласман Трка околу Катар 2013 1. 20п Планински пласман Тур де Романди 2015 3. Национално друмско првенство 2017 1. 20п Национално друмско првенство 2018 10. Омлоп Хет Ниусблад 2019 2. Национално друмско првенство 2021 5. Национално друмско првенство
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро——————————70———— 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур——127120—1611645898154—8913192141 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта76—————————СО——149—
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Блог на Маркус Бургхарт
Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Чопау Категорија:Германски велосипедисти Категорија:Германски етапни победници на Тур де Франс Категорија:Етапни победници на Тур де Свис