Дамијано Кунего (; р. во Черо Веронезе, Венето) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за италијанската професионална континентална екипа . Негови најголеми победи се Џиро д’Италија 2004, Амстел Голд Рејс 2008 и Џиро ди Ломбардија во 2004, 2007, 2008. Тој завршил втор на Светските друмски првенства во 2008 и на UCI ProTour 2008. Првенствено специјалист за искачување, тој ги подобри неговите хронометарски способности и се одликува со големи спринтерски можности, необично за еден искачувач.
Кариера
Кунего започнал со велосипедизмот како тинејџер, откако имал успешни настапи во крос-кантри. Тој бил откриен од Џузепе Мартинели, кој исто така работел со Марко Пантани. Кунего станал професионалец во 2002 на возраст од 20 години, со . Кунего ги освоил Џиро д’Оро и Џиро Медио Брента во неговата прва сезона како професионалец со Саеко во 2002. Во 2003, ја освоил седмата етапа и генералниот пласман на Трката околу езерото Кингај.
Станал познат во мај 2004, освојувајќи ја Џиро д’Италија на возраст од 22 години со , кој подоцна станал во 2005. Силата на Кунего дошла како удар за неговиот капетан Џилберто Симони. Односите помеѓу двајцата во текот на трката биле заладени, кога Кунего го отспринтал Симони за победа на 18. етапа по соло-бегството на Симони. Ла Газета дело Спорт објавила дека кога Симони бил поминат од Кунего, кој бил опкружен од новинарите, Симони го покажал неговиот прст кон 22-годишниот носител на розовата маичка и луто кажал „Ти си копиле...ти си навистина глуп“.
Во текот на 2004, тој ја освоил Џиро ди Ломбардија во октомври, неговата 13. победа во сезоната. Тој ја завршил првата сезона во Светскиот друмски куп како прв, најмлад возач кој успеал во тоа, на возраст од 23. Исто така, тој бил последниот возач рангиран како прв на Светскиот ранкинг, бидејќи од 2005 ова било заменето со UCI ProTour.
На Џиро д’Италија 2005, Симони и Кунего, двајцата биле предводници на . Кунего не претставувал закана за Симони. Тој отпаднал во текот на првото искачување на Доломитите, губејќи шест минути на етапата и воедно секоја шанса за победа. Во тоа време, неговата екипа загубата ја објаснила како последица на „психолошка криза“, додека Кунего изјавил „голема тежина е симната од мене со овој пораз“. По трката, тој открил дека го има Епстајн-Бар вирусот. Не се натпреварувал на Тур де Франс 2005.
Во 2006, Кунего завршил трет на Лиеж-Бастон-Лиеж губејќи од Алехандро Валверде и Паоло Бетини во спринтерската завршница. На Тур де Франс 2006 Кунего бил најдобриот млад возач. Тој завршил втор на етапата 15 на Алп д’Ез, откако изгубил од Френк Шлек, кој се одвоил во последните 2 километри. Исто така, завршил трет на етапата 17.
Во 2007, Кунего повторно го освоил Џиро дел Трентино и неговиот втор Џиро ди Ломбардија.
Во 2008, ги освоил Класика Примавера и Амстел Голд Рејс, каде се борел со двајца силни спринтери Алехандро Валверде и Френк Шлек; со победата на Амстел Голд се искачил на врвот во пласманот на UCI Pro Tour, и исто така завршил втор на Светското друмско првенство 2008. Тој бил сметан за еден од победниците на Тур де Франс 2008, но не успеал во тоа и отпаднал од трката за победник на крајот на трката. До крајот на годината, Кунего ја освоил по третпат Џиро ди Ломбардија и потоа ја завршил сезоната со победа во Јапонскиот куп, потврдувајќи се себеси како еден од најдобрите специјалисти за класици во светот.
Во 2009, ја освоил Копи е Бартали преку две етапни победи; подоцна освоил и две планински етапи на Вуелта а Еспања станувајќи фаворит на Светското првенство, каде завршил осми.
Во јули 2013, тој бил еден од 27. поранешни возачи и службеници поврзани со екипата Лампре-Мерида кои се обвинети за допинг во италијански суд, чие судење било закажано за 10 декември 2013 година.
Во октомври 2014 година било објавено дека Кунего ќе го напушти и во 2015 година ќе вози за Вини Фантини-Нипо.
Достигнувања
1999 1. 20п Светско јуниорско друмско првенство 2002 1. Џиро д’Оро 1. Џиро дел Медио Брента 2003 1. 20п Краен пласман Трка околу езерото Кингај 1. Етапа 7 4. Краен пласман Трка Бриксија 6. Јапонски куп 2004 1. 20п Генерален пласман Џиро д’Италија 1. Етапа 2 1. Етапа 7 1. Етапа 16 1. Етапа 18 1. Џиро ди Ломбардија 1. 20п Краен пласман Џиро дел Трентино 1. Етапа 1 1. Етапа 2 1. Џиро дел’Апенино 1. ГП Индустрија & Артиџанато 1. ГП Нобили Рубинетерие 1. Меморијал Марко Пантани 2. Јапонски куп 4. Џиро дел Венето 6. Класика Примавера 9. Светско друмско првенство UCI 2005 1. ГП Нобили Рубинетерие 1. Трофео Мелинда 1. Јапонски куп 2. Краен пласман Тур де Романди 1. Етапа 3 3. Тре Вали Варезине 7. Џиро дел Венето 9. Лиеж-Бастон-Лиеж 2006 1. 20п Краен пласман Џиро дел Трентино 1. 20п Краен пласман, Копи е Бартали 1. Етапа 3 1. Џиро д’Оро 1. ГП Индустрија & Артиџанато 2. Џиро дел Лацио 2. Класика Примавера 3. Лиеж-Бастон-Лиеж 4. Краен пласман Џиро д’Италија 1. 20п Пласман за млад возач Тур де Франс 2007 1. Џиро ди Ломбардија 1. 20п Краен пласман Џиро дел Трентино 1. Етапа 1 1. Етапа 2 1. Етапа 4 Трка околу Германија 1. ГП Бегели 5. Краен пласман Џиро д’Италија 4. Краен пласман Трка околу Баскија 5. Џиро дел’Емилија 2008 1. Џиро ди Ломбардија 1. Амстел Голд Рејс 1. Класика Примавера 1. Краен пласман, Јапонски куп 2. 15п Светско друмско првенство UCI 3. Флеш Валон 3. Тре Вали Варезине 3. Краен пласман Трка околу Баскија 1. Етапа 5 1. 20п Бодовен пласман 4. Краен пласман Тур де Свис 2009 Вуелта а Еспања 1. Етапа 8 1. Етапа 14 1. 20п Краен пласман Копи е Бартали 1. Етапа 2 1. Етапа 3 3. Флеш Валон 5. Амстел Голд Рејс 6. Класика Примавера 5. Краен пласман Трка околу Баскија 6. Краен пласман Тур де Свис 7. Лиеж-Бастон-Лиеж 8. Светско друмско првенство UCI 2010 5. Флеш Валон 6. Амстел Голд Рејс 10. ГП де Квебек 2011 1. Џиро дел’Апенино 1. Етапа 2 Тур де Романди 2. Краен пласман Тур де Свис 3. Монтепаски Страде Бјанке 3. Краен пласман Џиро ди Сардења 1. Етапа 2 6. Краен пласман Тур де Франс 8. Краен пласман Тирено-Адријатико 2012 2. Краен пласман Џиро дел Трентино 1. Етапа 2 2. ГП ди Лугано 4. Краен пласман Трка околу Баскија 6. Краен пласман Волта а Каталуња 6. Краен пласман Џиро д’Италија 2013 1. 20п Планински пласман Тирено-Адријатико 2. Краен пласман Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали 1. Етапа 3 1. 20п Бодовен пласман 3. Јапонски куп 2014 4. Гран Премио ди Лугано 4. Страде Бјанке 2015 3. Џиро дел’Апенино 4. Џиро дел’Емилија 5. Краен пласман Џиро дел Трентино 6. Милано-Торино 8. Тре Вали Варезине 9. Класик Волта Лимбург 10. Гран Премио ди Лугано 2016 6. Гран Премио ди Лугано 2017 7. Краен пласман Трка околу езерото Ќингхај 1. Етапа 6
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 201620п Џиро 34 1 18 4 5 — 17 11 — 6 —19СО4420п Тур — — — 11 — СО — 28 6 —55 — — —20п Вуелта — 15 — — СО СО СО — — 33 —76 — —
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1981 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Италијански велосипедисти Категорија:Победници на Џиро д’Италија Категорија:Италијански етапни победници на Џиро д’Италија Категорија:Италијански етапни победници на Вуелта а Еспања