Спортско рекреативен центар Кале или само СРЦ Кале — повеќефункционално спортско здание во Македонија. Зданието се наоѓа на левата страна на Вардар во близина на Националната Арена „Филип II Македонски“ во Скопје.

Историја Големата сала била домашен терен на ракометниот клуб Вардар,Сала СРЦ КАЛЕ-СКОПЈЕ додека малата сала припаѓа под концесија на кошаркарскиот клуб Вардар.

Салата во минатото била позната и како „македонска ракометна тврдина“. Главно салата е користена за ракометни натпревари, но покрај ракометот во салата се одржувани и други спортски настани како: бокс, борење, кошарка, одбојка, футсал како и музички концерти.

Поважни натпревари одиграни во СРЦ Кале Финалињата од ЕХФ Лигата на Шампиони за жени - Кометал Ѓорче Петров (2000, 2002, 2005) Супер куп за жени во ракомет 2002 Светско младинско првенство 2003 - жени Светско младинско првенство 2007 - мажи Светско младинско првенство 2008 - жени Европски клупски натпреварувања - мажи (Вардар, Металург)

Наводи

Категорија:Спортски сали во Македонија Категорија:Спортски зданија во Скопје Категорија:Кошаркарски собиралишта во Македонија