Филипо „Пипо“ Поцато (; р. во Сандриго, Венето) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа .

Како специјалист за северните класици, Поцато завршил 13. (2006 г.), 14. (2007 г.), 6. (2008 г.) и 2. (2012 г.) на Трката околу Фландрија. Негова најдобра завршница на Париз-Рубе било второто место во 2009 година. На Гент-Вевелгем, Поцато завршил 13. (2008 г.) и 4. (2006 г.). На Омлоп Хет Ниувсблад завршил 6. (2003 г.) и 1. (2007 г.). Поцато го освоил Милано-Санремо 2006 и и освоил етапи на сите три големи трки.

Кариера Мапеи-Квик Степ

Поцато станал професионалец во 2000 година со велосипедската екипа Мапеи, дел од познатата класа ’81, група на нови млади возачи родени во 1981 година, кои биле дел од развојната екипа на Мапеи ТТ3. Други членови во оваа група биле Фабијан Канчелара и Бернхард Ајзел, како и Колобнев и Гришенко од Источна Европа.

Фаса Бортоло

Откако Мапеи го прекинал спонзорството во 2002 година, Поцато му се приклучил на велосипедскиот тим Фаса Бортоло на Џанкарло Ферети. И покрај неговата победа на Тирено-Адријатико во 2003 година и етапната победа на Тур де Франс 2004, личните двобои со Ферети значеле слаби години со Фаса Бортоло во периодот 2002–2004. Во текот на овој период добивал повреди неколкупати и морал да работи за познатиот спринтер Алесандро Петаки во останатото време.

Во текот на сезоната 2004 бил избран да биде дел од италијанската репрезентација на Олимпијадата 2004 како поддршка за неговиот екипен водач Паоло Бетини, кој заминал да победи на настанот.

Квик Степ-Инерџетик

Тој ги обновил контактите со неколку менаџери и спортски директори од Квик Степ-Инерџетик. Екипата Квик Степ-Инерџетик изразиле интерес и Поцато бил во можност да добие учество во сезоната 2005 во трките од UCI ProTour, придружувајќи им се на неколку поранешни возачи од Мапеи, кои веќе биле дел од екипата, како Паоло Бетини и Давиде Брамати.

Сезоната 2005 поминала подобро за Поцато, со победа на HEW Класик пред неговиот колега Лука Паолини.

Во 2006 доживеал победа на првиот голем класик во годината Милано-Санремо, по извонредното возење, кое најпрвин го имал за неговиот екипен водач Том Бонен, но потоа бил присилен да го зададе неговиот победнички напад во финалето.

Ликвигас

Во сезоната 2007, Пипо ѝ се придружил на екипата Ликвигас и ја започнал сезоната одлично, победувајќи на Тур ду Хаут Вар и Омлоп Хет Волк и етапата 5 на Тур де Франс.

Поцато изразнал како закана на северните велосипедски класици, завршувајќи 13. (2006), 14. (2007) и 6. (2008) на Трката околу Фландрија. Неговиот најдобар пласман на Париз-Рубе било второто место во 2009. На Гент-Вевелгем Поцато завршил 13. (2008) и 4. (2006). На Омлоп Хет Волк завршил 6. (2003) и 1. (2007).

Катјуша

Во 2009 ја освоил Е3 Харелбеке. Неговите резултати покажале искуство, смиреност и сила на калдрмите и на белгиските ридови („hellingen“). По освојувањето на второто место на Париз-Рубе 2009, Поцато тврдел дека кога го избегнувал падот на Тор Хушовд загубил 4 или 5 секунди и шанса за победа. Исто така изјавил дека Бонен користел заветрина од официјалните мотори да го зголеми своето водство.107. издание на Париз-Рубе

Во 2010 година бил обвинет од неколку возачи, вклучувајќи ги Бјорн Лојкеманс, Бонен и Филип Жилбер за неговата „негативна тактика“ во текот на клучните трки. По овие настани тој го добил прекарот „Сенката“.http://www.sporza.be/cm/sporza/wielrennen/1.518114

Лампре-Мерида

Во 2013 година, Поцато ја освоил својата прва победа во годината на Трофео Лаигвелја, одржан во Лигурија, Италија на главно тесни, предизвикувачки и со многу кривини патишта. Неговата екипа имала член во бегството и ја контролирала главната група, кога Мауро Сантамброџо () нападнал на 3 километри пред целта, а Поцато се уфрлил во неговата заветрина. Во спринтот учествувале четворица возачи, но Поцато бил подобар од нив. Ова било трета победа на Поцато на трката, рекорд во 50-годишната историја на трката. Во септември возел на ГП Западна Франција и иако не бил сметан за фаворит, ја освоил трката, станувајќи само петти Италијанец кој успеал во тоа.

Саутист Про Сајклинг

Во 2016 година ќе вози за нова екипа, италијанската екипа Саутист Про Сајклинг.

Допинг

Во 2012 година, Поцато бил казнет три месеци без трки од Италијанскиот олимписки комитет (CONI) откако било пронајдено дека работел со злогласниот доктор Микеле Ферари од 2005 до 2008 година. Комитетот сакал да му даде суспензија од една година, но морале да ја намалат казната поради технички работи.

Достигнувања

1998 2. 15п Светско првенство под 19 години - друмска трка 2. 15п Светско првенство под 19 години - екипна потера 3. 15п Светско првенство под 19 години - екипен хронометар 1999 3. 15п Светско првенство под 19 години - екипна потера 2002 1. Краен пласман Вуелта а Куба 1. Етапа 11a Тур де Норманди 1. Пролог 1. Етапа 2 1. Етапа 3 1. Етапа 5 Трка околу Словенија 1. Етапа 4 1. Етапа 7 Тур де л’Авенир 1. Етапа 1 1. Етапа 5 1. Џиро дел Лаго Маџоре 1. Тур ду Лак Леман 1. Пролог Трка Бохемија 1. Дуо Норман (со Евгениј Петров 2003 1. Краен пласман Тирено-Адријатико 1. Етапа 2 1. Трофео Лагвелја 1. Трофео дел’Етна 1. Трофео Матеоти 2004 1. Џиро дела Лигурија 1. Трофео Лагвелја 1. Етапа 7 Тур де Франс 2005 1. HEW Класик 2005 1. Џиро дел Лацио 1. Етапа 2 Трка околу Германија 2006 1. Милано-Санремо 1. Етапа 3 Трка околу Британија 2007 1. Етапа 5 Тур де Франс 1. Тур ду Хаут Вар 1. Омлоп Хет Волк 1. Трофео Матеоти 1. Етапа 6 Трка околу Полска 1. ГП Индустрија & Комерчио ди прато 2008 1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања 1. Краен пласман Џиро дела Провинција ди Гросето 1. Етапа 1 2. Милано-Санремо 6. Трка околу Фландрија 2009 1. 20п Национален друмски првак 1. Е3 Харелбеке 1. Етапа 1 Три дена Де Пане 1. Џиро дел Венето 1. Меморијал Чимури 2. Париз-Рубе 2. Трофео Лагвелја 4. Париз-Тур 5. Трка околу Фландрија 2010 1. Етапа 12 Џиро д’Италија 4. Светско друмско првенство UCI 7. Париз-Рубе 2011 1. ГП Бегели 5. Милано-Санремо 2012 1. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано 2. Трка околу Фландрија 6. Милано-Санремо 2013 1. Трофео Лаигвелја 1. Копа Уго Агостони 1. ГП Западна Франција 2. Рома Максима 3. Гран Премио дела Коста Етруски 5. Гран при Монтреал 2014 3. Тре Вали Варезине 2016 2. Гран Премио Бруно Бегели 4. Дварс дор Вландерен 7. Краен пласман Џиро ди Тоскана 8. Милано-Санремо 9. Џиро дел Пиемонт 2017 8. Трка околу Фландрија

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка200420052006200720082009201020112012201320142015201620п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро—84———СО45—СО120——11520п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур116—133СО67100—————125—20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта————СО—СО———СО——

СО = се откажал; — = не учествувал

Распоред на резултатите на монументите

Монумент200320042005200620072008200920102011201220132014201520162017Милано-СанремоСО63—1192222956333041831Трка околу ФландријаСО10943131465——2441712758Париз-Рубе——СО15354927СОСО225065——Лиеж-Бастон-ЛиежСОСОСО———————————Џиро ди Ломбардија——СО4219——СО—СО———СО

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Достигнувања на Cycling Base

Категорија:Родени во 1981 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Италијански велосипедисти Категорија:Италијански етапни победници на Тур де Франс Категорија:Олимписки велосипедисти на Италија Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2004 Категорија:Италијански етапни победници на Џиро д’Италија