Наташа Младеновска (родена на 12 февруари 1986 г. во Куманово, Република Македонија) — македонска ракометарка. Таа игра за ЖРК Металург и за Женската ракометна репрезентација на Македонија.
Таа игра на позицијата пивот (пикер).
Нејзини поранешни клубови се: РК Куманово, Еуростандард Ѓорче Петров, Кометал Ѓорче Петров, и РК Кале Кичево. Во ЖРК Металург е од 2010 година.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Македонски ракометарки Категорија:Луѓе од Куманово