мини|Пловила на реката Барито (почеток на XX век)

Барито () е река во покраината Јужен Калимантан, Индонезија. Долга е 890 км. Извира во Милеровите Планини, а потоа тече на југ и се влева во Јаванското Море. Главна притока е Мартапура која се среќава со Барито кај градот Банџамарсин.

Во поречието живее народот Дајаци што говори наречје на мањанскиот јазик најблиско до малгашкиот јазик во Африка. Ова подрачје е прататковината на народот што го населил Мадагаскар во бранови помеѓу III и X век, па така денешните Малгаши водат потекло од Дајаците.

Поврзано Баритски јазици

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Јужен Калимантан Категорија:Реки во Индонезија