Давид Гофен (); роден на во - белгиски тенисер. Професионално игра тенис од 2009 година. Во моментов се наоѓа на 15 место на АТП листата и е најдобар белгиски тенисер. Во кариерата, Гофен има освоено 2 АТП титули.
Кариера Негова омилена површина е тврдата подлога. Својата прва победа на АТП турнирите Гофен ја забележал во 2011 на турнирот Ченај Опен 2011 во Индија победувајќи го првиот индиски тенисер Сомдев Деварман со 6-2, 6-4. Во второто коло тој загубил од швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка.
Во 2012 година, за првпат во својата кариера стигнал до четвртфинале на еден АТП турнир, на Ченај Опен 2012, откако го победил својот сонародник Ксавје Малис и германскиот тенисер Андреас Бек.
На Ролан Гарос 2012, тој не успеал да го помине последното квалификациско коло во квалификациите, но благодарение на откажувањето на Гаел Монфис тој влегол во првото коло од натпреварувањето. Во првото коло, тој играл против 23-от носител Чехот Радек Штепанек и го победил во натпревар во 5 сета.. Во второто коло Гофен се сретнал со францускиот ветеран Арно Клеман (кој го играл својот последен Ролан Гарос) и победил повторно во пет сета. Гофен потоа го победил Полјакот Лукаш Кубот со 7–6, 7–5, 6–1 во третото коло и станал првиот „Лаки лузер“ (Lucky Loser, Среќен губитник) по 1995 година што успеал да стигне до четвртфиналето. Во четвртфиналето Гофен бил поразен од третиот носител Рожер Федерер во четири сета.
Тој добил вајлд-карта за Вимблдон 2012 и во првото коло го победил 20-от носител, четвртфиналистот од 2011 година, Бернард Томиќ. Потоа во второто коло го победил Американецот Џеси Левин но во третото коло загубил од 10-от носител Американецот Марди Фиш со 6-3, 7-6, 7-6.
АТП финалиња во кариерата Поединечно: 5 (2-3) ЛегендаГренд слем (0–0)АТП завршен мастерс во годината (0–0)АТП Мастерс 1000 (0–0)АТП World Tour 500 series (0–1)АТП World Tour 250 series (2–2)Финалиња по подлогаТврда (1–1)Земја (1–1)Трева (0–1) ИсходБр.ДатумТурнирПодлогаПротивникРезултатПобедник1.2 август 2014Кицбиел, АвстријаЗемја Доминик Тим4–6, 6–1, 6–3Победник2.21 септември 2014Мец, ФранцијаТврда Жоао Соуза6–4, 6–3Финалист1.26 октомври 2014Базел, ШвајцаријаТврда Роџер Федерер2–6, 2–6Финалист2.14 јуни 2015Хертогенбош, ХоландијаТрева Николас Мау6–7(1–7), 1–6Финалист3.2 август 2015Гштад, ШвајцаријаЗемја Доминик Тим 5–7, 2–6
Челинџер финалиња Поединечно: 8 (7–1) ЛегендаАТП Челинџер серија (7–1)
ИсходБр.ДатумТурнирПодлогаПротивникРезултатФиналист1.20 септември 2010 Љубљана, СловенијаЗемја Блаж Кавчич6–2, 4–6, 5–7Победник1.27 март 2012 Ле Гозје, ГваделупТврда Миша Ѕверев6–2, 6–2Победник2.24 септември 2012 Орлеан, ФранцијаТврда Рубен Бемелманс6–4, 3–6, 6–3Победник3.15 јули 2013 Ескишехир, ТурцијаТврда Марсел Илхан4–6, 7–5, 6–2Победник4.7 јули 2014 Шевенинген, ХоландијаЗемја Андреас Бек6–3, 6–2Победник5.14 јули 2014 Позњан, ПолскаЗемја Блаж Рола6–4, 6–2Победник6.21 јули 2014 Тампере, ФинскаЗемја Јарко Ниеминен7-6(7–3), 6-3Победник7.29 септември 2014 Монс, БелгијаТврда Стив Дарсис6–3, 6–3
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место
Категорија:Живи луѓе Категорија:Белгиски тенисери