Кристофер „Крис“ Фрум (; р. во ) — кениско-британски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата . Освоил седум големи трки: четири изданија на Тур де Франс (во 2013, 2015, 2016 и 2017), едно издание на Џиро д’Италија (2018) и две изданија на Вуелта а Еспања (2011Доделена во 2019 година по дисквалификацијата на првобитниот победник Хуан Хосе Кобо и 2017). Исто така освоил неколку етапни трки и трипати е добитник на наградата „Златен велосипед“. Фрум исто така има освоено два олимписки бронзени медала во друмски хронометар, во 2012 и 2016, и исто така освоил бронза на Светското првенство 2017.
Фрум е роден во Кенија од британски родители и пораснал таму и во Јужна Африка. Од 2011 година е жител на Монако. На 22 години, Фрум станал професионалец со Тим Коника Минолта. Во 2008 година, се приклучил на екипата . Истата година се преселил во Италија и започнал да вози под британска лиценца. Во 2010 година, се префрлил во и станал еден од клучните велосипедисти на екипата. Фрум го направил неговиот пробив како кандидат за големите трки во текот на Вуелта а Еспања 2011, каде завршил втор во генералниот пласман, подоцна прогласен за прв, соодветно станувајќи прв британски велосипедист кој освоил некоја голема трка. На Тур де Франс 2012, возејќи како суперпомошник за Бредли Вигинс, Фрум ја освоил седмата етапа и завршил втор во генералниот пласман, зад Вигинс.
Негова прва победа на повеќеетапна трка била победата на Трката околу Оман во 2013 година, по што следеле победите на Критериум Интернационал, Тур де Романди, Критериум ди Дофине и на Тур де Франс. На Тур де Франс 2014 се повлекол по неколку падови. Во 2015 година по вторпат ги освоил Критериум ди Дофине и Тур де Франс. Во 2016 година го освоил Тур по третпат и станал прв човек по Мигел Индураин во 1995 година успешно да ја одбрани неговата титула. Го освоил Тур по четврти пат во 2017 година, по што следеле победите на Вуелта а Еспања 2017 и на Џиро д’Италија 2018, негови први победи на обете трки.Кога ја освоил Вуелта во 2017 година уште не му била доделена неговата победа на Вуелта 2011. Овие достигнувања го направиле прв велосипедист кој ги освоил Тур-Вуелта, откако Вуелта се вози на моменталната позиција во календарот и прв кој ги поседувал сите три титули на големите трки во исто време од Бернар Ино во 1983 година.
Низ неговата кариера, Фрум се соочил со низа обвинувања дека користел дупка во анти-допинг правилата во велосипедизмот за да користи средство за подобрување на резултатот. Во 2019 година сериозен пад при тренинг пред трката Критериум ди Дофине ја запрел кариерата на Фрум, при што скршил бројни коски, вклучувајќи ги неговата карлица, бутната коска и четири ребра. Иако успеал да се опоравил да се врати на трките во 2020 година, се мачел да ја поврати својата поранешна форма. Ја напуштил екипата на крајот на 2020 година за да се приклучи на , но неговата форма продолжила да биде слаба во текот на сезоната 2021, при што Фрум не успеал да има сериозни резултати на етапните трки. Неговите резултати по трката биле споредувани со поранешниот фаворит на големите трки и трикратен освојувач на подиуми Хосеба Белоки, кој паднал на сличен начин на Тур де Франс 2003 додека се борел за победата и никогаш не ја повратил својата форма. Негов најдобар резултат на некоја голема трка по падот било третото место на етапата на Алп д’Ез на Тур де Франс 2022. Фрум бил меѓу првите 30 во генералниот пласман, кога бил принуден да се повлече поради болест.
И покрај овие маки, Фрум останал најуспешен возач во генералниот пласман кој е уште активен во групата до 2022 година.
Ран живот и аматерска кариера
Фрум е роден на 20 мај 1985 во Најроби, Кенија, најмлад од тројцата браќа. Неговата мајка, Џејн, е родена во Кенија, а татко му Клајв бил хокеар, кој играл за Англија во категоријата до 19 години. Родителите на мајка му емигрирале од Тетбери, Глоучестершир, Англија, во Кенија за да водат фарма. Додека живееле во странство неговите родители ги одржувале британските обичаи, што придонело кон неговата желба да ја претставува Велика Британија во велосипедизам. Во Кенија би продавал авокадо и стари велосипедски делови.Bradford, D. (6 December 2018). The Mentor: David Kinjah. Cycling Weekly, pp. 8–10. Двајцата постари браќа на Фрум, Џонатан и Џереми, отишле во школа за рагби во Англија. На 13-годишна возраст, мајка му го однела на неговата прва велосипедска трка, каде го запознал професионалниот велосипедист Дејвид Кинџа, кој му станал ментор. Тие тренирале заедно, особено планински велосипедизам во руралните висорамнини северно од Најроби.
По завршувањето на основното училиште во Најроби, Фрум се преселил во ЈАР како 14-годишен за да го посетува колеџот Сент Ендрјус во Блумфонтејн и колеџот Сент Џонс во Јоханесбург. Додека бил во Јужна Африка бил училиштен велосипедски капетан и одржувал контакт со Кинџа. Потоа студирал економија две години на Универзитетот Јоханесбург. Во ЈАР започнал да учествува во друмскиот велосипедизам.
На 22 години станал професионален велосипедист. Фрум започнал да вози друмски велосипедизам во ЈАР, насочувајќи се кон искачувањето. Фрум настапил за Кенија на хронометарот и друмската трка на Комонвелтските игри 2006 во Мелбурн, каде завршил 17. и 25. соодветно, привлекувајќи го вниманието на идниот спортски директор на Тим Скај, Дејв Брејлсфорд: „Резултатот што го направи, на опремата што ја имаше, за тоа треба нешто... Ние секогаш мислевме тој беше суров дијамант, кој има огромен потенцијал“. Додека ја претставувал Кенија на Светското друмско првенство 2006 во категоријата под 23 години во Салцбург, Австрија, Фрум се судрил со службеник веднаш по стартот на хронометарот; никој од обајцата не бил повреден, а Фрум завршил на 36. место. Настапот на Фрум на Светското првенство бил откако ја злоупотребил електронската пошта на претседателот на велосипедската федерација на Кенија и самиот се пријавил на првенството, со цел да здобие европско искуство и да ги зголеми шансите за договор со професионална екипа.
Професионална кариера 2007-2010
мини|десно|upright|Фрум на Трката околу Британија во текот на првата сезона како професионалец
Станал професионалец во 2007, на 22 години, со јужноафриканската екипа Тим Коника Минолта, повлекувајќи се од студирање економија. Настапувал од април до септември за екипата WCC на Меѓународниот велосипедистички сојуз, во Купот на нациите до 23 години. Во мај ја возел првата етапна трка, Џиро деле Реџони, освојувајќи ја петтата етапа, возејќи за WCC. На крајот на мај ја освоил шестата етапа на Трката околу Јапонија, напаѓајќи од бегство во 14. круг. Во јуни настапил на Светските првенства „Б“ во Кејптаун, завршувајќи втор зад Кинезот Хаијун Ма на хронометарот. Во јули го освоил бронзениот медал на друмската трка на Сèафриканските Игри во Алжир. На 26 септември завршил на 41. место на хронометарот под 23 години на Светските првенства во Штутгарт, три минути и 30 секунди зад освојувачот на златниот медал, Ларс Бом (Холандија). Неговите резултати во 2007 го привлекле вниманието на тренерот на Британската федерација, Род Елингворт, кој верувал дека Фрум има потенцијал. Фрум изјавил: „Иако јас возев под кениско знаме, јас секогаш го носев британскиот пасош и се чувствував Британец. Потоа ние зборувавме за настап под британското знаме и ние останавме во контакт.“
мини|лево|Фрум на Тур де Франс 2008, возејќи за .
Фрум бил воведен во британска континентална екипа од страна на Јужноафриканецот Роби Хантер, придружувајќи им се за сезоната 2008. Во март завршил на второто место на Џиро дел Капо во ЈАР, една минута и 41 секунда зад колегата Кристијан Пфанбергер. Во текот на март и април возел на Критериум Интернасионал, Гент-Вевелгем и арденските класици. Во мај 2008 година, Фрум се сменил од кениска во британска лиценца, со цел да има шанса да вози на Летните олимписки игри 2008, каде Кенија не се квалификувала. Своето деби на голема трка го имал на Тур де Франс, кога бил именуван во составот на екипата за трката, со тоа станувајќи првиот учесник од Кенија, на која завршил на 84. место во генералниот пласман и 11. помеѓу младите возачи. Во октомври Фрум завршил на четвртото место на Хералд Сан Тур во Викторија, Австралија.
Фрум ја постигнал првата професионална победа во март 2009, на втората етапа на Џиро дел Капо, напаѓајќи од бегство составено од десет членови на 30 километри пред целта. Потоа учествувал на Џиро д’Италија, на која завршил 36. во генералниот пласман и 7. помеѓу младите возачи. Во јули ја освоил класичната трка, Анатомик Џок Рејс. Во септември 2009 објавил дека ќе ѝ се придружи на британската екипа, , за сезоната 2010.
Фрум возел на Џиро д’Италија 2010. На етапата 19 имал повреда на коленото и на преминот Мортироло се држел за полициски мотор, откако отпаднал од групетото и сакал да стигне до зоната за храна и се повлекол од трката. Додека се држел за моторот, комесарот на трката му наредил да застане и да се повлече од трката. Во текот на неговата прва сезона со Скај, неговиот најдобар резултат бил на Тур ду Хаут Вар, каде завршил 9. во генералниот пласман. Исто така завршил на второто место на националното хронометарско првенство во 2010, покажувајќи ја неговата способност во оваа дисциплина. Во октомври ја претставувал Англија на Комонвелтските игри 2010 во Делхи, каде завршил петти на хронометарот, две минути и 20 секунди зад победникот, Шкотланѓанецот Дејвид Милар.
2011
мини|upright|200п|Фрум (втор од лево) заедно со возачот на Хуан Хосе Кобо на етапата 19 на Вуелта а Еспања 2011. Кобо подоцна бил дисквалификуван за допинг, а Фрум бил прогласен за победник.
Почетните успеси на Фрум во сезоната 2011 биле влегувањето во првите 15 на Вуелта а Кастиља и Леон и Тур де Романди. Фрум имал мешан Тур де Свис, возејќи со водечката група на некои планински етапи, додека губел време на други и завршил деветти на завршниот хронометар и на 47. место во генералниот пласман. Ја продолжил неговата сезона на Трка Бриксија, каде завршил на 45. место во генералниот пласман, а на Трката околу Полска завршил на 85. место.
Фрум влегол на Вуелта а Еспања 2011 како главен помошник на Бредли Вигинс во планините. Откако бил нераздвоив од Вигинс во текот на првата недела, тој добил дозвола за негово возење на етапата 9, напаѓајќи на последното искачување, каде завршил петти, три секунди зад Бредли Вигинс, со што и обајцата завршиле во првите 20. Меѓутоа, следниот ден на етапата 10, Фрум го отспринтал Вигинс и завршил втор во хронометарот зад Тони Мартин и добил неочекувано водство на трката. Во текот на етапата 11 ѝ помогнал на својата екипа да ги отстранат некои напади, но набрзо се нашол неспособен да ја следи главната група. Меѓутоа, успеал да остане втор во генералниот пласман.
По губењето на маичката од Вигинс на етапата 11, Фрум продолжил да вози како поддршка на неговиот водач и на етапата 14 му помогнал да ги отфрли соперниците, како Винченцо Нибали и Хоаким Родригес на последното искачување. Вигинс му го препуштил неговото водство на Фрум, на етапата на која Фрум повторно се вратил втор во генералниот пласман. Тешката етапа 15, која завршувала на нагорнина, Фрум ја гледал како прилика да оди по етапниот победник Хуан Хосе Кобо, кој го преземал водството на трката на крајот на денот. Фрум се покажал посилен од Вигинс, завршувајќи пред него на четвртото место, но 48 секунди зад Кобо, со што го задржал второто место во генералниот пласман.