Предна самогласка е вид на самогласен глас во извесни јазици. Карактеристично за предната самогласка е тоа што јазикот се става што е можно понапред во устата без да направи препрека која би ја направила согласка. Понекогаш се нарекуваат и светли самогласки бидејќи оддаваат впечаток како да звучат посветло од задните.

Во македонскиот јазик, предни самогласки се а, е и и.Кепески ја наведува „а“ како задна самогласка Според Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве предни самогласки:

затворена предна незаоблена самогласка (мак. и) затворена предна заоблена самогласка полузатворена предна незаоблена самогласка полузатворена предна заоблена самогласка полуотворена предна незаоблена самогласка (мак. е) полуотворена предна заоблена самогласка речиси отворена предна незаоблена самогласка отворена предна незаоблена самогласка отворена предна заоблена самогласка

Наводи