Бабино — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, неколку километри северозападно од градот Демир Хисар, во југозападниот дел на Македонија.
Селото е најпознато по најголемата приватна библиотека во Македонија, приватната библиотека „Ал-Би“ сопственост на Стево Степановски, која брои над 20.000 книги, поради која го посетуваат многубројни туристи.
Според класификацијата на Министерството за локална самоуправа, Бабино спаѓа во категоријата ридско-планински села.
Географија и местоположба
Бабино се наоѓа во средишниот дел на поранешна Општина Сопотница, 18,5 километри северозападно од Демир Хисар, а се наоѓа на двете страни на Бабинска Река, притока во изворишното сливно подрачје на Црна Река, на источниот дел од Плакенска Планина. Лежи на 2 километри од патот Кичево - Демир Хисар. Оддалечено е 45 км од Битола, а 35 км од Кичево, со кои е поврзано со асфалтен пат. Се работи за ридско село кое се наоѓа на надморска височина од 750 метри. Климата е умерена. Атарот на селото е 9,9 квадратни километри.
Селото се наоѓа меѓу трите рида Павлов Рид (911), Три Синори (1.111) и Курати (1.017).
Во атарот на Бабино има многу извори. По текот на Базерничка Река, на речиси секои 100 метра има по еден извор почнувајќи од Горни ливади, па сè до вливот во Црна Река. Водата од изворите ја надополнува реката, а ја користи и рибникот.
Селото се дели на три маала: Горна, Долна и Средна.Намичев, Петар. Руралната архитектура во Југозападна Македонија од ХІХ-от и почетокот на XX век, Скопје 2005, с.23, бел. 23. / Vernacular architecture in the Soutwest Macedonia from the 19th and early 20th century, Skopje 2005, p. 23.
Во селото има автобуска станица.
Околни села се: Мало Илино и Базерник од југозапад и запад, Доленци и Железнец од север и североисток, Жван од југоисток, и Слоештица од југ.
Историја
Судејќи по археолошкото наоѓалиште Вртешка, селото е населено барем од доцната антика.
Селото се споменува во османлиските пописни дефтери од 1467/68 со 27 семејства и 2 неженети, или вкупно 137 жители. Населението плаќало данок во износ од 2005 акчиња за пченица, јачмен, улишта, данок за свињи, за воденици, за лозја, за бостан, за свадбарина и испенџе (данок кој го плаќале само христијанитеи) и тоа 725 сребрени турски пари. Селото било тимар на Омер, син на Илјас и претставувал берат од пашата.
Во пописниот дефтер од 1568 година селото имало 140 жители.Во Опширниот пописен дефтер број 993 и 988 од 1468 г. (Пописот опфатен од лист 1-10 на Дефт. бр. 993 и од лист 11 -97 на дефт. број 988). М. Соколовски, Турски документи за историјата на македонскиот народ, Скопје, 1971, стр.
Во отоманските записи од 1611-1612 година селото е запишано како Бабине со 47 даночно обрврзани домаќинства.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 181.
Во 1683 година жителите на Бабино заедно со тие на Кочиште, Зашле, Брезово и Доленци одбиле да го платат данокот нузул и го убиваат неговиот собирач.История на България в четиринадесет тома, том IV - Българският народ под Османско владичество /от XV до началото на XVIII в./, Издателство на БАН, София 1983, с. 168.
Во XIX век Бабино е целосно христијанско село во Битолската Каза, нахија Демир Хисар на Отоманското Царство. Бугарската егзархија била активна во селото и во селото функционирало училиште на бугарски јазик.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
Во 1882 година, во старинската куќа на прадедото на Стево Степановски биле донесени првите книги во Бабино. Тој бил турски војник кому, поради недостиг на пари од државната каса, Турците наместо со алтани, му плаќале со книги. Тој почнал и од своите соборци да откупува книги и направил фонд за библиотека.
Селото било активен центар на Илинденското востание. Вечерта на 1 август 1903 г., во бабинските ливади на месноста „Рамни Ливади” се развеало македонското знаме кое било наполно црвено, со натпис „Слобода или смрт“. Во бабинските ливади четите положиле заклетва „Смрт или слобода” и тргнале за напад на село Прибилци. Населението било благовремено известено да бега во гората. На чело со востаничките чети биле: Јордан Пиперката и Никола Дечев - војводи, а на селската чета бил војводата Степан Степановски. Селото било дел од Крушевската република, која траела само 13 дена. Загушувањето на востанието било со помош на турски аскер од Азија. Во последните слободни денови на селото, една група на чети се окопала под село Бабино на местото „Кула“ од каде отворила оган на турскиот аскер. Турскиот аскер почнал да ги гони четите и навлегол во селата и во Илинска Планина. Кај Илинска црква дошло до судрување со турскиот аскер и таму загинале 7 четници, сите од село Вирово.
Во 1912 година, при избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година три жители од Бабино станале доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр.827.
Вкупно 7 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна. Од Бабино потекнуваат 162 учители, кои по Втората светска војна ја ширеле писменоста низ цела Македонија.
Легенди
Жителите веруваат во преданието за старицата од Бабино, која набркана од своите снаи, со години живеела сама длабоко во шумите на Илинска Планина. Протераната старица гневна на судбината го проколнала сиот женски род од својот крај на стари години да живее самотнички живот исто како неа. Оттука и верувањето како селото го добило името Бабино.
Според друга легенда, кога Старите Римјани за првпат ја освоиле оваа територија, започнале со праксата на истребување на машкото население, со цел полесна асимилација и колонизација. Речиси сите жени од селото со малите дечиња побегнале во планините и таму живееле десетици години. Кога се вратиле да го обноват селото, сите веќе биле баби.
Се верува дека на Павлов Рид, поминал и престојувал Апостол Павле, кој ширејќи го христијанството, најпрвин поминал низ Македонија. Тука покрстил неколку жители.
Врвот Курати, пак своето име наводно го добил поради „надарените“ мажи во Бабино.
Се верува дека од ова село потекнува девојката опеана во револуционерната песна „Ја излези Ѓурго да ги видиш комитите“.
Куриозитет претставува тоа што мештаните и во стари години имаат бујни коси. Се верува дека поседуваат таинствен лек против опаѓање на косата.
Стопанство
Во селото најзастапено е полјоделството и шумарството. Обработливото земјиште зафаќа 236,2 хектари, пасиштата зафаќаат 161,5 хектари, додека 477,4 хектари се шуми. Постојат тековни иницијативи за развој на туризмот. Во минатото од страна на туристичкиот промотор Насер Хот, било предложено на ридот Курати да се изгради парк на народите од светот - типски дрвени куќи, репрезенти на традиционалните национални куќи на народите. Но, оваа иницијатива била напуштена.
Според некои показатели, Бабино годишно го посетуваат околу 25.000 туристи. Некои од нив се привлечени од природните убавини на селото, а голем дел доаѓаат и поради познатата библиотека. Меѓу нив се и писатели, академици, учесници на Струшките вечери на поезијата, учесници на Семинарот за македонски јазик и култура, студенти на сирискиот универзитет, марокански теолози, амбасадори, биографот на Винстон Черчил, итн.
Население
Според статистиката на бугарскиот научник Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Бабино има 430 жители, сите Македонци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бабино се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 81 куќа.
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Бабино имало 480 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 172-173.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.
Во 1961 години бројот на жители изнесувал 451. Во 1994 година, бројот на жители се намалил на 70 жители - сите Македонци. Според пописот од 2002 година, населението на Бабино повторно се намалило и тоа брои 34 жители, од кои 33 Македонци и еден Србин. Ваквото драстично намалување на населението е одлика на многу села од Општина Демир Хисар.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 21 жител, сите Македонци.
Родови
Бабино е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:
Староседелски: Углешовци (5 к.), Токмаковци (2 к.), Радевци (4 к.), Карадаковци (2 к.), Ѓурковци (4 к.), Деспотовци (14 к.), Спасеновци (5 к.), Таневци (6 к.), Јанчевци (3 к.), Грашиновци (6 к.) и Поповци (24 к.). Доселеници со непознато потекло: Стрезовци (3 к.). Доселеници со познато потекло: Филиповци (9 к.) и Пармаковци (2 к.) доселени се од селото Карбуница во Кичевско; Кочовци (1 к.) и Поповци (7 к.) доселени се од селото Лешани во Дебрца.
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Доленци, во која покрај селото Бабино, се наоѓале и селата Базерник, Брезово, Големо Илино, Доленци, Железнец, Мало Илино и Средорек. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Доленци, во која влегувале селата Брезово, Бабино, Базерник и Доленци.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 641 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Поглед на главната селска црква „Св. Никола“ сместена надвор од селото, заедно со селските гробишта мини|300п|десно|Поглед на Бабинска Река
Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Бојано Лозје — некропола од раноантичкото време; Вртешка — населба и топилница од доцноантичкото време; се наоѓа западно од селото, на широко плато меѓу месностите Лозје, Нива и Сун, во нива на месен жител, каде се среќаваат остатоци од топена железна руда. По површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови. Дуковска Крастица — топилница од доцноантичкото време; Црно Село — населба и некропола од средниот век.
Цркви Црква „Св. Никола“ — главна селска црква.
Пештери Змејова Дупка — на влезот од пештерата има два сталактити со човечки раст за кои се верува дека се змејот и неговата убава жена скаменети.
Реки Бабинска Река
Редовни настани
Бабински средби, се одржуваат секоја година на празникот Духовден. Средбите започнале во 2001 година, на иницијатива на професорот Миле Матески Силјановски.
Личности
Кузман Попдимитров — деец на ВМРО Јаким Василев — деец на ВМРО Никола Илиев Крстев — македонски револуционер од ВМОРО. Софроније Димовски — македонски револуционер од ВМОРО. Сиљан Иванов Дуковски — македонски револуционер од ВМОРО. Трајче Неделков Божиновски — македонски револуционер од ВМОРО. Ванчо Милев Милевски — македонски револуционер од ВМОРО. Трајан Божинов Неделковски — македонски револуционер од ВМОРО. Никола Стојков Спасеновски — македонски револуционер од ВМОРО. Спиро Јованов Стојчевски — македонски револуционер од ВМОРО. Нове Марков Стојчевски — македонски револуционер од ВМОРО. Ристе Стојчевски — македонски револуционер од ВМОРО. Блаже Радев Радевски — македонски револуционер од ВМОРО. Благоја Кочовски — писател Добре Тодоровски — писател Благица Дафовска — писателка Стево Степановски — познат македонски библиотекар