Град — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Поглед на дел од селото
Селото се наоѓа во областа Пијанец, во источниот дел на територијата на Општина Делчево, чиј атар се издига на западната падина на планината Влаина, каде што се допира со државната гранична линија со Бугарија. Селото е рамничарско, на надморска височина од 700 метри. Од градот Делчево, селото е оддалечено 9,5 километри.
Атарот е голем и зафаќа простор од 27 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.142,2 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 1041,1 хектар, а на пасиштата 356,3 хектари.
Историја
Во век, Град било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.
Само 9 жители на ова село се заведени како жртви во Втората светска војна.
Стопанство
мини|300п|десно|Рудник кај селото
Селото, во основа, има мешовита функција.
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Град имало 590 жители, од кои 560 муслимани и 30 православни.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Град имало 40 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Град имало 664 жители Македонци, од кои 563 муслимани и 101 православен.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 839.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци и 450 Турци.
Селото е големо, но со намалување на бројот на населението. Во 1961 година селото броело 899 жители, од кои 850 биле Македонци, а 49 Турци, додека во 1994 година бројот се намалил на 696 жители, од кои 679 биле Македонци, а 14 жители Турци.
Според пописот од 2002 година, во селото Град живееле 534 жители, од кои 518 Македонци, 15 Турци и 1 Србин.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 355 жители, од кои 295 Македонци, 1 Албанец, 9 Турци, 5 останати и 45 лица без податоци.
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:
Од селото се иселил значителен број на население, а најголемите драстични демографски разлики се случиле во 1950-тите години, кога најголем дел од муслиманското население го напушта селото и се иселува во Турција.
Општествени установи
мини|300п|десно|Основното училиште во селото
Основно училиште „Св. Климент Охридски“ до IX одделение, подрачно училиште на ОУ „Св. Климент Охридски“ - Делчево.
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Делчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Делчево.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Град, во која влегувале селата Град и Стамер.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Делчевска градска општина, во која покрај селото Град се наоѓале градот Делчево и селата Бигла, Ветрен, Габрово, Ѕвегор, Очипала, Полето, Стамер, Турија, Чифлик и Шопје.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на општината Делчево.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0585 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 471 гласач.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 463 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Тврдината „Градиште“ над селото
Археолошки наоѓалишта Градиште — тврдина над селото
Цркви Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква Црква „Св. Архангел Михаил“ — нова селска црква.
Пештери Коњска Дупка — најисточна пештера во Македонија
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Делчевски села Категорија:Села во Општина Делчево