Групчин — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, во селото имало 968 жители.
Географија и местоположба Групчин се наоѓа во Долни Полог. Селото лежи на горното течение на реката Суводолица. Селото е во близина на автопатот Тетово-Скопје, и во близина се селата Копачин Дол и Чифлик.
Историја Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 330 муслимани (Албанци).Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212. Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од истоимената општина и имало 40 куќи со 259 жители Албанци.Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
Археолошки наоѓалишта Грамада — пештерно светилиште од доцноантичко време; Мала Пештера — пештерно светилиште од доцноантичко време;
Население
По Балканските војни е забележано со 276 жители.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Албанци.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 968 жители, од кои 966 Албанци и 2 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 930 жители, од кои 871 Албанец и 59 лица без податоци.
Родови Групчин е албанско село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
Скуре (20 к.) доселени се од некое место во областа Матија во Албанија. Го знаат следното родословие: Челепи (жив на 55 г. во 1940-тите) Џемаил-Муртезен-Мерсел, кој се доселил во селото. Мајск (10 к.) и они се доселени заедно со родот Скуре од областа Матија во Албанија. Авдиле (20 к.) потекнуваат од предокот Авдил, кој се доселил од некое место во Албанија. Боче (9 к.) доселени се исто така од некое место во Албанија.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2092 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 980 гласачи.
Иселеништво Од старото православно население кое живеело во селото, а се иселило се знае само за родовите Терзиовци, Гинделовци и Шамаловци кои се иселиле во Македонски Брод во Порече.
Поврзано Полог Општина Желино Тетово
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Групчин на Карти на Гугл
Категорија:Села во Македонија Категорија:Тетовски села Категорија:Села во Општина Желино