Долна Лешница — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба Селото е дел од регионот Долни Полог. Долна Лешница се наоѓа на западните падини на Сува Гора. Во близина на селото се наоѓаат Горна Лешница, Добарце и Ларце.

Историја Во XIX век селото било дел од Тетовската Каза на Отоманското Царство.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долна Лешница живееле 225 жители, од кои 145 Албанци, 55 Македонци и 25 Роми.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Долна Лешница имало 96 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 122-123.

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, селото е дел од Желинска општина и имало 17 куќи и 144 жители, Македонци и Албанци.Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци и 100 Албанци.

Според попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 625 жители, од кои 615 Албанци и 10 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 430 жители, од кои 415 Албанци и 15 лица без податоци.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.

ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациВкупно1948—————————2801953171150———2...1—32419612121838......—...2—4051971132270——...3...4—4091981—541————...5—5461991—6————...——61994—582————...——5822002—615—————10—6252021—415—————15—430

Родови Според истражувањата од 1947 година, родови во селото:

Македонски

Дамјановци (4 к.) потекнуваат од основачот на родот Дамјан кој се доселил од Прилепско. Го знаат следното родословие: Сатир (жив на 76 г. во 1947 година) Ристе-Наум-Трипун-Дамјан, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Бугарија (едно семејство). Кузмановци (5 к.) доселени се од Порече (од Сушица или Брезница). Го знаат следното родословие: Тоде (жив на 67 г. во 1947 година) Павле-Стојан-Кузман, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Тетово (Мисо Стојановски) и (Смиљаноски), Брвеница (Тасески), Јегуновце (Пепелкои) и во Туденце (Гале). Аврамовци или Грци (6 к.) доселени се од некое место во Егејска Македонија. Имаат иселеници во Тетово (четири семејства). Призренци (4 к.) потекнуваат од селото Драјчиќи во Средска, Косово. Од таму се иселиле во Тетово, па во 1913 година се населиле во селото Долна Лешница. Нивното потекло е српско, но измешани се со македонското население во селото. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Сиричино.

Албански

Чурнак (13 к.) први муслимански доселеници. Доселени се од северна Албанија. Го знаат следното родословие: Осман (жив на 65 г. во 1947 година) Мерсел-Џелил-Исен, основачот на родот. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство). Драве (6 к.) доселени се од селото Желино. Подалечно потекло од северна Албанија. Габер (1 к.) доселени се од Љума во северна Албанија. Имаат иселеници во Тетово (таму изумреле) и во Порој.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2112 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 633 гласачи.

Општествени установи Селската џамија била изградена на почетокот на XX век и тоа првобитно веднаш до тогаш разрушената црква „Св. Никола“. Кога во 1925 година, македонското население повторно ги откопало темелите на разрушената црква и на истото место ја обновиле, Албанците веднаш ја срушиле џамијата и изградиле нова, но овој пат во нивното маало. Цркви

Црква „Св. Никола“ — главната селска црква, реновирана во 2012.2012.9 мај Оштетена црквата во Тетовска Долна Лешница. Непознат сторител со тврд предмет континуирано ги оштетувал фреските од црквата „Свети Никола“ на почетокот на септември. На црквата се скршени три прозорци и во моментов се наоѓа во реконструкција. plusinfo.mk

Поврзано Полог Општина Желино Тетово

Наводи

Надворешни врски Сателитска снимка на Долна Лешница на Карти на Гугл

Категорија:Села во Македонија Категорија:Тетовски села Категорија:Села во Општина Желино