Озормиште — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во Долни Полог, на бреговите на реката Вардар. Селото е во непосредна близина на селото Палатица.
Историја Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 84 христијани (Македонци) и 30 муслимани (Албанци).Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212. Според податоците на бугарскиот публицист Димитар Мишев, селото во 1905 година имало 64 жители христијани (Македонци).Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 122-123.
Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Шемшово и имало 9 куќи со 90 жители Македонци.Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 50 Македонци, 50 Албанци и 50 Турци.
Стопанство Селото е рамничарско и главна стопанска гранка е земјоделството.
Население
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.219 жители, од кои 1.208 Албанци и 11 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 818 жители, од кои 2 Македонци, 806 Албанци и 10 лица без податоци.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2089 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 612 гласачи.
Поврзано Полог Општина Желино Тетово
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Озормиште на Карти на Гугл
Категорија:Села во Македонија Категорија:Тетовски села Категорија:Села во Општина Желино