Рудник — село во Општина Велес, во околината на градот Велес.

Географија и местоположба

Историја Масакр кај Пуста Кула — злосторнички чин на бугарската војска на 14 септември 1942 година.

Стопанство

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Рудник живееле 360 жители, од кои 3640 Македонци и 20 Турци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 156. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рудник имало 408 Македонци, од кои 280 патријаршисти и 128 под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 118-119.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото имало 42 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, од кои 6 Македонци, 1 Србин и 2 лица без податоци.

Родови Рудник е македонско село.

Според истражувањата од 1929 година, родови во селото се:

Староседелци: Станковци кои се делат на Мерџовци (1 к.), Ѓуровци (2 к.), Бурчевци (4 к.), Грковци (9 к.) и Павлевци (2 к.), потоа, Чакаревци (2 к.), Шарковци (5 к.), Гоговци (2 к.), Бошковци (4 к.), Мишевци (1 к.), Бучуковци (1 к.) и Мечови (1к) Доселеници: Анчевци (3 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Каласлари; Басаровци (4 к.) доселени се од селото Сопот; Шумантевци (2 к.) доселени се од селото Иванковци; Шабановци (6 к.) доселени се од Крушје; Кушевци или Србиновци (1 к.) доселени се од Иванковци; Петковци (1 к.) доселени се од некое село во Овче Поле; Домазетовци (1 к.) доселени се од селото Лугунци; Дамчевци (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол во 1918 година од селото Злести во Дебрца. Овде влегол во родот Шабановци.

Општествени установи Црква „Св. Никола“

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2190 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект сопственост на здравковиќ росанда. Во ова избирачко место е опфатено и селото Ветерско и Лугунци.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 31 гласач.

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Гумења — населба од римско време Каменица — населба и топилница од доцноантичко време

Редовни настани

Личности Родени во Рудник Панче Бурчевски (? - 14 септември 1942) - македонски борец Перо Грковски (? - 14 септември 1942) - македонски борец Андреја Басаровски (? - 14 септември 1942) - македонски борец Атанас Димовски (? - 14 септември 1942) - македонски борец Душан Димитриевски (? - 14 септември 1942) - македонски борец Јован Басаровски (15 август 1922 — 21 март 1943 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Починати во Рудник Камка Тоцинова од Велес (? - 14 септември 1942) - македонски борец Амед Лојков од с. Иванковци (? - 14 септември 1942) - македонски борец

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Велешки села Категорија:Села во Општина Велес