Крушево — село во Општина Виница.

Географија и местоположба Крушево — село во општина Виница. Од градот Виница, селото е оддалечено 12км, источно.

Историја Денешното село потекнува од почетокот на XIX век. Тука се населил човек по име Учкун, тој имал тројца синови.

Стопанство

Население

Во 2002 година во селото имало 131 жител.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 53 жители, од кои 43 Македонци и 10 лица без податоци.

Родови Крушево е македонско село.

Според истражувањата од 1959 година, родови во селото се:

Антовци, Велиновци, Горномалци и Спасевци. Сите заедно имаат (40 к.) Тука се доселил некој човек кој го викале Учкун. Тој се доселил во почетокот од XIX век од селото Криволак во Тиквеш. Од таму избегале тројца браќа. Првиот во Крушево, вториот во Трсино, а третиот во Драгобраште.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 323 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 100 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта Дефово Градиште — градиште од доцноантичкото време. Се наоѓа на 1 км источно од селото, на височинка што се издига на десниот брег на реката Железничка. На зарамнетото плато, кое има димензии од 150 × 50 м, се гледа големо количество на расфрлен градежен материјал (камен, покривни ќерамиди, тули), како и фрагменти од керамички садови. Бедемот што го опкружувал градиштето е зачуван на повеќе места во темелите.

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво Од Крушево се иселиле неколку семејства во Виница, Зрновци и Скопје.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Винички села Категорија:Села во Општина Виница