Дељадровци — село во Општина Илинден, во околината на градот Скопје и седиште на Дељадровско-илинденска епархија на МПЦ - ОА.

Географија и местоположба

Историја Во век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската Каза во Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Делихферли и било христијанско, каде имало 34 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 126 мажи христијани, со 18 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 288 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 532 жители, од кои 520 Македонци и 12 Срби.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 535 жители, од кои 499 Македонци, 2 Албанци, 17 Срби, 7 останати и 10 лица без податоци.

Родови

Дељадровци е мешано православно село.

Според истражувањата од 1953 година, родови во селото се. Со доселеници од разни страни.

Доселеници од разни места во Македонија: Јовчевци (5 к.) најстар селски род. Доселени се пред околу 180 до 190 години од селото Стањевци во Овче Поле; Марковци (2 к.), Сташовци (5 к.) и Мартиновци (3 к.) доселени се од некое сега албанско село во Кумановска Црна Гора. Во родот Марковци го знаат следното родословие: Величко (жив на 80 г. во 1953 година) Коле-Марко, основачот на родот кој се доселил; Мицевци (2 к.) и Витановци (1 к.) доселени се од селото Сарамзалино во Овче Поле; Колевци (1 к.) доселени се од селото Ранковце во Кривопаланечко; Јачменовци или Трајановци (1 к.) доселени се од селото Бајловце; Денковци (1 к.) и Милевци (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Кокино; Кочка (1 к.) доселени се од селото Герман; Кирјановци (1 к.) доселени се од селото Радибуш во Кривопаланечко; Стојчевци (1 к.) доселени се од селото Милутинце во Кривопаланечко; Димитријевци (1 к.) доселени се од селото Трново во Кривопаланечко; Крстевци (1 к.) доселени се од селото Нерав во Кривопаланечко. Доселеници од Србија: Стојчевци (1 к.) доселени се од селото Шумата Трница во Горна Пчиња; Шкембаровци (2 к.) доселени се од селото Трнава кај Прешево. Денес тоа село е албанско, овде живеат од турско време; Милојковци (1 к.) доселени се во 1935 година од Књажевац; Милојевци (1 к.) доселени се од околината на Крушевац. Доселеници од разни страни: Бачевци (2 к.) доселени се во турско време од некое место во Грција; Мишевци (7 к.) ги викаат и Албанци. Доселени се однекаде од Албанија. Имаат роднини во селото Орах.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости Манастири Дељадровски манастир

Цркви „Св. Ѓорѓи“ — главната манастирска црква на Дељадровскиот манастир; „Рождество на Пресвета Богородица“ — црква во Дељадровскиот манастир; „Св. Архангели Михаил и Гаврил“ — црква во Дељадровскиот манастир; „Св. Петка и Св. Недела“ — црква во Дељадровскиот манастир; „Св. Злата Мегленска“ — црква во Дељадровскиот манастир;

Редовни настани

Личности

Култура и спорт ФК Дељадровци

Иселеништво Наводи

Надворешни врски

Категорија:Дељадровци