Бунарџик — село во Општина Илинден, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба Бунарџик се наоѓа на левата страна од автопатот Е - 75 - Скопје - Куманово, 10 км источно од главниот град Скопје. географска локација: Илинден, Скопје, Македонија, Европа Географски координати: 41 ° 59 '36 "North, 21 ° 37' 1" Исток

Местото има соодветна раскрсница на автопатот со врска во двете насоки. Автопатот е паралелен на железничката пруга Скопје - Куманово. Во местото Миладиновци на 500 м од локацијата има железничка станица. Аеродромот Петровец е сместен на 3 км оддалеченост од локацијата. мини|Бунарџик, поглед од црквата Свети Спас

Историја Во век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската Каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било забележано како Емир Ханли со христијанско население, каде имало 13 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 42 мажи христијани, со 2 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 98 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 400 жители.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бунарџик живееле 75 жители, сите Македонци.Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.207 Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бунарџик имало 85 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.

После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како центар на истоимената општина и има 124 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци.

Стопанство Technological Industrial Development Zone "Bunardzik"-Технолошка индустриска развојна зона "Бунарџик"

Население

мини|десно|Семејство од Бунарџик, 1913 година.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 352 жители, од кои 349 Македонци, 2 Срби и 1 останат.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 411 жители, од кои 351 Македонец, 10 Срби, 8 останати и 42 лица без податоци.

Родови

Бунарџик e македонско село.

Според истражувањата од 1961 година, родови во Бунарџик се:

Доселеници: Златановци (11 к.) доселени се од селото Дивле, таму биле староседелци. Го знаат следното родословие: Цветан (жив на 90 г. во 1961 година) Ристо-Златан, основачот на родот кој се доселил; Чадлевци (5 к.) доселени се однекаде; Коњарци или Филиповци (5 к.) доселени се од селото Горно Коњари; Качаровци (5 к.) и Роглевци (3 к.) доселени се од селото Инџиково; Петковци (4 к.), Анѓелковци (2 к.), Пешевци (4 к.) и Ивковци (5 к.) доселени се од селото Ајватовци, подалечно потекло непознато; Бојан (1 к.), Тодор (1 к.), Младен (1 к.) и Стојан (1 к.) доселени се во 1953 година од селото Црноштица кај Босилеград (Србија). Останатите родови во селото живеат од турско време.

Општествени установи Црквата Свети Спас во Бунарџик, ја опкружува убава природа. мини|Црквата Свети Спас во Бунарџик, ја опкружува убава природа. мини|Црквата Свети Спас во Бунарџик, ја опкружува убава природа.

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Роберт Петковски, Македонски Бранител, припадник на БСН Волци, еден од загинатите во масакрот кај Вејце во 2001 година

Култура и спорт ФК Бунарџик. Во овој клуб својата кариера ја има почнато Горан Христовски, поранешен младински репрезентативец на Македонија.

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски