Црквино — село во Општина Велес, во околината на градот Велес.
Географија и местоположба Црквино се наоѓа во југозападниот дел на територијата на Општина Велес, од десната страна на реката Бабуна. Селото е ридско, на надморска височина од 340 метри. Од градот Велес населбата е оддалечена 9 километри. Атарот зафаќа простор од 19,6 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1232 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 371 ха, а на шумите 121 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.
Историја Во минатото селото Црквино било село со мешан етнички и верски состав на населението. Во него живееле православни христијани Македонци и муслимани Турци, при што Македонците биле во поголем број и претставувале мнозинство, а Турците имале поголеми имоти и поседи.
Во текот на 50-тите години на XX век со договорот за иселување на муслиманско население од Југославија во Турција, на местото на иселените Турци од Црквино започнале да се доселуваат Бошњаци од областа Санџак во Србија и Црна Гора, кои исто така биле на пат за иселување во Турција, кое во тоа време единствено било возможно само преку Македонија. Во периодот помеѓу 1953-1957 многу Бошњаци се доселиле на имотите на Турците кои ги продавале за многу евтини и багателни цениhttp://www.almanah.co.me/Ostale/PDF/casopis/Almanah%2021-22%20-%20PDF.pdf.
Предание за Марковата Црква
Во преданието „Маркова Црква“ станува збор за месност каде што претходно се наогала Марковата црква во селото. Според преданието, црквата ja подигнал Марко Крале пред доаѓањето на Турците во Македонија, веpojaтно врз темели на постара црква од времето на богомилското движење. Црквата била една од нивните центри од кај што тие ги проповедале своите идеи. Турците, сакајќи да го задушат христијанството, ja урнале црквата. Понатаму преданието вели дека некој Турчин сакал да земе од урнатата црква една греда. Ja товарил гредата на колата, си тргнал за дома, но „на едно сто-двесте метра одма се скамениле и колата и воловите, а и Турчинот умрел". Скаменувањето во ова предание доаѓа како резултат на извршениот престап на Турците кои ja урнале црквата.
Потекло и значење на името Името на селото Црквино доаѓа од „староземанската црква“ (средновековната црква Свети Ѓорѓи) во горното маало, која е опкружена со муслимански куќи.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Црквино живееле 410 жители, од кои 350 Македонци и 60 Турци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 158. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Црквино имало 128 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 118-119.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 363 жители, од кои 2 Македонци, 25 Албанци и 336 Бошњаци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 353 жители, од кои 12 Македонци, 11 Албанци, 3 Турци, 292 Бошњаци, 3 останати и 32 лица без податоци.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.
ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациВкупно1948—————————3771953130—275—32————4371961891341......10...20—4611971415772—...8...238—4161981487————...380—4711991814————...390—412199457————...329—3412002225————336——363202112113———292332353
Најголем дел од населението кое се определило како останати, всушност претставуваат Бошњаци, бидејќи во периодот 1961 - 1994 не постоело можност за декларирање на бошњачки народ.
Родови Црквино е мешано македонско-албанско-бошњачко село, со големи промени на населението кои се засведочени од записи според истражувањата од 1914 и 1966-67 година, каде се забележани следните родови во селото:
Македонски: Чавдаровци, Никовци Ќосевци (слават Св. Никола), Недевци (или Неделци), Кушарци (слават Свети Ѓорѓи) Мурговци (слават Света Петка), Даш(с)ковци (слават Св. Недела), Манасиевци, Мицевци (слават Свети Димитрија) ова се стари родови, односно староседелци; Јаневци дошле во 1840 г. од чифлик од Горно Караслари, Богоевци (2 к.) и Костовци доселени се од селото Крајница; Коневци (2 к.) доселени се од селото Никодин, Тиквешко/Прилепско. Бошњачки: Шаботиќи, Прпузовиќи, Адиловиќи, Ајдарпашиќи, Зверотиќи, Калачи, Јаворовци, Плаовци, Турковиќи, Адровиќи, и уште некои други. Сите заедно имаат 58 домаќинства. Доселени се од околината на Иванград (20 к.), околината на Нови Пазар (10 к.), Тутин (10 к.), Рожаје (10 к.) и Сјеница (8 к.). Албански: Албанците се најнови доселеници во Црквино, тие дошле од селата Седларево, Корито и Дуф во Полог. Како и од околината на Призрен во Косово. Турски: Козевци-Емушовци и Мечовци биле старинечки родови кои се потурчиле од јуручките. Доселени турски родови биле: Ферат-Асанлар, Адилар, Аџилар, Билманлар, Садиклар, Топалали, Дураклар, Мемед-Алилар, Алимлар, Реџеплер, Таирлар дошле од „Јуруклук, од преку Вардар“ во средината на XVIII век, по потекло Јуруци.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2194 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 415 гласачи.
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Белушка — населба од римско време Венуле — населба од римско време Габер — населба од римско време Селска Црква — некропола од доцноантичко време
Цркви „Свети Ѓорѓи“ - изградена во 1819 година, моментално во крајно лоша состојба.
Иселеништво Од селото се имаат целосно иселено Турците. Тие после 1912 година почнале постепено да се иселуваат во Турција, турските родови биле следните: Адиловци, Алијовци, Казовци, Дураковци, Оџовци, Елезовци, Гкчевци, Шабановци и др. Во селото постоело и влашко население, кое исто така се иселило, заминале во Овче Поле и Велес. Од Македонците во постаро време се иселувало населението во Велес, потоа иселеници има и во некои околни и подалечни села, како Ораовец (Јаневци), Грнчиште (Десковци), Бусилци (Сиркаровци).
Наводи
Надворешни врски Црквино на Google maps
Категорија:Села во Македонија Категорија:Велешки села Категорија:Села во Општина Велес